Здраво. Ако може одговори на моиве прашања ве молам членови на форумов.
Неколку месеци поминаа откако магистрирав на Јустинијан Први работам натаму наваму што ќе стигнам за некој денар ама сега сакам да стажирам. Но немам информации околу некои работи па ако може да ми се објаснат некои работи.
1. Прашањето ми е дали откако со овие мои завршени 5 години магистратура можам да стажирам или да бидам приправик кај адвокат во адвокатска канцеларија, или нотар во нотарска канцеларија или кај извршител или некаде во некоја правна фирма да стажирам, и дали за стажирањето од 1 година колку што е потребно за да можам да полагам после правосуден испит, дали за таа една година стажирање освен што ќе ми тече работен стаж дали ќе добивам од адвокат, нотар, извршител или правна фирма и некој минимален симболичен паричен надомест за пат и храна (неколку илјадарки) колку да не е без ич.
2. И дали јас ќе стажирам таа една година и ќе бидам стажирант или ќе се водам како приправник ако може појаснување.
3. Еден мој пријател после 5 години магистратура оди кај адвокат ми кажа дека адвокатот ништо не му плаќа ниту еден денар и плус дури сега трошоците за придонесите за пензиско, здравствено и социјално осигурување не се на товар на адвокат како порано, туку сега тие трошоци ги плаќа државата а адвокатите ништо не плаќале за тие придонеси, и пак адвокатот на пријателот ниту денар не му плаќа месечно.
Дали е така кај сите адвокати или едноставно мојот пријател таква среќа имал да налета на таков адвокат. Дали другите адвокати плаќаат некој денар за патни трошоци и храна кога веќе по ново не плаќаат ништо за придонеси?
Искуства ве молам да ми споделите. Благодарам однапред.