Воени филмови

Член од
6 јуни 2009
Мислења
3.094
Поени од реакции
445
Тема за воени филмови. Нема потреба за големо објаснување на содржината, се опишуваат цели војни, одредени битки, само дел од воени напади и сл. Воен филм постои со самото појавување на филмот па се до денес. Бројот на филмови годишно варира, а се зголемувал после неколкуте поголеми војни во 20тиот век.
Најмногу воени филмови има за Војната во Виетнам и Втората светска војна.

Па има понови филмови кои се инспирирани од Студента војна, има некои со модерни војувања инспирирани од терористички напади и од воените конфликти на Блискиот исток.

Има и филмови за битки од 17 и 18 век, од средновековието, од темната доба, од античко време и поназад.

Тоа е тоа, рецензирајте, препорачувајте, дискутирајте.
 
zee German

mpkfa
Член од
12 август 2009
Мислења
6.440
Поени од реакции
6.094
имаше една тема мислам епски филмови со слична тематика или не?

он топик - Одам да го догледам знамињата на нашите татковци од Иствуд само што не ми се допадна што приказната не оди линеарно да се опише војната за иво џима туку има многу навраќања и премини од едно во друго време(сега па за време на војната па по завршување па пак за време на војната итнт)
 
S

smart ass

Гостин
Немојте Black Hawk Down...таму америте уствари пукале по се што ќе виделе факт е дека загинаа околу 4000 сомалијци ма прашање е дали барем 50 од нив беа вооружени,тоа е типична пропаганда,а и се изрезилија бидејќи со две РПГ-7 кои не вредат повеќе од 500 евра Им собориша хеликоптери вредни 16 милиони долари...па храброста на единиците,притисокот бла бла..а уствари останатите хеликоптери заобиколувале...за и они да не настрадаат.

За рамбо да не правам муабет,еднаш им помагаше на peaceful талибани и кутна ми-24 со Т-55:pos2::pos2: башка што и ќак норис може да му завиди,ама не знам кој е помоќен од нив двајца.

А 300 е само чиста превара...така лесно е тоа абе:pos2:(не за џабе имаа пародија)

Ако веќе сакате добар воен филм добар е Битката кај Ардените,од втора светска војна,понатаму Flag's of our father's за нападот на иви џима...стратешкиот остров за кој се јапонците се бореле до нсмрт...башка генералот бил закон,друг воен филм кој би го препорачал е К-19 и submarine U-571,да не кажувам што се случувало па затоа најдобро е да ги погледнете сами,исто така препорачлив е Kokoda за ова многу малце знаат но тоа беаше 39 батаљон кој ги спречи јапонците да навлезат во јапонија,таму ќе го видите ужасот на војната и условите филмот е маестрално дело,исто така и филмот Word of HONOR кој навистина дава реална слика за виетнам.

Има исто така и добри германски и руски филмови за прва и втора светска војна но многумина ги избегнуваат.

За антиката добар е Гладијатор кој веќе верувам ви е познат,исто така интересен е и Kingdom of heaven.

имаше една тема мислам епски филмови со слична тематика или не?

он топик - Одам да го догледам знамињата на нашите татковци од Иствуд само што не ми се допадна што приказната не оди линеарно да се опише војната за иво џима туку има многу навраќања и премини од едно во друго време(сега па за време на војната па по завршување па пак за време на војната итнт)
добар филм е-поентата ќе ја сватиш баш добро е има навраќања...баш за да се дознае вистината односно од кој е поставено американското знаме кое беше фотографија и херојство.

Друга препорака.
Letter's from Iwo Jima.

Рецензии не би правел оти така нема да ви бидат интересни филмовите,но ете јас лично би им дал 10 ка.
 
Х

Ханзо

Гостин
We were soldiers, истинитој причи за Lt. Gen. Hal Moore (го игра Мел Гибсон), и колежот во Виетнам, поточно битката кај Ia Drang. Препорака, секако.
 
Manga

Golem alat
Член од
21 април 2006
Мислења
7.759
Поени од реакции
5.035
Full Metal Jacket - најхардкор воено филмче , која превара таа курвата снајперка

Apocalypse Now - мојот фаворит и едно од најдобрите сценариа

Enemy at the Gates - многу подобар од што очекував
 
Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.624
Поени од реакции
59.476
Јас мислам дека филмови како Kingdom of Heaven и Gladiator не се за во оваа тема туку за во историски филмови. Кога ќе ми спомнат воен филм во глава одма ми доаѓа огнено оружје. Модерни војни. 20 век па наваму. Не од друга причина, тешко е (ако не невозможно) да ги ставиш Троја и било кој филм за модерна војна во ист кош и да им направиш споредба.

Исто и филмови како Шиндлеровата листа и Казабланка, на кои им стои префиксот воени затоа што дејството им е во време на војна. Тие се сепак повеќе драми. Нема тепачка - не е воен филм.

Настрана тоа, за модерните војни имаме еден тон пропаганда. И историските не се поарни, се искривуваат по потреба, дури и се прават по нарачка. Но не во тој степен. Многу од новите воени филмови се гола пропаганда до тој степен што ќе му се сповраќа на човек. Но да ги заобиколиме ( а некогаш и да им прогледаме низ прсти ако се квалитетни ) и да издвоиме нешто од она што треба да се види.

Ќе почнам од WWII и ќе пробам најкратко што може:

Enemy at the Gates (2001)
Еден од најдобрите филмови за втората светска војна. Битката за Сталинград и пресметката на рускиот и германскиот снајперист е вистинита и многу добро прикажана приказна.

Saving Private Ryan (1998)
Нема многу потреба, сите знаете за филмов. Доби 5 оскари, во топ 50 филмови е на сите времиња.

Letters from Iwo Jima (2006) и Flags of Our Fathers (2006)
Две страни од истата приказна, одлични остварувања на Клинт Иствуд.

Where Eagles Dare (1968)
Култен wwII филм за една самоубиствена мисија. Ричард Бартон и Клинт Иствуд во главните улоги.

The Dirty Dozen (1967)
Уште еден култен филм за уште една самоубиствена мисија. Валканата дузина на Ли Марвин.

The Longest Day (1962)
Класика...

Овде ќе скратам, ќе оставам за другпат нешто. Уште да спомнам и дека имаше доста добри ex-yu воени филмови, веќе знаете...

Виетнам и сличен булшит:

We Were Soldiers (2002)
Иако не е најдобар, овој филм со Мел Гибсон ми е омилен од филмовите за војната во Виетнам.

Born on the Fourth of July (1989)
Многу силен филм за еден млад човек кој под налетот на пропагандата е спремен да умре во Виетнам, за да свати на потешкиот начин дека е манипулиран и дека се било за ништо. Ron Kovic и ден денес е жив и раскажува за својата приказна. „Не можеа да најдат некој поподготвен да умре за нивните цели, од мене“, рече во еден документарец на малку поинаква тема.

Apocalypse Now (1979)
Мене лично не ми се допаѓа, ама за многумина овој е the ultimate war movie. 35-ти на топ листата.

Tears of the Sun (2003)
Еден од подобрите филмови, само заборавив за која војна стануваше збор, некаде по африките... Брус Вилис во главна улога

Ај, доста е... :)
 
Ѓорче 1932

тој сум...
Член од
17 февруари 2009
Мислења
13.564
Поени од реакции
11.576
IoSono не остава да наброиме филм,сите ги кажува тој и за ден два ке има клуч на темава :pos2:

Немам гледано некој воен филм од памти век,но како помал имам гледано доста филмови,и можам да кажам дека ниту еден не бил лош,башка сакам да гледам воени филмови.

IoSono ги наброја значи скоро сите што ми пагаат на памет,но има и еден сериски филм со воена тематика од втората светска војна со гарнизон британски војници,серискиот филм е класика,да прочачкам низ нетов,мора да го најдам.кога ке го најдам,ке го поставам тука,мора да го има гледано некој...

И овие филмови се добри...

http://www.imdb.com/title/tt0066473/
http://www.imdb.com/title/tt0120188/
 
Член од
2 јуни 2007
Мислења
5.704
Поени од реакции
3.266
Немојте Black Hawk Down...таму америте уствари пукале по се што ќе виделе факт е дека загинаа околу 4000 сомалијци ма прашање е дали барем 50 од нив беа вооружени,тоа е типична пропаганда,а и се изрезилија бидејќи со две РПГ-7 кои не вредат повеќе од 500 евра Им собориша хеликоптери вредни 16 милиони долари...па храброста на единиците,притисокот бла бла..а уствари останатите хеликоптери заобиколувале...за и они да не настрадаат.
Ајде бе! Филмот речиси веродостојно ги прикажува случувањата. Речиси затоа што има некои недоследности во возраста на некој од војниците и имињата. Во фактичката ситуација, сомалијците им ги соборија хеликоптерите и им нанесоа такви, реално гледано сериозни загуби заради потценувањето на сомалијците за борба во урбана средина, заради недостигот на добра информација и ослонувањето на информации од локални кодоши и малубројноста на американците.
Black Hawk Down сериозно го препорачувам, многу добар филм со многу добри актери.
Saving Pvt. Ryan е неверојатен филм, особено првите 45 минути, каде што е прикажано истоварувањето на Нормандија, односно H-Hour од D-Day од Operation Overlord.
Генерално, мислам дека сите филмови кои обработуваат воена тематика вредат да се погледнат.
 
Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.624
Поени од реакции
59.476
IoSono не остава да наброиме филм,сите ги кажува тој и за ден два ке има клуч на темава :pos2:
Не можам да ве трпам појќе... :pos:

Не бе, јас само ги наброив тие што ми се подобри на кратко, чекам некој да разврзе дискусија :)
 
Ѓорче 1932

тој сум...
Член од
17 февруари 2009
Мислења
13.564
Поени од реакции
11.576
Го дадов во предлог но мора и тука (btw A-C-A-B за овај да не мислеше?)
"Band of Brothers" (2001)
:cuc::cuc:
Побрз од мене за 10 минути беше со наогањето :pos2:
Баш сега читам за овој сериски филм,додека го даваа на Канал 5 не пропуштав епизода,ептен ми се допадна,сцените од целиот сериски филм беа толку реални што на моменти си помислував како навистина да ја гледам војната на телевизија...

И Valkyrie со Том Круз може да се каже дека е воен филм...:toe:

http://www.imdb.com/title/tt0985699/

Не можам да ве трпам појќе... :pos:

Не бе, јас само ги наброив тие што ми се подобри на кратко, чекам некој да разврзе дискусија :)

Не се нервозирај,што ке праиме без тебе после :pos2: :)
 
S

smart ass

Гостин
Ајде бе! Филмот речиси веродостојно ги прикажува случувањата. Речиси затоа што има некои недоследности во возраста на некој од војниците и имињата. Во фактичката ситуација, сомалијците им ги соборија хеликоптерите и им нанесоа такви, реално гледано сериозни загуби заради потценувањето на сомалијците за борба во урбана средина, заради недостигот на добра информација и ослонувањето на информации од локални кодоши и малубројноста на американците.
Black Hawk Down сериозно го препорачувам, многу добар филм со многу добри актери.
Saving Pvt. Ryan е неверојатен филм, особено првите 45 минути, каде што е прикажано истоварувањето на Нормандија, односно H-Hour од D-Day од Operation Overlord.
Генерално, мислам дека сите филмови кои обработуваат воена тематика вредат да се погледнат.
Во блек хок даун ефектите се маестрални американците испотепаа се живо и диво...милицијата на психата не беше организирана а не ни очекуваше спасувачка мисија...дури после тргнувањето на оклопните лесни возила веќе дознаа а беше касно...и дај кажи жити се кој торко ќе пука на маунтиран М-60 со балистичка заштита т.е само во шлемот можеш да го погодиш,а имаш ограничена муниција...додека он ваму фрчи со 7000 куршуму за една минута...затоа испогинаа илјадници сомалијци за само нр=еколку амери.....а тоа во војникот рајан првите 45 минути...нарочито истоварувањето се лага...оти како прво има подводни мини,второ не пукаат ОДМА туку чекаат да се истоварат доволно војска на отворено се со цел поради препреки и рамен терен да не можат да се заштитат.....па откако ќе се испорачаат 2000 рајановци тогаш ќе почне Machinengewehr 42 mauser 7.9 cal (Го викаат ем ци форти туууу аааа)...епа тогаш кога ќе се соберат доволно мна отворено ПОЧПН УВА ненадеен напад,први се митралезите,има снајпери камуфлирани специјално да убиваат медик или пак пламенофрлачи+ офицери...оти ако ја пробоеш боцата на пламенофрлачот се во радиус 20 метра од него ќе изгори т.е ќе биде испечено...оти не користат бензин туку фосфор а чистиот фосфор има особина да гори во кога е во контакт со воздухот....

Второ позицијата кај радарот бранета од само еден митралез и двајца војници...дај жити се тоа е комедија бе...Радарска станица не се брани со еден митралез и то со можност да им фрлаш рачни бомби...туку така...
 
Ај нека ти биде.
 
S

smart ass

Гостин
Не велам филмот дека не чини ама

03 OCT 93

CW3 Raymond A. Frank [P]
SSG William D. Cleveland [CE]
SSG Thomas J. Field [CE]
P injured (POW)

Somalia

160 SOAR
#89-26188 "SUPER 64"

A/C was struck by an RPG and crashed in Mogadishu. All survived crash but were killed by Somali mob afterwards. Pilot CW3 Michael Durant taken POW was only survivor.

03 OCT 93

CW3 Clifton P. Wolcott [PC]
CW3 Donovan L. Briley [PI]
SSG Daniel D. Busch

Somalia

160 SOAR
#91-26324 "SUPER 61"

While leading a multi-aircraft flight on the assault of an objective in downtown Mogadishu, A/C was struck by an RPG and crashed.
Ова е првиот

Вториот хеликоптер

Можеш да провериш и сам на www.armyaircrews.com тамѕ ги има повеќето хеликоптери соборени повеќето од феил,некои од времето...гледам на листата ирак ирак ирак....многу паѓаат...

е сега горе ти е реалната слика
ги имаш и жртвите и екипажот,не е работата за прикаски да кажуваме,хеликоптерот не беше погоден од Против авионско оружје(ФИМ-95,Игла СА-7),туку од РПГ-7,а тоа има намена да уништи/онеспособи ОКЛОПНО Возило-значи тенк, или APC ,а хеликоптер...тешко да има оклоп како тенк така:toe:

Е сега стандардна боева глава на РПГ 7 е фрагментациона т.е при контакт се иницира млаз со температура околу 6000 степени од експлозивот и пропелантот,фактички со тоа го сече хеликоптерот како топол нож низ путер,а фрагментите се налик шрапнели или на наше поткалибарни зрна,така да откако беше погоден и располовен фрагментите се дисперзираа и ги имаш вистинските слики од двата Хеликоптера.

А оваа слика ја познаваш....од филмот

Мислам поентата е не нека биде туку филм си е филм...добар режисер добри ефекти но реалноста е друга
Ова е слика каде убаво е претставен аеродромот(каде беа америте) а и каде се соборени хеликоптерите

или сателитска слика

Satellite picture of Mogadishu at the time of the raid from 3 November 1993: large columns of smoke can be seen hanging over several places in north-western part of the city. The US bases were positioned around the international airfield, which is bellow the left lower corner of this photograph (outside the frame).(US DoD via Court Chick)

Така да кога противоклопно оружје погодува летало.....тешко него и на екипажот

Инаку дометот на РПГ-7 за неподвижни мети и утврдувања(без разлика дал е термобар,стандардна или ХЕАТ боева глава) е ефикасен до 500 метри,за мети во движење 300-400(зависи од операторот) инаку максимален домет е 900 метра веднаш после тие 900 метра пропелантот т.е горивото иницира експлозија.

Бар да бидеме реални тро

Еве аплоадирав ретка слика од хеликоптерот...
[/URL][/IMG]
MH-60 "Super 64" seen over Mogadishu during one of similar raids: there are only a very few authentic photographs taken during the operations against Gen. Aideed. (US DoD via Court Chick)
Е сега направи споредба со вистинските слики и тие на филмот.

P.S Russian е оригиналниот наслов 9 компани за време војната во авганистан.

Многу добар филм.
 
SV-Strange

Sorcerer Supreme
Член од
27 август 2007
Мислења
3.604
Поени од реакции
367
Тема што планирав да ја отворам деновиве. Деновиве пошто морам да седам дома, имам бааги слободно време и многу од филмовите што ги немам гледано се впрочем воени.

Неодамна ги гледав:

9 Rota - 9th Company (2005) - Руски филм, каде собираат бригада од млади војници кои ги тренираат екстремно тешко и ги спремаат за воени мисии во Авганистан.

Brothers (2009)
- Пак Авганистан... филмот е воен/драма, пошто даваат паралелно снимки од родното место на главниот лик и снимки од Авганистан. И не е толку глуп како што очекував, одлична приказна, а и завршеток.

Defiance (2008) - Приказна за браќата (евреи) Бјелски (Тувиа и Зуш) кои формираат нивна бригата за време на геноцидот на втората светска војна. Одлична актерска екипа.

Valkyrie (2008) - Побуна против Хитлер и обид за негово убиство од страна на негови соработници. Уште еднаш одлична актерска екипа, Том Круз ѕверотиња.

А вчера баш ги земав и нормално следни на листата за гледање ми се:

- Tears of the Sun
- Saving Private Ryan
- Flags of our Fathers
- Letters from Iwo Jima
- Band of Brothers серијалот
 
Kajgana Shop

На врв Bottom