Very Nice Girl
Нојс
- Член од
- 25 август 2009
- Мислења
- 1.231
- Поени од реакции
- 160
Не може да се избега, сепак се случило и останало низ меморијата. Но може да се одбегне, да избледи но и не да се избрише.
Чичко Фројд да беше, ќе ти кажеше дека потиснуваме важни и големи негативни искуства зашто ни е непријатно да мислиме на тоа и да се сеќаваме Ама, факт е дека не се бега од големите работи што ни се случиле. Детали, без разлика дали ни се допаѓаат или не (всушност, можеби имаме за некој степен поголема тенденција да забораваме работи што не ни се допаѓаат, отколку оние што ни се допаѓаат) забораваме лесно и брзо. Не постои начин што ќе ни овозможи да заборавиме на се негативно што ни се случувало и да почнеме одново... И добро е што е така. Зашто токму минатото, искуствата низ кои сме поминале, болката и задоволството што сме ги почувствувале се она што не обликувало нас како личности... Не знам за вас, ама јас лично имам доживеано доста непријатни работи што мислев дека би сакала да ги избришам... Ама тие се она што ме прават мене да бидам ЈАС. И за ништо на светот не би го сменила тоа.Дали човек може да побегне и да го избрише сопственото минато?
Без разлика на спомените добри или лоши, дали човек може да направи присилна амнезија, да избрише се и да почне од некој нов почеток каде нема да се сеќава и ќе заборави на она што го правел порано и да биде друг човек?
Дали може да се побегне од минатото или тоа е нешто што вечно ќе го прогонува човекот?