Колку е само точно ова.За жал луѓето се мазохисти и ценат кога некој кон нив се понаша како кон ѓубре.Најверојатно го прифаќаат тоа некој со своето однесување да се стави над нив,да им се наметне како авторитет без разлика дали вреди толку или не.И да,понекогаш е стравот во прашање,стравот дека ако се спротистават ќе бидат исмеани од страна на таа личност,но има случаи кога некои луѓе навистина се восхитуваат од таквото однесување.Тоа ми е неразбирливо но имам сретнато многу такви случаи.Јас се трудам да не бидам ѓубре кон никого без разлика како се поставил кон мене.Ако некој се постави лошо кон мене воопшто не комуницирам со таа личност, се разбира колку што дозволуваат приликите.