Длабоко во себе сакам да ти кажам колку ми значиш, но не можам...
Длабоко во себе сакам да ти кажам колку сакам да ни е убаво заедно, но се плашам.
Се плашам од фактот дека глупаво би ја прифатила секоја песна и секој стих кој горам од желба да ти го испеам , од оние песни кои секоја вечер си ги споделуваме , но само преку линк...
Се плашам да не бидам зафркнат повторно, обземен од фактот дека повторно се заљубувам гледам низ прозорот замислен дали и ти го мислиш истото за мене, или сум ти само забава, некаква корист, рамо за утеха (?!) не знам, навистина не знам на што да мислам.
Сепак, како и секогаш јас сум тој што секогаш е зад тебе кога ти требам, а ти ретко за мене кога ми требаш...
Последниве денови, а можеби и недели на некој начин сме одделени, наместо да бидеме поблиски одкако извршивме чекор напред, сепак во вистионскиот однос меѓу нас двајца стагнираме, уназадуваме, иако желбата е тука.
А да...и враќај побрзо на мсн бе у пм!