Адвокатура

Струмикс

Еден...не го знаеш!
Ситуација:

Дипломиран правник, работа нема, положил правосуден испит, не работи кај адвокат и решава да отвори адвокатура.

Што мислите за адвокатите кај нас? Дали новите адвокати имаат простор за просперирање во конкуренција на веке познатите адвокати, кои неретко и вработуваат повеке адвокати во нивните „компании„?
Кој е просперитетот на оваа професија за еден просечен млад, тазе дипломиран правник кај нас?
 

Jakov

Тато
За просечен млад тазе адвокат ако нема позадина(грб) веројатно тешко.
Ако го бива може и да успее ама треба доста работа и треба да се најде на право место и со прави луѓе. За да се успее денес во адвокатурата мисламд ека треба бајаги а го пржите газот кај некој адвоката(без разлика дали иамте или не правосуден). Само таму и само така ако ве бива ќе успеете и тек после можете самостојно да терате канцеларија инаку мноооогу факинг тешко.
 
мислам дека НЕ, треба прво да стекнеш искуство да те знаат по судовине да имаш врски и да бидеш мошне влијателен и респектиран.Брат ми пред некое време заврши правосуден и сега работи кај еден адвокат и мислам дека најпаметно му е така да почне па кога ќе се испече во занаетот да си отвори канцеларија, а не он сакаше уште од одма и мислам дека ќе направеше грешка и ќе избрзаше многу
 

JeCILaDy

Move Away
Мислам дека треба да имаш некој да те истурка, во спротивно, сам тешко дека ќе можиш да излезиш на површина.
 
Мислам дека перспектива и нема баш некоја,како адвокат,ама затоа како медијатор..хм...???
Додуша,ако е добар,ако има план и време (трпение),може да стане добар,ценет и баран адвокат.Таквите се ретки.
Инаку, адвокати има со лопата да ги ринеш.И тоа добри,но просперитет, живот од адвокатура,барем во Скопје,за младите нема.
Ги чекаат метузалемите,кои створиле име да заминат.И се изначекаа, неколку мои пријатели,па преминаа во медијатори,или се снајдоа во добростоечки фирми.

Праша,јас си кажав.:(
 

Струмикс

Еден...не го знаеш!
Пааа, најмногу од тие причини, јас досега не станав адвокат. Сега ме фати меракот да се потрудам малце околу тоа. Сепак, што и да работам во животот, најмногу би уживал во адвокатурата. Тоа е првата и основна причина зошто тргнав на Правен, го завршив и сега пак учам правосуден.
 
мислам дека и треба да продолжиш, најубаво нешто во живототе да го работиш тоа што го сакаш а не тоа што ти го наметнуваат, за работа после ако те бива се наоѓа , само ние кукаме( МАКЕДОНСКА РАБОТА) дека немало работа , епа нема ако не побараш и не се потрудиш
само напред и со среќа
 

Ѕвер

Перфекционист
Секој почеток е тежок, па нормално и за тазе адвокатите.За адвокат треба многу многу трпение, упорност и радозналост.Но доколку аспирациите се поголеми од тоа да се постане просечен адвокат, тогаш адвокатот мора да кружи и во некои "повлијателни кругови" за да може да дојде во контакт со "посериозна" клиентела, но и се повлијателни особи кои би му помогнале во неговата работа, затоа што знаеме дека бавење со ваков вид на работа е повеќе од сериозна ствар и не се дозволува "наивност"
 

Jakov

Тато
Во било која професија па и во адвокатурата ако се работи и ако си квалитетен ќе успееш без разлика на тоа што има многу гелиптери кои проаѓаат на полесниот начин.
Стандардно за македонски услови сите адвокати своите деца си ги пораснаа во адвокатчиња. Ама што ако копиљот не го бива? Еден ден ќе го нема тато/мама да му помага и да му мести предмети. А и да го има ако не го бива џабе му е. Зборот ми е ако си добар ако сакаш да успееш и пред се ако сакаш да работиш може да се направи кариера.
:duel:
 
Vidi vaka iden kolega Strumiks ja ke ti kazam realno najrealno kako e ...

1. sluchajni stranki ne postojat ( toa e retkost edna u tri meseca ) i toa ako si na dobra lokacija.

2. nabrzo ke doznaesh koi ti se prijateli koga ke otvoris sto znaci stranki odtakanarecheni prijateli ne ochekuvaj premnogu.

3. u konstanten minus si od okolu 250 evra minimum mesecno ( sto za kirija, za benzin , za tekovni raboti ), za garderoba i izleguvanje , muvanje megju luge ne ni zboram kolku plus extra luxuz pari ti treba... Uvek morash da bidesh JACK , nikad da ne se oseti deka nemas pari , uvek treba da licis deka si mnogu jak i aroganten, a so skinati konduri ne mozes da ja stvorish taa slika.

4.toj minus treba da go izdrzish barem 3 godini za da se svrtat nekoi predmeti koi mozesh da gi naplatish a takvi se se pomalce. Taka da ne znam sto da ti kazam sekoj so svojata sreka

5.site stranki sakaat nisto da ne platat ako moze , a normalno ne moze neli taka ... i tuka ke imash golem problem

6. ako naplakas mnogu kako mlad advokat ke otidat kaj nekoj star kako demek toj bil podobar , cule za nego u novina , ako naplakash malce ke si reche ovoj ne znae nisto ochaen e i pak ke otide kaj nekoj takanarecen poznat... Edna samo rabota strankite ne znaat poznatite advokati ne rabotat NIKAD ama bash nikad SITNI predmeti koi im nosat ispod 500 do 1000 evra. Ne se zamaraat so niv, ke izlazat deka ke koristat vrski poznanstva itn , no od toa nisto..veruvajte mi nikoj ne e budala da koristi jokeri za sitna para, a so tie pari ne mozes da potkupis ni sluzbenik na shalter kamoli sudija.Sitnite predmeti gi rabotat pripravnicite , koi vo taa faza na zanaetot ne se dovolno strucni i na visina na zadachata. A na starite advokati bash im e gajle, i toa sto bilo nekad potera za pravda vo mladosta stanuva samo potera za PARI i nisto drugo.

7. proveren recept e butanje kaj nekoj advokat i kradenje pederski predmeti , no za toa treba da si taka skroen da si zmija sto se vika, ako ne si takov zaboravi na ovaa tocka 7.

8. u sudot MORASH zadolzitelno da imash barem eden covek , za zabrzuvanje na predmet '' ZLATNA RIPKA" predmet ne obicen predmet zapamti toa.

9. Morash da bidesh volk, sam da gi kolesh ovcite , vo grupa e podobro megutoa alchnosta na kolegata ili tvoja ke ti donese ponataka mnogu glavobolki zatoa bolje e sam.

Gore kaza Jakov stoa koa kopiljot ne go biva ?

Ednostavno toj kopilj ke go nacheka Strumiks ili drug nekoj kvaliteten ambiciozen koj go biva da mu raboti za sitni pari ( od 200 do 300 evra mesecno smesni pari za advokaturata) i reshen problem.

No ne e se taka crno , ako si jebeno uporen i imash barem folema familija i verni prijateli nad 30-40 godini( znaci samostojni ) , plus kesh od najmalce 10.000 evra za investicija trigodishna , koga togash ke uspeesh no ako go projdesh krizniot period od 2-3 godini da se svrtat predmetite i so niv se zdobiesh i so drugi stranki .

MaDA ADVOKATURATA E I SREKA ..toa zapamti go ... eden den moze sosema slucajno ke upecash zlatna ripka , ke i ispolnish ti na nejze tri pravni zelbi i togas i samo togas... mozes da go ripnesh periodot od krizaa tri godini.


E taka ako imash uste nesto da prasas , prasaj ja ke ti kazam , ne se zanesuvaj so idealizam i bidi mnogu realen i prorachunat , i ke uspeesh .

P.S faktot sto si zenet i imash podrshka od doma koja ke te razbere i koga ke nema pari ke ti dade dodaten motiv i sila da izdrzhish vo seto toa .

Srekno
 

Струмикс

Еден...не го знаеш!
Фала, иден колега Најфраер.

Инаку, да не звучам нескромно, имам бекграунд во Судот. ке работам во Струмица, и повекето од наведените од тебе (пред)услови ги исполнувам. Најважното, поддршката, ја имам безрезервно.
Останува само да се обидам. Оптимист сум, и свесен сум дека треба добри неколку години да жртвувам за да постигнам нешто. И овој проект на кој озбилно се нафатив, го сметам како инвестиција, која еден ден ке се исплати и ке ми носи профит.
 
Струмикс напиша:
Фала, иден колега Најфраер.

Инаку, да не звучам нескромно, имам бекграунд во Судот. ке работам во Струмица, и повекето од наведените од тебе (пред)услови ги исполнувам. Најважното, поддршката, ја имам безрезервно.
Останува само да се обидам. Оптимист сум, и свесен сум дека треба добри неколку години да жртвувам за да постигнам нешто. И овој проект на кој озбилно се нафатив, го сметам како инвестиција, која еден ден ке се исплати и ке ми носи профит.
-------------------------------------------------------

Jas znam deka ke uspeesh , ne si glup , komunikativen si i optimist. A za pari ke ima pari toa ich da ne mu ja mislish ako izdrzish i ako vo meguvreme ne se raspadneme kako sistem .

Samo napred i se najubavo!
 
"ako vo meguvreme ne se raspadneme kako sistem "

- Mislam deka ima golemi sansi za ova. Advokat vo koja drzava i na koj jazik???? Toa e seuste premnogu varijabilno.

Dali vredi eden taze diplomiran pravnik da se skape memorizirajki nabrojuvanici napisani vo 1973 i posle mnogu izgubeni nervi za pravosudniot da se sooci so pregolemata ponuda na advokati na ovoj nas mal nasusen pazar na pravni uslugi?
Da se soocuva so site poranesni otpusteni pravnici od firmite koi sto nemajki sto drugo da rabotat site udrija da polagaat pravosuden i da stanuvaat advokati na stari godini.

Neznam, nekako mi izgleda deka tortickata e mnogu malecka a ima premnogu usti koi sto se hranat od nea.

Ne samo toa, gledajki na sreden rok, nekoi 10 godini, vo RM ke se slucuvaat drasticni politicki pomestuvanja koi sto najverojatno ke dovedat do de fakto podelba na zemjata (mozda ne formalno), koi sto pak ke ja namalat tortickata od 2 milioni na 1,4 milioni. Ee togas, ke treba da si bilingual za da imas klienti (znaeme npr. vo kolku posto od krivicnite predmeti se stranki pripadnici na zaednicite ....) I znaeme site kade se parite...

Kazete vasi mislenja za ponuda /pobaruvacka na advokati vo RM??
 
Колку пари на месец печели просечно среден адвокат во среден МК град - примерно Струмица, Охрид или Куманово - у евро. Какви даноци и осигуровки плакьате на 100 евра оборот ...
 

Струмикс

Еден...не го знаеш!
Никос, неможе да се каже точно...некои земаат огромни суми пари (за Струмица ти зборам) некои вадат една убава плата 500-700 евра, а некои немаат работа...
За осигурување незнам и даноци, сеуште не сум отворил.
 

Маркетинг

Нови мислења

На врв