Биди ѓубре за да те ценат?

Член од
28 декември 2011
Мислења
4.371
Поени од реакции
6.207
Не држи вода ич ова. Професори кои ја злоупотребуваат позицијата за да омаловажуваат студенти не уживаат почит туку страв. Исто и политичари и слично.
Тоа се луѓе кои чувствуваат потреба дополнително да ја импонираат сопствената авторитативност.

Е сеа, луѓе стануваат bullies од многу причини.
Може да бидат културолошки, социолошки, семејни, неуролошки и така натаму.
Според истражувања во Чикаго, евидентирано е дека ваквите луѓе уживаат во нанесување
на физички и психолошки повреди.

Претходно се мислело дека станува збор за неемпатични луѓе кои не чувствуваат ништо, односно дека станува збор за емотивно мртвило кое им дозволува да вршат антисоцијални дејанија без чувство за последица. Сепак новите истражувања покажале дека овие луѓе на некој начин се дури и поемпатични од non-bullies.
Претходни истражувања покажале дека кај луѓе кои сведочат нанесување болка се активираат истите делови од мозокот кои би се активирале доколку тие самите би ја чувствувале болката. Новите истражување покажале дека истите центри се дури и поактивни кај bullies, само што емпатскиот фидбек е пореметен од други мозочни центри кои се поврзани со награда и задоволство.

Како и да е, луѓето не ја заслужуваат почитта ниту со наивно понашање, ниту со шупачко понашање.
Професори кои се малтретирани од ученици и студенти го трпат тоа понижување бидејќи се поставиле премногу наивно.
Не покажале самодоверба на работното место, имале порозна принципиелност итн.
Учениците и студентите можат многу лесно да ги експлоатираат овие недостатоци и да капитализираат на нивна основа.

На почетокот на темава се поставени две дијаметрално спротивни екстреми и ниедна не функционира.
Колку и да звучи излитено и клише, доколку не се почитуваш себеси, никој нема да те почитува.
Со самиот недостаток на самодоверба кај луѓето се јавуваат други проблеми.
На пример, доколку некој стравува дека може да се искикса и луѓето да го сметаат за глупав, многу е веројатно навистина да се искикса поради стресот кој
му го генерира стравот.
Нормално, изживување врз колеги е исто така непожелна екстрема. Придонесува единствено до привлекување
на омраза и исфрустрираност према лицето.
Затоа е исто толку битно да се почитуваат колегите и да се третираат достоинствено. Ниту шупачки, ниту како слабак.
 
Последно уредено:
Член од
3 мај 2009
Мислења
155
Поени од реакции
57
Не само за да те поштуваат туку и за да те сакаат.. Ако си предобар да глеаш само добро да направиш секогаш ќе го јадеш од и нон стоп ќе те користат... Мада и не треба да бидеш ептен ѓубре - Треба да бидеш добро човече со примеси на ѓубре :|
 

.Sky.

Заменик министер без титула
Член од
15 февруари 2013
Мислења
6.857
Поени од реакции
7.241
Па не би рекол... Пред се може да те цени правилно оној кој навистина те знае каков си како личност и тоа само вистинскиот човек знае да цени. Останатото е само залажување на самите себе си и мачкање очи на другите.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom