Дали човек може да побегне од сопственото минато?

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Дали човек може да побегне и да го избрише сопственото минато?

Без разлика на спомените добри или лоши, дали човек може да направи присилна амнезија, да избрише се и да почне од некој нов почеток каде нема да се сеќава и ќе заборави на она што го правел порано и да биде друг човек?

Дали може да се побегне од минатото или тоа е нешто што вечно ќе го прогонува човекот?
 

POWER-MKD

Per aspera ad astra
Член од
1 март 2008
Мислења
4.763
Поени од реакции
645
Дали човек може да побегне и да го избрише сопственото минато?

Без разлика на спомените добри или лоши, дали човек може да направи присилна амнезија, да избрише се и да почне од некој нов почеток каде нема да се сеќава и ќе заборави на она што го правел порано и да биде друг човек?

Дали може да се побегне од минатото или тоа е нешто што вечно ќе го прогонува човекот?
Може да побегне само на филм. Инаку сеќавањата остануваат кај човекот цел живот.
 
Член од
26 април 2006
Мислења
13.024
Поени од реакции
1.940
После сериозна несреќа и повреда може. Иначе не
 

Гладиус

notusually
Член од
14 август 2008
Мислења
5.508
Поени од реакции
1.728
Понекогаш за среќа, а понекогаш и за жал, не може. Колку и да сакаме да заборавиме некои работи, сепак минатото треба да биде тука со нас и да не’ потсетува на она што било. Едноставно, за да не ги повторуваме истите грешки кои ни нанеле повреди кои сакаме да ги заборавиме. Сепак, колку позитивно толку и негативно минатото може да влијае на нас. Како и да е, она што поминало останува зад нас. Колку и да боли, тоа е дел од нас, и како таков треба никогаш да не го заборавиме.
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
Не може, дури и да не се сеќаваме свесно на нашето минато тоа е дел од нас.
Може од се да побегни човек само од себеси не може.
 

rossonerka

too good to be true
Член од
8 октомври 2007
Мислења
6.081
Поени од реакции
889
Оваа е слична на темата за вртење нов лист и заборавање на минатото. Ама тетратката е иста.

Не може да се избега и да се заборави минатото. Тоа е нашиот живот. Колку и да е лошо, секогаш има и добри и светли моменти кои ќе се помнат, секако заедно со лошите. Може само да се залажуваме дека сме го заборавиле и дека сега имаме нов живот. Нов живот добиваме само еднаш, кога ќе се родиме. Понатаму може да добиеме нова шанса, подобра иднина, да се трудиме да го заборавиме минатото и слично. Ама да го заборавиме комплетно не.

И кажа некои работи од минатото кои можат да не прогонуваат цел живот. Тоа нема да го заборавиме, но можеме да се соочиме со тоа и да ги увидиме не само негативностите но и позитивните работи од она кое сакаме да го заборавиме. Сигурно не е најстрашната работа на светот, сме научиле нешто и од неа, сме добиле можеби поука и треба да живееме цел живот со неа без притоа да не прогонува.
 

^^Smiley^^

Broo Tal Smy Lee
Член од
25 јануари 2007
Мислења
1.045
Поени од реакции
25
НЕМОЖЕ! може само да заборави на некои работи ама да избега целосно не. Кога и да е ќе се потсети на минатото. Работата е во тоа што колку луѓето знаат да преболат и простат и да не се секираат премногу кога се работи за минати ствари.
 
Член од
2 април 2009
Мислења
213
Поени од реакции
18
Tesko , i da begas , toa samoto te stiga .
 
Член од
31 јануари 2009
Мислења
258
Поени од реакции
12
ne postoi minato koj ve lazel ... ncncn =) sve e toa iluzija =D postoi samo idnina i pominato "sega" ;)
 
Член од
2 април 2006
Мислења
14.363
Поени од реакции
3.069
Дали човек може да побегне и да го избрише сопственото минато?

Без разлика на спомените добри или лоши, дали човек може да направи присилна амнезија, да избрише се и да почне од некој нов почеток каде нема да се сеќава и ќе заборави на она што го правел порано и да биде друг човек?

Дали може да се побегне од минатото или тоа е нешто што вечно ќе го прогонува човекот?
Не ја гледам целта тука.

Ова слично на филмот со Кери, кога сакаше да си го избрише сеќавањето?

Бидејќи која логика треба да се имплементира тука за да ја сфатам целта на тоа?

Всушност, нели лошите спомени ни помагаат да учиме од нив, а добрите ни посочуваат на какви да тежнееме во иднина.
Настрана прашањето кое повеќе влегува во домен на чиста математика, бидејќи ти ако сакаш присилно да заборавиш нешто, треба да знаеш (памтиш) што треба да памтиш,а што да заборавиш.
А со самото тоа што треба да памтиш што да заборавиш...ете, ти го памтиш тоа.

На крај,дури и да си направиш присилна амнезија (сам себе убијал), како што беше кажано погоре, кој ти гарантира дека лошите спомени пак нема да те стигнат?
Голема е веројатноста дека ќе си ги рекреираш сам, бидејќи без тоа сеќавање, ти ќе бидеш истиот оној човек пред да му се случат тие...односно под тотално исти услови и прилики, па со чиста логика доаѓа дека пак ќе го направиш истото.

Баш ме интересира што човек би постигнал со тоа, вака размислено подлабоко малце, не само одговор како "бегање од лошите спомени/итн".
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
.
Баш ме интересира што човек би постигнал со тоа, вака размислено подлабоко малце, не само одговор како "бегање од лошите спомени/итн".
Не знам точно, но често сум налетувала на мислења од типот : сакам нов почеток, сакам да заборавам на минатото, сакам да заборавам што се случувало...

Е сега мотивите можат да бидат различни, ама сепак минатото е дел од нашиот живот, прашањето е дали може туку така истото да се заборави, не ми е јасно колку и да поттиснуваш некои елементи и спомени, сепак дали е можно и комплетно да ги заборавиш?

Е сега што би постигнал човек со тоа...Не знам, можеби ако нешто го повредило во минатото или ако имал трауми, полесно ќе му биде. Веројатно.

Според мене, колку и да поттиснуваш одредени работи, колку и да сакаш да заборавиш, сепак по некое време пак ќе испливаат на површина.

Не само што не може, според мене не ни треба да се бега од минатото и сопствените грешки.
 
Член од
10 февруари 2008
Мислења
3.947
Поени од реакции
2.060
Може само да се глуми навидум прибег од минатото и можат да се лажат другите дека ете тоа е така, можеме да си продолжиме со животот и да заборавиме на минатото, но за жал некаде длабоко во себе сите ние знаеме дека тоа и не е баш така.

Но, тоа е така. Било-поминало. Дали добро дали лошо сепак поминало и нашло место токму во нашите животи. Каква личност е таа што сака да побегне од своето минато? За мене бегањето од минатото е исто како да си побегнал од животот, нели.
 
C

Cool Hand Luke

Гостин
Сум чул за некои шок терапии, перење на мозок, па на човека ќе му се чини ко да поминале милион години од тоа што го доживеал.
Бегање нема но постои нешто уште поубаво - просветление, состојба на нашето вистинско јас, и тогаш следи прифаќање сега и овде на се што ни се случило а тоа ни најмалку да не ни предизвикува никаква реакција, како да не ни било дел од нас, туку нешто што едноставно се случило.
 

Крусер

Тотем Пума
Член од
4 јули 2008
Мислења
3.556
Поени од реакции
1.613
Не може да се избега од минатото и не треба. Човек треба да учи од целото свое постоење, во сите ситуации. Нашето минато во многу нè направило да сме ова што сме. Ако го негираме своето минато, се негираме самите себеси.
 

Natural-girl

Morphine
Член од
16 октомври 2007
Мислења
3.462
Поени од реакции
5.246
Не може да се избрише негативен спомен, но може да се потисне некоја случка од минатото, не период, туку случка. Потиснување во потсвеста е лоша ствар, зошто потсвеста е моќна и таквото потиснување во краен случај може да предизвика и психичко растројство, невроза.

Бтв, ете, чист пример е сонувањето. Колку пати сме сонувале нешто и потоа не ни текнува. Да се запрашаме дали можеби не сакаме да ни текне зошто тоа е негативно за нас и не` повредува?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom