Eпа,прво да кажам,овој пат повторно ме пуштија со тетка ми,ама ваљда не ја видовте дека во ќошот беше,а јас само два пати седнав таму по 5 минути... За жал дојдов во 10 ипол бидејќи мислев дека собиранката почнува во 10,а не во 9,па така и имав само 2 ипол саата да ве дружам,од првин се поздравував со повеќето форумџии и лошото беше што немав друштво ама потоа се придружив на ада,бада и сит...ада и сит ненормално ме изненадија,ада ја замислував некоја висока досадна личност која само ќе седи и ќе се досадува(а најживата испадна,па и колку мене ниска била
),а сит го замислував некој,како да кажам,најобично машко од метро и 70-75,кратка коса,го замислував како бада сличен...И така со нив се опуштив малку,се разиграв...ацид рече од почетокот дека нема да не пуштат во место,а јас после некое време го прашав и мистичен кој рече дека ќе најде начин да ме пуштат,но сепак тетка ми не ме пушти објаснувајќи дека после 1 е долго за мене(е оваа беше друга тетка,шуќур не сакаше првата да дојде)...ама како и да е, не верувам дека ќе ме пуштеа таму,ама сепак ќе вредеше бар да пробав да влезам...На собиранкава испив малце поеќе од што треба,тетката не примети но му кажав на татко ми кој ми даде една мала казна,ама како и да е,важно рече дека во јануари 3тиот роденден можам да идам сам,бидејќи и онака од септември ќе учам во скопје и нема да биде исто
Песните во Дајмонд беа тоБ,а и јас од пивцето малку се опуштив,но после третото пиво почна да ми се врти и Ортаче и Еко кога ме видоа ми дадоа кисела вода и лимон па така малку се подобрив,ама сепак тоа беше негде 12 ипол,15 за 1...значи на крајта... Во текот на собиранката имаше мислам многу повеќе од Сенс,ама сепак запознав многу помалце....ете да кажам да сум запознал едно 10 души,таму некаде....не ги запознав:Мартинс,Кики,Батрфлај,Фети(и другарките),Саладин,Акаша(дојде?),РиалГрл(ја видов а не и подадов рака),БејбиГрл(исто,исто),Плејбој,Бидиков,Земзела(не сум сигурен дали го запознав дека некои ми кажуваа имиња а јас не можев да ги слушнам и не сакав пак да ги прашувам
) и други луѓе....Додека Sоне и Мац беа и во Сенс ама тогаш не се поздравивме,овојпат тие ми подадоа рака,инаку јас не знам...изгледа не бев најорасположен за запознавање....инаку Серпико ме запозна со Форчн ама јас го разбрав Корча
,и тоа име ми звучеше познато па и не се трудев да го променам и да видам кој всушност е тоа или повторно да прашам.Потоа на мсн се разбравме со Форчн која беше она. И тоа... срам да им е сите кои не дојдоа на собиранкава,знам дека има различни причини поради кои не дојдовте,но ова беше кажано пола месец пред собиранката и за тоа време можевте некако да се организирате да дојдете.
И за крај да кажам,Дајамонд беше добар кафич,но сепак,затвараше во 1,а нели на малолетниците не ги пуштаат у диската...би сакал на другиве собиранки да се наоѓаат подобри решенија така што во кафичите да се стои до покасно,а потоа повозрасните да се разделаст и да идат у диско. Мене ова ми беше малку и ми помина како 1 секунда