- Член од
- 30 јануари 2005
- Мислења
- 7.397
- Поени од реакции
- 1.308
Си се исфилозофирал Мац... ама ми се чини у празно. Прашањето мислам дека сака да каже, како да направиме навистина да почнеме нов живот кога нас ни е мерак. На пример... умира жена ми во цутот на љубовта и ме остава сам со ќерка ми, како да се натерам себе си да побегнам од тамошната реалност, да се преселам на друго место, и повеќе да не мислам на неа?!Не ја гледам целта тука.
Ова слично на филмот со Кери, кога сакаше да си го избрише сеќавањето?
Бидејќи која логика треба да се имплементира тука за да ја сфатам целта на тоа?
Всушност, нели лошите спомени ни помагаат да учиме од нив, а добрите ни посочуваат на какви да тежнееме во иднина.
Настрана прашањето кое повеќе влегува во домен на чиста математика, бидејќи ти ако сакаш присилно да заборавиш нешто, треба да знаеш (памтиш) што треба да памтиш,а што да заборавиш.
А со самото тоа што треба да памтиш што да заборавиш...ете, ти го памтиш тоа.
На крај,дури и да си направиш присилна амнезија (сам себе убијал), како што беше кажано погоре, кој ти гарантира дека лошите спомени пак нема да те стигнат?
Голема е веројатноста дека ќе си ги рекреираш сам, бидејќи без тоа сеќавање, ти ќе бидеш истиот оној човек пред да му се случат тие...односно под тотално исти услови и прилики, па со чиста логика доаѓа дека пак ќе го направиш истото.
Баш ме интересира што човек би постигнал со тоа, вака размислено подлабоко малце, не само одговор како "бегање од лошите спомени/итн".
Не дека тоа што си го напишал не е точно, но е само филозофија.
И мислам дека не е можно, токму болката која ќе се трудиме да ја заборавиме, таа насилно ќе си седи тука со нас... онака за инает. Не знам како е кај другите луѓе, но мојата потсвест работи страшно опирачки на моите желби. Секој труд да сторам нешто од тој тип ме става во страшно инфериорна позиција, па морам да водам војна со себе која секако не можам да ја добијам