WWII :
Savin Private Ryan - Филмска класика, режирана од Спилберг, во главна улога Том Хенкс. Заработи 5 оскари, се базира на настани од Втората Светска Војна. Еден од најдобрите воени драми на сите времиња.
Schindler's List - Уште едно ремек дело на Стивен Спилберг, награден со дури 7 оскари, број 6 на листата на ИМДБ за најдобри филмови на сите времиња. Потресна приказна за теророт врз Евреите од страна на нацистите во Втората Светска Војна, must see филм.
The Pianist - Еден од поновите филмови и можеби најуспешен филм на Роман Полански. Главниот лик Броди доби оскар за најдобар актер, па можете да очекувате фантастична глума, сценариото ми остави исто така одличен впечаток. Уште еден филм базиран на оние страдања и терор кој бил врз Евреите во Втората светска војна, потресен филм.
La Vita e Bella - Еден филм кој е во исто време и тажен и потресен, Бегнини направи хаос од емоции во овој филм, смешни, па трагични сцени. Три оскари таа година, сосема заслужено, мора да се знае дека во таа година La vita e Bella имаше огромна конкуренција во Titanic, Good Will Hunting и L.A. Confidential. Уште една приказна за теророт врз Евреите и нивниот живот во концентрационите логори, вреди да се погледне.
Letters form Iwo Jima - Продолжение на Flags of our Fathers, сагата за завземањето на јапонскиот остров Иво Џима од страна на Американците во Втората Светска Војна. Филм за страдањата во војната, за непокорливоста, херојството, предавството. Режија е Клинт Иствуд, а мислам дека филмов доби оскар.
The Great Escape - Приказната е едноставна, се работи за бегство од затвор, исто така во Втората Светска Војна. Интересна е намерата на Стив околу бегството, планот итн. Интересен филм, интересен саундтрак меѓу другото и се разбира дека вреди да се погледне.
Enemy at the Gates - Приказна за Василиј Зајчев, славниот и генијален снајперист од Русија. Приказна базирана врз вистински настан. Василиј Зајчев го глуми Џад Лоу. За љубителите на филмови за Втората Светска Војна, филм кој мора да се погледне, мене ми остави навистина добар впечаток, одличен филм.
Hitler - The Rise of Evil - Филм за Адолф Хитлер, за неговото воздигнување од обичен човек во огромен диктатор. Всушност тоа е и најинтересното во филмот, неговото генијално наметнување и истакнување меѓу народот, за ораторската способност, за неговиот огромен патриотизам. Преку овој филм ќе ја забележите неговата генијалност за комуникација со народот. Нема акција, претставено е само издигањето на Хитлер меѓу народот во Германија, а филмот мислам дека е сниман во два дела. Одамна го имам гледано, но сеуште ме држи сеќавањето што значи дека овој филм ми оставил голем впечаток.
Останато:
Apocalypse Now - Што може да се добие од соработка помеѓу Френсис Форд Копола и Марлон Брандо освен нов култен филм. Приказна за настаните од војната на Американците со Виетнам, одлична глума актерското трио, филм награден со два оскари.
The Deer Hunter - Воена драма со многу малку акција. Роберт Де Ниро со своите другари е испратен во Виетнам. Најдобриот дел од приказната всушност е тој дел, се разбира тука е вклучено заробувањето и фамозното играње на руски рулет за забава на Виетнамците. Да споменам дека филмов е добитник на 5 оскари.
Тука е мојата рецензија за овој филм, ќе му послужи на тој што го нема погледнато.
Други филмови кои заслужуваат да се погледнат: Black Hawk Down, Tears of the Sun, Heartbreak Ridge, The Hurt Locker, The Patriot.