Имам неколку, али повеќето веќе ги имам сретнато. Само една имам така ептен сме блиски веќе 5 години контактираме, и све си делиме, али се немаме сретнато. Ептен сме далеку, у скрај света. Јас нај на запад, она нај на исток. Али можам слободно да кажам дека подобро ме знае од повеќето мои другарки што ги имам во живо, и истото и она ми го има кажано. И си кажуваме некои ствари само една на друга за кои што знаеме дека другарките во живо ќе не судат.
Како што кажаа други, добро е да се има некој, само да не се забега ептен, да се влезе у некој филм, и да се изолираш од вистинскиот живот а да бараш утеха само во тој интернет другар. Можеш многу повеќе да кажеш преку нет отколку во живо, затоа што многу луѓе се срамат да се отворат за одредени работи лице у лице.
Али мора да истакнам дека за интернет другари, само им верувам на Македонци. Никогаш не сум имала ниту пак ке имам интернет другар од страна. Што знам, некако по искрени сме. Мислам дека сите сме почнале на нет со лаги, коа сме имале 12-13 години и се кажувавме по 17-18, и можеби некои уште тоа го прават, но тоа обично се прави на мирц коа правиш муабети од стилот - Здр асл плс. Но кога веќе гледаш дека муабетот ти тргнал и дека секојдневно се слушаш со таа личност, едноставно се отвараш и за се си искрен. Што знам, барем личностите со кои што јас имам зборено такви се, можеби некои од вас не се слагаат, но повеќето се искрени после одредено време.
Затоа баш е супер да се има интернет другар, кога ти е тешко а немаш со кој да збориш, напиши им еден е-маил и ќе ти олесне. Само важно е да се воспостави еден баланс помеѓу сајбер и вистински живот, затоа што како што спомнав можеш едноставно така многу лесно да се затвориш и да се изолираш од надворешниот живот, и само да ги споредуваш тие што ги имаш во живо со тие што се на нет, и да се надеваш на еден живот што никогаш не би можел да го имаш.