Воени филмови

T

Tetro

Гостин
Brothers е супер филм, јас очекував некоја пропаганда ама излезе одлично филмче. Напишав рецензија ама после ден-два крахираше форумов и ми се изгубија неколку рецензии по враќањето. Го препорачувам на сите.
Brothers (2009)
Вечерва го гледав. Доста емотивно ме погоди филмот. Прекрасна глума на Jake Gyllenhaal и Natalie Portman.
Да не кажувам повеќе, некој што го нема гледано, ќе ми се налути. :)
 

Windfucker

Телемит, Темплар, Масон, Сциентолог во целибат
Член од
30 април 2010
Мислења
8.459
Поени од реакции
15.326
Волтер го брани Сараево

Најгледан филм на сите времиња во Кина
 

_The Great_

Il Genio
Член од
18 јуни 2008
Мислења
5.955
Поени од реакции
3.318
Да се надоврзам на мојот претходен пост. Гледам дека никој до сега не ја споменал германската класика, очигледно и јас сум ја заборавил, па да го вметнеме и овој филм во онаа листа на воени филмови иако повеќе е драма, али сепак има WWII тематика.

Das Boot

Филмов е одлично изработен, изобилува со патриотизам, херојство, упорност и нити еден процент губење на надеж, режисерот (Wolfgang Petersen кој патем ги има режирано Troy, Air Force One, A Perfect Storm) вметна една вистинска драма и тензија во филмот, што дава реална и јасна слика како би било доколку ти би се наоѓал во таков хаос. Ликовите се претставени како храбри и во исто време уплашени до степен на лудило, млади војници кои мораат да носат тешки одлуки и во ниту дел од секундата да изгубат надеж (< нешто што највеќе ми се допадна во филмов).
Филмов трае долго (јас го гледав extended :/), треба цела вечност за да започне некоја акција, но кога започнува акцијата и надмудрувањето, едноставно не може да ти биде досаден филмот, јас очекував малку повеќе акција, но не сум незадоволен, филмов ги исполни моите очекувања, пред се ме изненади режијата, начинот на кој е вметната тензија и напнатост во филмов, како и она херојство на германските војници.
 

Manga

Golem alat
Член од
21 април 2006
Мислења
7.775
Поени од реакции
5.104
Гледам никој не го спомна Platoon (1986) на Оливер Стоун, срамота :). Добар филм за Виетнамското лудило. Одлична глума на Том Беринџер:cuc: и Вилијам Дефо.

Добра е онаа сценана у Гол Пиштол кога Лесли Нилсен со девојката искачаат од кино, го гледале Platoon, сите други се потресени, a овие двајцава се кинат од смеење. :pos2:
И ја барав тука дали некој ќе го спомне филмов :pos2: , еве налетав на тебе ... :)

Не сум го начекал на ТВ , па нормално преку торент ..и :vozbud: Р_Е_С_П_Е_К_Т .До сега еден од најинтересните филмови воопшто.

Како што кажале самите ветерани , овој филм можеби најреално ни прикажува што се случувало за време на Виетнамската војна.



 

Vlatko_Gjorce

Ѓубре
Член од
17 април 2009
Мислења
2.561
Поени од реакции
2.524
Добро што ме потсети, да го симнам конечно Hannah and Her Sisters , да видам зашто Мајкл Кејн му го лапна(л) Оскарот на Том Беринџер таа година(, и ако е заслужено, требало да направат отстапка, да им дадат и на двајцата. :) ) Не сум го видел Беринџер у друг филм толку добро да одглуми, кој :zver: е у Платун:

500fulla.jpg
Со В. Дефо го засенија Чарли Шин (јакиот глумец :icon_lol:) у филмот.

А тек ова која легендарна сцена e (од постерот), додека у позадина иде Адаџо 4 Стрингс, да не го поставувам клипот, пошто е спојлер :

21359118.jpg
 
Член од
7 октомври 2011
Мислења
29
Поени од реакции
4
Значи темава ја отварам со цел да најдам некој нов или стар филм кој го немам гледано со воена содржина на пример како филмот: ''Lord of the ring'' некој со старите римјани и сл. !
оставете линк од трилер и пишете го името..
фала однапред..

-се надевам дека темава е на место!!
 

џимеј

џимилино
Член од
4 март 2007
Мислења
10.433
Поени од реакции
25.347
Океј е темата, само има една ваква, се вика Воени Филмови. Ќе ја побарам и ќе ја спојам оваа со неа, таму имаш многу предлози, а исто така најди ја темата Водич низ галаксијата, таму имаш секакви предлози.
 

Apokalipto

Tredici
Член од
4 март 2007
Мислења
15.576
Поени од реакции
2.586
Читате ли бе каков филм сака :) - со стари војни... нешто што има мечови - витези...
 

Nemorosus

Маршал Изет Фазлиновић
Член од
5 ноември 2008
Мислења
2.598
Поени од реакции
627
The Pianist - втора светска војна, нема да погрешиш верувај.
 
Член од
31 мај 2011
Мислења
1.424
Поени од реакции
789
туф филмче шо имам за тебе се вика Behind the enemy lines вој да го гледаш обавезно нема да згрешиш, после имаш Enemy at the gate и вој е многу интересен и јак. Enjoy :)
 

џимеј

џимилино
Член од
4 март 2007
Мислења
10.433
Поени од реакции
25.347
Читате ли бе каков филм сака :) - со стари војни... нешто што има мечови - витези...
Тоа е веќе класификација - историски.
И дај ела пиши во Последен гледан филм едно 20тина филмој, ми недостигет предлози. :icon_lol:
 
Член од
31 мај 2011
Мислења
1.424
Поени од реакции
789
туф филмче шо имам за тебе се вика Behind the enemy lines вој да го гледаш обавезно нема да згрешиш, после имаш Enemy at the gate и вој е многу интересен и јак. Enjoy :)
Еве ти и со мечови xD
1.300
2.Гладијатор
3.Троја
;)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom