Адвокатура

POWER-MKD

Per aspera ad astra
Член од
1 март 2008
Мислења
4.763
Поени од реакции
644
Добро бе колега...:wink: а на што мислиш да се запишеш? Мене ептен ме бунат насокиве, не знам дали второ да го пишам финансово или меѓун.
 
Jakov

Тато
Член од
24 јули 2005
Мислења
2.360
Поени од реакции
58
Pravnik so zavrsen fak. sto saka da stazira vo adv.kancelarija na PP slobodno pisete mi.
Вчера конечно дипломирав и еве сега сум во потрага по адвокат.така да ако знаете некој адвокат што има потреба од приправник веднаш пишете ми приватна порака. Само за напомена , немам ама апсолутно никаква намера да работам за без пари!
Pravnice citaj be malku.
Te cekame da pokazes interes.
:)
 
Pravnice

The Don
Член од
15 ноември 2007
Мислења
2.462
Поени од реакции
1.433
Pravnice citaj be malku.
Te cekame da pokazes interes.
:)

абе јас го прочитав тоа само датата на постот е малку постара па мислев дека таа работа е веќе завршена! Ама чим викаш , ОК! Па, ако имаш некоја понуда за мене бујрум.ај ќе те ти пишам приватна порака.
 
Tomasino

За својот народ и за тебе, морав јас да робувам.
Член од
19 март 2009
Мислења
9.238
Поени од реакции
19.396
Адвокатурата во секој случај е добар занает,а во повеќето случаи е исплатлив,можеби парите нема да дојдат наеднаш,ама со тек на време ќе пристигнат:wink:-
Точно е дека има многу адвокати низ Македонија,ќе кажам статистички податок,конкретно за Битола,моментално има околу 150 адвокати со свои канцеларии и печати,кои работат на подрачјето на Битолската Општина.
(+тука се и адвокатските приправници кои со заменичко полномошно застапуваат странки).
И ќе кажам дека за повеќето адвокати има работа,сеа секако не ќарат сите добра пара,ама за да извадат една добра плата сигурно има.
Стажирам во Битолскиот суд,и повеќето адвокати речиси секој ден се присутни во судот,еден просечен адвокат дневно има барем по едно рочиште на предмет,а додека покрупните зверки:wink: имаат мин по 4,5-па земаат и приправници за да престигнат со работата.
Ако се земе дека едно застапување на рочиште од страна на адвокат по Адвокатска Тарифа се наплаќа по околу 3000 ден(а некогаш и повеќе,зависи од спорот),+за издавање на полномошно (со кое странката го овластува адвокатот да ја застапува во предметоот)се наплаќа 1200 денари,+ за состав на тужба од 1200 денари па до нешто над 3000 денари(повторно зависи од спорот и неговата висина), и на крај кога ќе се сумира се,се прави трошковник кој се наплаќа 1300 денари,еден предмет во просек има 2,3 рочишта најмалку-значи мин околу 12 -15 000 денари се заработува по адвокатска тарифа од еден завршен предмет,без разлика дали ќе го добиете-доколку го добиете можете со странската да се договорите за екстра сума која треба да ви ја плати и сл.
Мал опис низ цифри за тоа колку заработуваат просечните Битолски адвокати,ове е за најпрости случаи,а додека големите имиња земаат далеку повеќе!!!
Нормално си имаат свои давачки,даноци,обврски кон Адвокатската Комора,плаќање на кирија..... и итн.
Мислам дека се исплатува адвокатурата,барем за певеќето!!!:wink:
Но,добро кажаа повеќе членови кои постираа на оваа тема.
Ништо нема преку ноќ,можеби ќе поминат и повеќе години кога нема да видите заработувачка од вашата работа,треба трпение и работа,да се стекните со некој углед и рејтинг да привлечите клиенти.
Обично навиките на луѓето кога ќе им се појави некој правен проблем е-ВЕДНАШ ОДАТ КАЈ НАЈЈАКИТЕ И НАЈПОЗНАТИ адвокати,значи добриот глас надалеку се слуша.
Повеќе од точно е дека треба ПОЗАДИНА,голем круг на пријатели во сите сфери на општеството,со тек на време треба да се изборите за се ова,помладите правници на кои родителите им се адвокати нема да изодат толку трнлив пат за да стигнат до некое повисоко ниво од обичните правници кои сами се пробиваат напред и се обидуваат да станат адвокати.
Точно е и дека на слава на мама и тато не се живее вечно,ама во Македонија некогаш и на важат тие правила,скоро секогаш се гледа прво дали имаш јака врска зад тебе,па после се останато:toe:
Лично за мене ќе си кажам,завршив Правен Факултет во Скопје пред околу 7 месеци.
Од првин се обидов да најдам некое место да стажирам кај некој адвокат во Битола,ама одеше екстремно тешко-кој имаше веќе приправници,кој не сакаше да прими,кој чувале место за своите деца кои биле на факултет и тн-
А најтрагично од сето тоа е,од муабети шо имам слушано од постари колеги кои имале искуство да стажираат кај адвокат,дека не добивале редовно надоместок за стажот=значи џабе работата:pusk:)со секоја чест на одредени исклочоци).
Па поучен од сето тоа,решив и така ми треба искуство да одам во судот и не погрешив.еве веќе два месеци сум таму,и сум ептен задоволен.доста работи се учат кои во иднина ќе ми бидат од огромна корист.
За заработувачка ќе почекам уште некое време,трпение,па се надевам дека тоа шо е мое ќе си дојде-мора верба во себе.:pipi:
Има време,прво да се положи правосудниот. па ќе правиме план за понатаму.
На младите светот останува нели ,па дај боже еден ден да ги замениме постарите адвокати:mist:
Се изнапишав,се надевам нема да замерите:kesa::salut:
Сепак мислам ќе ме разберат колегите правници за дожината на постот:3:
 
POWER-MKD

Per aspera ad astra
Член од
1 март 2008
Мислења
4.763
Поени од реакции
644
Мене ме кочи факултетот бидејќи дипломирав по новата програма (а уствари истите предмети се, само во 3 години), и од факултетот уште немале пратено допис до правда, дека уствари тоа е истото.
 
Tomasino

За својот народ и за тебе, морав јас да робувам.
Член од
19 март 2009
Мислења
9.238
Поени од реакции
19.396
Мене ме кочи факултетот бидејќи дипломирав по новата програма (а уствари истите предмети се, само во 3 години), и од факултетот уште немале пратено допис до правда, дека уствари тоа е истото.
За вас шо студирате по новиот систем,мислам дека важи правилото 3+2 за да види биди дозволено да стажирате!!!
Инаку со само тие 3 години завршени не се признава стажот.
 
Член од
10 март 2007
Мислења
242
Поени од реакции
46
еееее порано правен беше правен , не можев да зуцнам , а сега блазе си му на помладиве 3+2 :))))
 
Justice for All

Tempus fugit
Член од
17 јули 2008
Мислења
1.372
Поени од реакции
85
Па искрено да ти кажам, нема не што да завидуваш. Јас завидувам на тие по стара програма. Имам чувство дека тогаш се учело ко што треба, а не сеа....
Толку е паднат критериумот немаш појма.
 
Tomasino

За својот народ и за тебе, морав јас да робувам.
Член од
19 март 2009
Мислења
9.238
Поени од реакции
19.396
Па искрено да ти кажам, нема не што да завидуваш. Јас завидувам на тие по стара програма. Имам чувство дека тогаш се учело ко што треба, а не сеа....
Толку е паднат критериумот немаш појма.
Без намера да навредувам некои помлади колеги кои сега студираат по тој нов Болоњски систем,ама мислам дека системот е ТОТАЛНА УТКА:kesa:
Не се учи право со тестови со заокружување:shok:
Има некои предмети кои мора опширно да се совладаат,и да видат професорите низ прашања дали писмено или усно-(ние повеќето ипсити ги полагавме и писмено и усно)колку знаат студентите.
Порано се знаеше,од материјал од 500 страни ти паѓаат 3-6,8 прашања па бујрум одговорите и да видиме кој колку знае.
На времето,уште пред јас да се запишам на Правен а и јас кога студирав ,беше екстремно тешко да заврши некој на време,(просек беше 6,7 години до диполма)премногу беше строг критериумот,посебно на некои испити како Граѓанско и Стварно во втора,кај Родна беше премија да положиш-просек по 5,6 пати полагаше еден просечен студент,зафрканото беше Применета во трета,МПП,а за во четврта да не правиме муабет-легендата Арсен :helou: и уште полегендарниот Миодраг Мицајков:nesvest:
Сеуште имам колеги кои со години не можат да положат кај овие два професори,а им е последен испит.
Можеби тоа шо не пуштаа лесно е до некаде корисно,зошто се бара поголемо знаење,и ќе се совлада материјата повеќе.
Право не се учи со заокружување,единствено е позитивно шо предавањата се подобри од старот систем,има подобар однсо професор/асистент-студент,поголема интеракција меѓу сите,и тоа е позитвно во секој случај.
Ние не ни одевме редовно на предавања:eek:jea:
Како и да е,и минатиот систем си имаше некои недостатоци,и овој-сепак крајно мислење е дека старата програма беше подобра за студентите.
:salut:
 
rossonerka

too good to be true
Член од
8 октомври 2007
Мислења
6.081
Поени од реакции
889
За вас шо студирате по новиот систем,мислам дека важи правилото 3+2 за да види биди дозволено да стажирате!!!
Инаку со само тие 3 години завршени не се признава стажот.
Kај нас не важи ниедно правило :)
Нема правило, ништо не е официјално одлучено што е со новиве програми. А за тоа ние сме најмалку криви студентите, али сепак товарот најмногу паѓа на нас.
Посакувам да бев по старата програма, се знаеше што како. Вака ни криви ни дужни ние си го кркаме.
Со 3 години засега 100% немаме право на стаж. Али се планира да има измени и да се дозволи со 3 години да се стажира. Па и логично е тоа. Дипломиран правник си а немаш право на стаж, глупост. Ако не дозволуваат зашто тогаш направија измени во програмата за студирање? Пола изменија, пола остана неизменето. Македонска работа.
Јас сум на приватен факултет и 3+2 сум со тоа што можеш и на 4тата година да си прекратиш со студирањето и добиваш назив специјалист по правото. Имам колеги кои имаат поднесено барање за стаж, дека си имаат земено 4 години. А дали им одобриле не знам, ама би требало. Во 5тата година кај нас имаме 2 семестри, а на државниот колку штто знам 1 имаат. А среќна сум што на приватните универзитети се со раскажување сите испити, нема заокружување кај нас. И паметно.

Така да кога станува збор за стажот дива лига е.
 
Мајло

B I S
Член од
22 јуни 2009
Мислења
1.594
Поени од реакции
940

И јас сум на приватен правни науки и кај мене нема ништо на заокружување,а ми предаваат и некои професори што предаваат на државниот.
Сакате да кажете дека после тие 3 години немам право на стаж?!А значи се планираат измени ама кога би стапиле на сила тие измени?Што после тие 3 години кога нема да можам да стажирам?
Глупости невидени,а за тоа дека порано било подобро не би рекол баш.Претерано било тешко,татко ми има во Скопје почнато со правни студии,потоа во Белград и никогаш не успеа да стане адвокат,после неколку обиди не му успеало и се откажал.Сепак мислам дека сега е подобро.
 
Тие измени за можноста да се стажира со завршување на 3тата година, кога стануваш дипломиран правник, веќе 5та година по ред е сеуште само план. Без реализација нормално.
Јас сум моментално 5та година т.е 2ра година од мастер студиите и сум првата генерација по болонска систем 3+2 и откако се запишав прва па се до сега нема никакви измени освен во образовниот систем. А оние предвидени измени во смисла на стажирање, полагање правосуден си стојат недопрени. Плус се предвидуваше да има измени во стажирањето да се намали на 1 година. Ама ништо од сето тоа.
Колку што слушнав адвокатската комора несака да прави измени за да не се зголемел бројот на оние што ќе стажираат ако направат со 3 години. А вака кога ништо не се знае, не знам дали подобро им е и поубаво се чуствуваат кога ги маткаат студентите?
Засега со 3 години никој нема право на стаж.
 
Terebellum Sagittarii

Несопирлива
Член од
25 јули 2007
Мислења
1.194
Поени од реакции
578
Мене ме кочи факултетот бидејќи дипломирав по новата програма (а уствари истите предмети се, само во 3 години), и од факултетот уште немале пратено допис до правда, дека уствари тоа е истото.
По старата програма беа 35 предмети, а по новата 25. Ние имавме испити и над 1000 страни, а кај вас се ограничени на не знам колку. Полагавме писмено со раскажување, а после усно. Не знам како новава генерација со 3 години, кои не отвараат уста на факултет(не седнале пред Асен да ги здрма) и заокружуваат на испит, ќе можат да седнат во судница, и да застапуваат, кога имаат адвокат и странки и судија и порота пред нив.
Затоа мислам дека е оправдано да можат да стажираат после 5 години на факс, бидејки колку што знам, тогаш и ги имаат оние вистински испити и ги полагаат усмено (се надевам). Инаку не гледам колку ќе бидат добри како приправници. Не е исто старата и новата програма.
 
Член од
9 јануари 2012
Мислења
4
Поени од реакции
0
па ќе се запишам бе,ама паралелно ќе си стажирам! Сакав паралелно и демонстратор да бидам , ама решив да идам на квалитет а не на квантитет.
хахахахахаха
ке си записел и ке си стазирал хахахаа
со среќа другар
 
Kajgana Shop

На врв Bottom