Адвокатурата во секој случај е добар занает,а во повеќето случаи е исплатлив,можеби парите нема да дојдат наеднаш,ама со тек на време ќе пристигнат:wink:-
Точно е дека има многу адвокати низ Македонија,ќе кажам статистички податок,конкретно за Битола,моментално има околу 150 адвокати со свои канцеларии и печати,кои работат на подрачјето на Битолската Општина.
(+тука се и адвокатските приправници кои со заменичко полномошно застапуваат странки).
И ќе кажам дека за повеќето адвокати има работа,сеа секако не ќарат сите добра пара,ама за да извадат една добра плата сигурно има.
Стажирам во Битолскиот суд,и повеќето адвокати речиси секој ден се присутни во судот,еден просечен адвокат дневно има барем по едно рочиште на предмет,а додека покрупните зверки:wink: имаат мин по 4,5-па земаат и приправници за да престигнат со работата.
Ако се земе дека едно застапување на рочиште од страна на адвокат по Адвокатска Тарифа се наплаќа по околу 3000 ден(а некогаш и повеќе,зависи од спорот),+за издавање на полномошно (со кое странката го овластува адвокатот да ја застапува во предметоот)се наплаќа 1200 денари,+ за состав на тужба од 1200 денари па до нешто над 3000 денари(повторно зависи од спорот и неговата висина), и на крај кога ќе се сумира се,се прави трошковник кој се наплаќа 1300 денари,еден предмет во просек има 2,3 рочишта најмалку-значи мин околу 12 -15 000 денари се заработува по адвокатска тарифа од еден завршен предмет,без разлика дали ќе го добиете-доколку го добиете можете со странската да се договорите за екстра сума која треба да ви ја плати и сл.
Мал опис низ цифри за тоа колку заработуваат просечните Битолски адвокати,ове е за најпрости случаи,а додека големите имиња земаат далеку повеќе!!!
Нормално си имаат свои давачки,даноци,обврски кон Адвокатската Комора,плаќање на кирија..... и итн.
Мислам дека се исплатува адвокатурата,барем за певеќето!!!:wink:
Но,добро кажаа повеќе членови кои постираа на оваа тема.
Ништо нема преку ноќ,можеби ќе поминат и повеќе години кога нема да видите заработувачка од вашата работа,треба трпение и работа,да се стекните со некој углед и рејтинг да привлечите клиенти.
Обично навиките на луѓето кога ќе им се појави некој правен проблем е-ВЕДНАШ ОДАТ КАЈ НАЈЈАКИТЕ И НАЈПОЗНАТИ адвокати,значи добриот глас надалеку се слуша.
Повеќе од точно е дека треба ПОЗАДИНА,голем круг на пријатели во сите сфери на општеството,со тек на време треба да се изборите за се ова,помладите правници на кои родителите им се адвокати нема да изодат толку трнлив пат за да стигнат до некое повисоко ниво од обичните правници кои сами се пробиваат напред и се обидуваат да станат адвокати.
Точно е и дека на слава на мама и тато не се живее вечно,ама во Македонија некогаш и на важат тие правила,скоро секогаш се гледа прво дали имаш јака врска зад тебе,па после се останато
Лично за мене ќе си кажам,завршив Правен Факултет во Скопје пред околу 7 месеци.
Од првин се обидов да најдам некое место да стажирам кај некој адвокат во Битола,ама одеше екстремно тешко-кој имаше веќе приправници,кој не сакаше да прими,кој чувале место за своите деца кои биле на факултет и тн-
А најтрагично од сето тоа е,од муабети шо имам слушано од постари колеги кои имале искуство да стажираат кај адвокат,дека не добивале редовно надоместок за стажот=значи џабе работата:pusk
со секоја чест на одредени исклочоци).
Па поучен од сето тоа,решив и така ми треба искуство да одам во судот и не погрешив.еве веќе два месеци сум таму,и сум ептен задоволен.доста работи се учат кои во иднина ќе ми бидат од огромна корист.
За заработувачка ќе почекам уште некое време,трпение,па се надевам дека тоа шо е мое ќе си дојде-мора верба во себе.
Има време,прво да се положи правосудниот. па ќе правиме план за понатаму.
На младите светот останува нели ,па дај боже еден ден да ги замениме постарите адвокати:mist:
Се изнапишав,се надевам нема да замерите:kesa::salut:
Сепак мислам ќе ме разберат колегите правници за дожината на постот:3: