Јас ќе си почнам најискрено прво со луѓето.
Pearl ми беше огромна чест што ја искористив оваа ретка прилика да те запознаам. Шармантна, секси, интелигентна, комуникативна (where have you been all my life :pos2::pos2::pos2::pos2
. Најмомент беше кога ме праша каде да најде бурек в0 12 вечер. Тогаш сфатив дека цело белосветско злато, сребро и дукати сите трансатланскоокеански пластични картички и ликови од планината Рашмор испечатени на грст декадентна зелена хартија сите овоземни богатства понекогаш не вредат ни пола колку што вреди еден топол, масен, традиционален бурек.
Псај вирусот е влезен. Сега ќе пројдеш низ 4 фази. Верувај ми ги пројдов и јас.
1. Фаза на негирање. Ма нее кој јас нема шанси, тоа кога сум мавнала некоја плус секакви глупости се дешаваат на пијано. Јас од Гоа Гил, Таламаска и Етника не мрдам бре.
2. Фаза на страв. Чекај бе еве и по втори пат се случува. А што ако стварно забегувам не е ова на арно симптомите се многу јаки.
3. Фаза на осознавање на вистината. Леле готово е потклекнав и јас јадна јас што ќе правам сега со кое лице ќе излезам пред сите што ме знаат каква ли клаберка сум јас оф сироча:kesa::ija:, што ќе кажат комшиите...
4. Фаза на помирување. Добро тоа е што е. Ќе го проголтам срамот и што ги вртам бе важно филингот е одличен
цела негативна енергија ми е испуцана.
[FONT="]Resistance is futile[/FONT]. Нема поента да се бориш битката е изгубена. Од тука те слушам како полузарипнато се стегаш не се даваш до последни сили за на крај да излезе едно гласно Ма Као никотиииин....
Ада тотално друга те замислував. Очекував некое тешко мрчало со смрштена фаца цела во црно со бела пудра на лице и црни подочњаци што на моето Здраво ќе одговори со "Кој си бе па ти?!!". Само едно погодив-дека имаш пирс. Начекав сосема пријатна, весела и и антиантисоцијална личност (два пати анти е намерно употребено). И за тебе важи горенаведеното..
Курт Кобејн а.к.а Сит Лорд. Ти си баш како што те замислував само не до толку како да се изразам Норвешки. Баш сакам пак да правиме збиранка да истераме еден поасален муабет. Дотогаш enjoy the red pill... Знаеш ментална метаморфоза барем привремено.
Бада живна и заигра па и муабет правеше привремено :ija:. Не беше збор алтан, беше збор пола алтан. Одлепи и на селско до тој степен до којшто може Бада да одлепи (благо климање со глава и флегматично движење на нозе што е сепак успех).
Вортекс јас и ти сме си сељаци уште во матично што не ни пишува. :cug:. Си ја носи возачката за 50 кубика мотор што се издава и на неполни 16 год. само за да пие. Е тоа е
.
Спајдер колку underadult нектари од јачмен мавна море машко?
Викторе кога те видов така прилично слабичок си реков како бе малиов ги мава тие ѓулиња од по 4-5 кила. Мило ми е што те реупознав па се надевам дека амнезијата ќе ти помине следечи пут.
Мрно со две раце во Уставен Суд еден ќе потпишам дека си најголем дудлач. Баш кажи ми дали имаше некоја од родот на Венера на која не и се улепи за да и играш.
Тончи ме нарече фејкер.Поштено. Друже мој разбери дека клабингот не е транс, прогресив, хаус, гоа.. Клабингот не е МКЦ, Лизгалиште, Колосеум, ливади полиња и кампови. Клабингот е state of mind нешто што го носиш во себе и со себе.
Водка кога збориш брат не мафтај со рацете ко да миксаш ѓоа мити Карл Кокс и неговите легендарни три грамофона. Далеко е Ибица дете. И Кучково е далеко ако одеш пешки :pos2:. Важно топ се изжуркавме.
Бати од швалерисање не те ни видов мајке му..
Дивајн ми остави ептен позитвно мислење правиот збор што го барам е отмено. Ведра комуникативна позитивна по малку и еден повисок да не речам аристократски став. Според мене се што фали е малку ама само малку да излезеш од тие традиционални бариери (знам и јас ги имав/имам). Баш ми беше задоволство се гледаме на ван Дајк.
Форчун биваше ли од цел форум само јас да не запознаам? ЦЦЦ зш мор?
Мацедониан што да ти кажам друже знаеш ситуација. Ај ќе одлепуваме во летното на Колосеум освен ако на оној нашион (Т.К.) не му текне да ја затвори поради нарушување на редот
..
Гижо брат шо дубара ти мислиме со Псај :zlo: има Шабан Шаулич да ти стои до мерилин Менсон па и оро ќе играш макар и три напред едно назад.
Сине колку вакви збиранки пројдовме а? Арно не пееше по кучиња.
Сума сумарум Рамстор беше одлчен за секого по нешто. Ако некого заборавив а запознав што да ви кажам. Се изнапеавме и испосељачивме.
Место не аууу нееееее! !!!!!!!!!:nenene::nenene:
Никогаш не сум се ограничувал на еден тип на музика ама рап па и аренби не... Со Мацедониан, Вотка, Бушав и Земзела ќе формираме про-клаберска антираперска партија за винилски просперитет и прогресив транс единство.
Кој ќе го прочита ова до крај веројатно ќе биде на добар пат до дислексија.
Добро бе мора ли само на крај на школска и на родендени да се збираме?