Боди билдинг и теретани - прашања, одговори, заблуди, совети...

nE0n1nja

Eat nerds get shredded
Член од
25 јануари 2007
Мислења
3.468
Поени од реакции
3.270
Некој што користел или што знае добар начин на тренинг за корекција на непропорционални (uneven/imbalanced) мускули?
Знам дека има по интернетов еден куп видеа, ама сепак да видам што мислења ќе добијам и од тука.
Покрај добра форма односно подобрување на техниката како што е спомнато погоре, пробај и со воведување на унилатерални вежби односно вежби кои независно може да се изведуваат само на едната страна. Бидејќи колку и да изведуваш одредена вежба со правилна техника, појаката страна секогаш ќе доминира и асиметријата ќе остане. Но ако ги изолираш можеш послабата страна да ја вежбаш независно и постепено да ја доведеш на исто ниво со појаката.
Зависи за кои мускули се работи но во најголем дел од случаите тоа можеш да го постигнеш ако ги замениш вежбите со шипки и машини со вежби со бучици.
 
GavolRulz

hippopotomonstrosesquipedaliophobia
Член од
23 март 2008
Мислења
12.611
Поени од реакции
11.154
Член од
29 март 2013
Мислења
4.510
Поени од реакции
4.332
Остај ти програмата, кажи за која храна се одлучи, ради тебе настана војна во темата "Исхрана". :icon_lol:
Праша и испари.
Не, ради мене беше. :cool:
Немој да ме детронизираш.
 
Член од
25 септември 2016
Мислења
827
Поени од реакции
1.031
Програма се пишува за 1 личност, ова е план или патоказ како год милуваш да кажеш, за еден метод на вежбање кој се нарекува PHUL. Кој кај повеќе од 50% рекреативци не дал конкретен резултат, бидејќи не биле доволно поткрепени.

@nE0n1nja точно така, само постои огромен проблем при ова советување, а тоа е логиката. Логички да, но практично НЕ. За да навлезам зошто тоа е така, потребно ми е да ти приложам и "изџвакам" една цела наука наречена биомеханика...

Не се дрзнувајте да коментирате, ако не сте стручни за нештото.

Темиве се на ниво како емисијата на "Баба Рада", ме боли ногата - Чај од магдонос.
 
Епа ај ако не да ја избришеме темава а?

А да прашам само, што сте вие по струка СИТЕ?
Реално другар со сета почит према тебе и твојата СТРУКА, наука и образование ама малце во последно време ја тупиш со постовиве. Ако имаш конкретен и практичен совет да кажеш повели.
Ова е јавен форум и секој е добредојден да си го каже своето мислење колку и да е нестручно. Не ги обесхрабрувај луѓето да коментираат, ако не се согласуваш со мојот совет слободно корегирај го и дај му на човекот подобар - можеби сите ќе научиме нешто.

Јас го следев тој едноставен принцип и имав резултати. И не е измислен од мене. Tвојот совет беше повеќе како да се спречи асиметрија а не како да се корегира. Ако веќе имаш дисбаланс тогаш многу тешко ќе изведуваш вежби со правилна форма зашто посилната страна ќе доминира. Јас не логички, туку практично, ДА, го корегирав бицепсот со тоа што се фокусирав на вежби со бучици а привремено исфрлив прегиб на скотова и со права шипка. За некои мускули е потешко, но генерално принципот е тој.

Според моменталниов став што го гледам од твоите скорешни мислења ти вежбањето го ставаш на рамниште со ракетна наука и никој што не е стручен не треба да коментира, само доктори на науки треба да постираат во темава, која е 99 посто составена од рекреативни вежбачи. А па тие доктори на науки не коментираат зашто материјата е пресложена за ние обичните смртници да ја разбереме. :ROFLMAO:
Олабави, и ако имаш стручно знаење за корегирање на асиметрија или било кој друг совет, сподели го.
 
Член од
29 март 2013
Мислења
4.510
Поени од реакции
4.332
Ако веќе имаш дисбаланс тогаш многу тешко ќе изведуваш вежби со правилна форма зашто посилната страна ќе доминира.
Стануваше збор за градни мускули.
Не е некоја драстична разлика, но се приметува.

Имам еднорачни тегови (2х10), но реално тешко да корегирам во домашни услови.
 
Gjoroski

Master in Bodybuilding and Fitness Methods, IFBB
Член од
14 септември 2009
Мислења
1.332
Поени од реакции
998
Не ми објаснувај те молам, студент сум точно таму каде што се одвива курсот, плус сопственик на сертификат. Повторно со сета должна почит кон тебе како организатор и главен уредник, прифати ја критиката, потребни се темелни измени, законски сертификат може да даде било-која институција во таа дејност за завршен организиран курс, семинар и тн., а дали истата ќе биде прифатена од светско ниво тоа е сосема друга работа. Со 24 часа учење инструктор не се станува, исто како што не се станува инструктор со ЈуТуб совети.
Неможам така да ја прифатам критиката, затоа што треба да си конкретен, а со 'темелни измени', не си конкретен. Законски таков сертификат неможе да издаде било која институција, ако се применува законот за спорт, каде точно е наведено која е таа институција.
Биди конкретен, што е тоа што не е ОК, според тебе и што би го направила овој вид на курс по целосен и по издржан. Се работи за почетно ниво на курс за инструктори.
Мило ми е што си носител на Сертификатот, а се надевам дека си активен и дека си ги посетил и семинарите кои се одржани за ваша надградба.
 
nE0n1nja

Eat nerds get shredded
Член од
25 јануари 2007
Мислења
3.468
Поени од реакции
3.270
Стануваше збор за градни мускули.
Не е некоја драстична разлика, но се приметува.

Имам еднорачни тегови (2х10), но реално тешко да корегирам во домашни услови.
Можеш да пробаш со archer pushups. Ѕирни го видеово, има доста корисни совети што можеш да ги аплицираш во домашни услови:

Следново видео сега случајно ми се појави па го изгледав. Види Coach Greg кој е дипломиран кинезиолог и IFBB Pro го дава истиот совет (број 6 во видеото) што јас се дрзнав да го дадам погоре како "нестручен" :)

Член од
25 септември 2016
Мислења
827
Поени од реакции
1.031
Стануваше збор за градни мускули.
Не е некоја драстична разлика, но се приметува.

Имам еднорачни тегови (2х10), но реално тешко да корегирам во домашни услови.
Сопствена тежина, mind - muscle конекција, правилно изведување на вежбата со темпо "2-0-3". Најпрво започни со основата на телесните вежби, а потоа постепено надоградувај се. Кога правиш вежби со кои вршиш "туркање" користи темпо "2-0-3" со RPE9, додека кога правиш вежби со "влечење" користи темпо "2-0-2" со RPE8.

@nE0n1nja затоа сите сте со куп повреди и само 20-30% искористен од максимумот како почеток, вежбањето е разгранета наука која се дели на многу повеќе гранки. Нашиот менталитет е 0, бидејќи на јавен форум се дрзнува автомеханичар да даде погрешно мислење за фитнес, а фитнес инструктор да даде погрешно мислење во тема на автомеханичари.
 
Член од
5 април 2010
Мислења
602
Поени од реакции
214

Мислиш како почетник ќе погоди RPE9 ?
 
Делумно си во право, односно сфаќам од каде поаѓаш, меѓутоа не го разбирам твојот став.

Форумот е место за размена на лични искуства и мислења, не за стручна едукација. Секој што има одредено искуство и мислење на одредена тема може да се искаже, а секој што е постручен од него може слободно да го корегира.
Постојат репутабилни канали со видеа како оние две погоре кои нудат све што на еден рекреативец му е потребно. Не треба да имаш диплома за да ги користиш и споделуваш тие совети.

Може да објасниш како и зошто вежбањето со одредено темпо подобро ќе му ја изедначи асиметријата на градните мускули во однос на советите што јас му ги дадов, кои се поконкретни и поедноставни за примена? На пример archer pushups наспроти регуларен склек со темпо 2-0-3.
Исто така не му објасни што значи RPE ниту како се вежба според темпо. Голема е веројатноста да не знае, а тоа не е толку сложена материја па да не може да се објасни на форум. Иако според мене е непотребна и збунувачка во конкретниов случај, ама можда грешам :toe:
 
S.L

Желба по титула :D
Член од
1 јули 2013
Мислења
1.856
Поени од реакции
1.285
Ајде дечки некој шо се разбира баш онака да ми предложи добар протеин сакам онака "почист", поквалитетен.
Тренирам тоест вежбам долго време, ама увек сум бил на исхрана одколку суплементи, али сеа сакам да пробам да видам како ќе реагира и каков ефект ќе има на мене. Кој знае нека предложи. Јас глеав нешо, ама пошо не сум конзумирал па боље е некој точно да ми предложи шо да зеем.
 
GavolRulz

hippopotomonstrosesquipedaliophobia
Член од
23 март 2008
Мислења
12.611
Поени од реакции
11.154
Ајде дечки некој шо се разбира баш онака да ми предложи добар протеин сакам онака "почист", поквалитетен.
Тренирам тоест вежбам долго време, ама увек сум бил на исхрана одколку суплементи, али сеа сакам да пробам да видам како ќе реагира и каков ефект ќе има на мене. Кој знае нека предложи. Јас глеав нешо, ама пошо не сум конзумирал па боље е некој точно да ми предложи шо да зеем.
ISO100 на Dymatize (изолат)
ISO WHEY ZERO на BioTech USA (изолат)

Тие се "најчисти", ама и најсолени на цена.
Автоматски споено мислење:

@S.L Исто така добри ти се и 100% Whey Gold Standard на Optimum Nutrition (изолат/концентрат), го користам веќе скоро 10 години и Elite Whey на Dymatize (изолат/концентрат).
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom