Дали годините се пресудни за пријателство?

Член од
13 октомври 2007
Мислења
3.175
Поени од реакции
434
Нема никаква старосна граница за одстварување на едно пријателство.Младите имаат многу да научат од постарите ,а богами и обратно ,затоа што човек се учи додека е жив.Тие што имаат проблем со разликата на годините , имаат проблем со самите себе затоа што не можат да го дефинираат теминот пријателство:toe:
 

Македон91

Благородник
Член од
21 јануари 2009
Мислења
2.134
Поени од реакции
120
Па нема некое преголемо ограничување во одност на годините меѓутоа едно е пријател, а друго е најдобар пријател. Пријател можеш да станеш и со некој/а постар/а од тебе две-три декади, меѓутоа мислам дека за најдобар пријател сепак до некаде годините се пресудни (барем во повеќето случаи). Најдобриот пријател најчесто треба да ни е тука-така со годините (плус-минус 5) бидејќи така полесно ќе не разбере и полесно ќе ни помогне. Од постарите може да побараме по некој совет, меѓутоа мислам дека за одредени ситуации погрешно би не разбрале.
 

~DaRko

Поштен лопов
Член од
29 март 2009
Мислења
5.888
Поени од реакции
2.481
не, воопшто не се важни годините. ако се има добра тема за разговори ,ако се најде заеднички јазик воопшто не е важно кој колкав е. дали има 20 , 15 или 40 год.
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Ич не се пресудни. Пресудна е зрелоста.
Имам другар ја имам 14 он 28...али работата е што типот има дух на тинејџер...и никад нема да се смени..знае да биде и сериозен и да општи со неговите врсници(што се случува почесто) ама знае и да општи со мене и моите врсници...
Можам да кажам дека е многу добар другар, знае како да реагира, како да се однесува :)
Леле овој другар ти дупло постар од тебе :)
Иначе кај мене ситуацијата е обратна. Јас имам 27 години, а една моја другарка има баш колку тебе 14 години :) Сепак, иако малечка, знае кога треба да биде сериозна и да сврти озбилен муабет.
Навистина, годините се ирелевантни во пријателството :cug:
 

Mrs. Vedder

red cloud at sundown
Член од
12 февруари 2009
Мислења
984
Поени од реакции
66
Да се одржува контакт, да се најдат заеднички точки со човек, тема за муабет која ги спојуваат, не се битни годините доколку имаат исти сфаќања околу тоа и приближно исто размислуваат.Зачнување на пријателството и не е толку тешко, не ги гледам тука годините како некоја строга граница, али неможе дете од 15 години да дели ист живот со 25 годишен човек, со сосема други погледи кон светот (зборувам за другарство, односно поблизок човек).Сепак врсниците со исти сфаќања и размислувања, па и разликата да е до 3-4 години, го градат тоа цврсто другарство.Не ми е сфатливо како нечии умови со разлика по 15 години можат да се поклопат...Или фрката е кај едниот, или кај другиот.
 

Fortune

шодаенешчо
Член од
9 мај 2005
Мислења
12.493
Поени од реакции
183
Сум седела на маса и со доста помали од мене и со доста постари. За општи теми за муабет годините не се важни.
Ама не можам да се дружам постојано со деца од 18 години, едноставно таа разлика од десет години стои како препрека. Исто така не можам да имам другарка на години како мајка ми.
За познаници и пријатели годините не се толку пресудни, но за другарство се.
 

Фокси

Talk nerdy to me
Член од
11 октомври 2007
Мислења
2.358
Поени од реакции
1.390
не, воопшто не се важни годините. ако се има добра тема за разговори ,ако се најде заеднички јазик воопшто не е важно кој колкав е. дали има 20 , 15 или 40 год.
А шо е то добра тема меѓу некој кој има 20 и некој кој има 10 години?
Ти мојш да напрајш онака некој основен муабет или теми од типот колку залади времево ќе почниме да се грејме уш малце...
На каков начин би опстојувало пријателството?
Некој од 20 години се сеќира за факултетот,понатаму дали ќе најде работа,па за девојката-брак и слично.
На дете од 10 години најголема грижа му е дали го нахранил папагалот.:toe:
 

Apokalipto

Tredici
Член од
4 март 2007
Мислења
15.576
Поени од реакции
2.585
Годините не се никаква пречка за пријателство кога и двете индивидуи се доволно зрели за да прават муабет што на нив им е интересен, и на теми кои и за двајцата (пример земам двајца) се интересни, најпрост пример е форумов и тоа како муабетот ни оди со некои личности за кои подоцна дознаваме дека се или помлади од нас или па постари.

И да... се сложувам со примерите за екстремноста во разлика во години и можноста за дружење кои се опишани во двата постови над мене.
 
П

Паган-др

Гостин
Не би рекол. Еве јас на пример, со членови од форумот што се постари од мене знам да склопам добар муабет. Некои ги зачудува тоа. Мене не би ми претставувало проблем тоа, ниту пак на тие што се постари од мене. Барем не сум приметил јас некој проблем.
 

курајбер

млад, потентен
Член од
29 јануари 2007
Мислења
16.418
Поени од реакции
47.049
не се, знам копиљаци поред кои се осеќам ретардиран, знам и магариња у години поред кои се осеќам ко нобеловец.
Пресудни за пријателство се заеднички филм интереси и слично.
 
I

InF3cTeD

Гостин
не ми се битни годините...имам пријатели и по 10 години постари од мене,имам другари 6-7 години помали од мене....за пријателство мислам дека е поважно разбирањето еден со друг,интереси,муабети...неможе со секој да седнеш и да правиш муабет за одредена тема
 
Член од
4 октомври 2009
Мислења
257
Поени од реакции
13
Obozavam da se druzam,zatoa i ne biram vozrast mada poveke mi odgovara da se druzam so pomali od mene :vozbud: pozabavno mi e :pipi:
 

Кралот Марко

Не прилепчанецот, ами Јас
Член од
6 ноември 2008
Мислења
3.969
Поени од реакции
278
Годините не се битни за да постои пријателство помеѓу двајца. Сепак, нивото на тоа пријателство го ограничуваат годините. Оттука, нивото на пријателство помеѓу двајца се дефинира со разликата во годините. Секое пријателство започнува спонтано, но разликата во годините на пријателската врска ги одредува нивоата и правилата врз кои ќе се развива и трае тоа пријателство. Кога разлката на годините е скоро иста или приближно иста, тогаш тоа пријателство се развива врз ниво на рамноправност на двајцата во секаква смисла, тргнувајќи од фактот дека и двајцата лесно ќе ги дефинираат интересите врз кои ќе се гради пријателството.. Додека пак, кога разликата во годините на двајцата е поголема или голема, тогаш нивото на тоа пријателство се развива врз основа на взаемна почит на годините и можни заеднички интереси за одржување на тоа пријателство. Спрема тоа пријателството нема граници, ако почива врз икрени намери.
 

*It's Gold*

Break Of Dawn
Член од
23 октомври 2009
Мислења
30
Поени од реакции
7
Не се битни години според мене, секогаш сум се дружела со постари (1,2,3 па и 4 години ) и сум се осеќала супер, сум научила многу работи и сега не се ни приметува таа разлика како порано...Буквално како да сме исто годиште.
 
Член од
16 октомври 2009
Мислења
593
Поени од реакции
28
Годините не се битни ако еден човек знае да цени и да поштва другарство.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom