Биди ѓубре за да те ценат?

PokerFace

I'll never be the same..
Член од
30 март 2009
Мислења
1.212
Поени од реакции
623
Не се сложувам со мислењето на повеќето дека ако си ѓубре повеќе ќе те ценат...Можеби затоа што секогаш се наоѓа некој кој што вистински те познава и знае каков си,дека не си воопшто таков/а ко што сакаш да се прикажеш на луѓето околу себе ! Има некои што од роџење си се прави мали ѓубренца ама тие си се посебна приказна за себе...Она што сакам да го кажам е дека баш оние што се прават лоши [ѓубриња] се поголеми кукавици од сите останати затоа што почнуваат да стравуваат да ги покажат своите чуства на сите околу себе и се затвараат и стануваат се полоши и полоши.



--- се сложувам!
но во секој случај
си останувам на оноа дека ако не те познаваат доволно треба да си некој фраер за да те поштуваат и слично! :)
 

Morbid

грофица
Член од
6 јануари 2009
Мислења
109
Поени од реакции
12
зависи какво ѓубре.Ако си ѓубре што шири неподнослива реа тогаш сите ке бегаат од тебе.А ако си деминутив од ѓубре тогаш проаѓаш до негде
 

babydol

Copy...
Член од
15 јули 2008
Мислења
1.561
Поени од реакции
92
Секој ден се повеке заклучувам дека повеке толеранција, добродушност не успева повеке, затоа што тргнувајки од себе гледам дека така не дојдов до никаде освен до тоа да ме користат сите , да го извлечат она милото за на крајот да си ги остварат своите цели.
Иакао се обидувам и она време кога сум лоша да го направам да бидам добра , сакам да се поправам ама изгледа на светов ретки се тие на кои можам да им го дозволам тоа сите други , останати заслужиле само да ги газиш за да добиеш почитување од нив!!!!
 
Член од
16 април 2008
Мислења
2.509
Поени од реакции
2.348
Не се сложувам дека ако си ѓубре повеќе те ценат мене нема потреба да ме ценат луѓе кои сами не се ценат доволно ми е да ме ценат оние што ги ценам јас....
 
N

nUt

Гостин
Не треба да бидете некој и нешто за да ве ценат...
постојат доволно личности на светов кои што може да ве сакаат такви какви што сте....
не се замарајте со мислењата на останатите...
тие се опседнати и незнаат да уживаат во животот..
па затоа бараат мани во вашиот несфаќајќи дека нивните се побројни...
секогаш бидете свои..
без разлика каде и со кој.....
 

Marshmallow

◦Kajganaholic◦
Член од
28 март 2009
Мислења
450
Поени од реакции
25
Не...не сум за тоа да бидам ѓубре за да ме ценат.Пошто фала богу има и такви што знаат да ме ценат и без да сум ѓубре!
 

devojka111

i'm real
Член од
28 декември 2008
Мислења
1.937
Поени од реакции
148
Никако не се сложувам со насловов на темата. Оваа тема се конфротира со темата -Дали вреди да се биде добар- и таму, но и овде ќе одговорам дека ДА вреди да се биде добар, само треба да се издржат оние моменти на разочарување, моменти кога сме почувствувале дека светот ни се срушил и кога за момент сме помислиле дека најдобро е да -"бидеш ѓубре да те ценат".
Треба да ни биде јасно дека кога тогаш, најчесто кога најмалку очекуваме добрината ќе се исплати!
 
M

Mario Gómez

Гостин
Ова е мотото на политичарите,извинете и овде шо пишем за политика ама не е точно дека треба да се ѓубре.И да те ценат другите ти самиот себеси со тоа не се цениш, си го упропастуваш доброто расположение иако за некои да се биде ѓубре е битен сегмент од животот.Во одредени ситуации мора да покажеш заби и став за да те ценат, иако со тоа можеш и да навредиш некого.
 

mala 16

mala
Член од
16 април 2009
Мислења
4
Поени од реакции
1
зависи какво ѓубре.Ако си ѓубре што шири неподнослива реа тогаш сите ке бегаат од тебе.А ако си деминутив од ѓубре тогаш проаѓаш до негде



се согласувам... темава е супер само да додадам дека сите во нас носиме по нешто заебано. Ако бар во светов постоеа 30% луѓе без грешки и луѓе кои не се ѓубриња, светов ќе цветаше. Ама добро кој како си ја наредил... Па на крају краева како што ти прават така враќај. А бар според мене тоа не е лошо. Така само ќе се избориш за себе и ќе научиш нешто плус. А со тие што се ок и фини секако со добро :toe:
 
Член од
12 јануари 2009
Мислења
721
Поени од реакции
40
Честа вистина порано бев јас многу добар и на сите што побараа помош од мене јас и да можев и да не можев им помагав некако во последно време не фермам никого ни 2% и многу ми е подобро
 
Член од
13 декември 2008
Мислења
449
Поени од реакции
16
Кога си губре ке ти изгледа дека повеке те ценат а уствари позади грб лом те праат, затоа преферирам да бидам добар секогаш кога можам
 
T

TaMчЕ

Гостин
Јас мислам дека треба да бидеш ѓубре со оние кои заслужуваат.Оние со кои си бил многу добар и близок,а ти вратиле на многу грд начин.А не треба постојано да бидеш таков зашто мислам дека таквите тешко наоѓаат пријатели и тешко ги задржуваат подолго време.За да те ценат не треба да бидеш ѓубре туку треба сам да си создадеш штит околу тебе за другите да имаат почит кон тебе и да ги знаат границите до кои смеат да одат
 

POWER-MKD

Per aspera ad astra
Член од
1 март 2008
Мислења
4.763
Поени од реакции
644
За разлика од порано, сега сум станат груб на некој мој начин. Сум ѓубре кон оној што заслужил. Кон оној кој си е мирен и искрен со мене, сум добар како леб. Ама еднаш згази ми каде што боли, ќе те срамнам со земја. И тоа не со сила, туку со зборови. :helou:
 

Крусер

Тотем Пума
Член од
4 јули 2008
Мислења
3.552
Поени од реакции
1.606
Ако си ѓубре, ќе те ценат како ѓубре.
Ако си човек, ќе те ценат како човек.

Ѓубрето, ако види човек, ќе сака да го загади. Човекот, ако биде ѓубриран од ѓубрето, ако е човек, нема да стане ѓубре и ќе остане човек. Ѓубрето, бидејќи може да егзистира само меѓу друго ѓубре (инаку станува човек, што е спротивно на неговата природа), ако не може овој човек да го направи ѓубре, ќе си оди од него и ќе бара други потенцијални ѓубриња. На крајот ќе заврши на отпад, мешу сите други ѓубриња.

А човекот ќе среќава многу ѓубриња во својот живот кои сакаат и од него да направат ѓубре. Ако остане човек кон сите и покрај тоа, кон него ќе пристапуваат само другите луѓе, а ѓубрињата сами ќе си одат (тие можат да поднесат само смрдеа и распаѓање, додека чистиот дух за нив е погубен).
 
B

Blacks

Гостин
Ако си ѓубре ќе те ценат како човек
Ако си човек ќе те ценат како ѓубре.

Зборувам од лично искуство. Кога бев добар не бев ценет воопшто. Почнав сите да ги газам и работите се сменија. Совет од мене... Бидете најголеми ѓубриња за да бидете посреќни.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom