Љубовни проблеми? Потребен ти е совет? Обрати се тука!

Член од
17 јануари 2008
Мислења
1.399
Поени од реакции
37
офф топик Мари4е Ајверсон да не ти е дечко случајно...

Он топик кажи му на дечко ти и он ке регулира на брз и ефикасен начин....ако те сака т.е

Mи беше до пред десетина минути..изгледа...

ако ме сака.. ке видиме за тоа...
 

Акаша

Hydra
Член од
28 мај 2006
Мислења
1.684
Поени од реакции
128
Тенкс али изгледа отиде и оваа врска...:(
Сама си крива, лажеш нема до дека
Мислиш и е? Шо има да се замара, се додека има глупаци шо трчаат по неа. ..
Mи беше до пред десетина минути..изгледа...

ако ме сака.. ке видиме за тоа...


Мој совет е, додека сте онлајн и двајцата да си се разберете, а не да се препуцавате овде:smir:
 
С

Сатори

Гостин
~*~

Мој совет е, додека сте онлајн и двајцата да си се разберете, а не да се препуцавате овде:smir:
Тоа е синдром после раскинување, ќе им помине за брзо време + полесно ќе им биде.:plet:
 

Божино

4815162342
Член од
27 јуни 2007
Мислења
8.603
Поени од реакции
13.301
Лил' Божин ниидс хелп!

Со женска ми одиме еден месец, ама пред тоа се маткавме 1 година дури стапивме во врска. Учиме заедно (да да:(), и кога сум со неа се ми е супер, ама во последно време не ретко се дешава да се испокараме за најмали ситници кои преминуваат во големи карања. Во таква состојба ми иди да и се скарам, и да завршам со тоа, оти сигурно знаете, многу е тешка врска во клас... Но кога не се караме се чувствувам прекрасно, се ми е супер, но ме загрижува тоа шо можи да се случи некогаш да се скараме за ситници, па после да се каам за тоа :(.

Е сеа, дали ја сакам?
Ххмм имам 15 години, досеа сум немал озбилна врска, и не сум ни планирал да имам, се досеа. Досеа со сите шо сум бил не ми значеле (освен да фатам под сукња) и сум најдувал начини како да се отарасам, досадно ми било во нивно друштво и тн. Но сеа иако ја гледам секој ден, не ми е воопшто здосадено, напротив, едвај чекам да ја видам и да бидам со неа.

Прашањето кое шо најчесто си го поставувам е: Дали вреди да продолжам ваква врска, кога ни еден ден не поминува без караници, и на крај смирување обавезно, или тоа е нормално за секоја врска, а посебно за врска во која шо машкото и женското се гледаат нон-стоп, и дали оваа фаза ќе помини? :(
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: wot

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Е па Божино вака сега...Во секоја врска најнормална работа се караниците. Особено поради фактот дека се гледате секој ден. Во таков случај, настапуваат караниците од типот: зашто влакното од косата ти е на лева страна и слично.
Ако чувствуваш љубов, не ја раскинувај врската. Ако ти значи, биди со неа. Немој да ја отфрлаш или раскинуваш само затоа што имате ситни караници.
 

Божино

4815162342
Член од
27 јуни 2007
Мислења
8.603
Поени од реакции
13.301
Е па Божино вака сега...Во секоја врска најнормална работа се караниците.Особено поради фактот дека се гледате секој ден.Во таков случај настапуваат караниците од типот зашто влакното од косата тие на лева страна.
Ако чувстуваш љубов,не ја раскинувај врската.Ако ти значи,биди со неа.Немој да ја отфрлаш или раскинуваш само затоа што имате ситни караници.
Ситни се ептен, баш од тој тип се. Но страв ми е бидејќи јас сум избувлив по природа, тогаш кога ќе се десат караниците, да не избувнам и потоа да се каам (а знам дека ќе се каам). Но досега практикувам кога ќе се случи тоа да се потсетам колку ми е убаво со неа кога не се караме, па засега функционира. Фала на советот. ;)
 
D

devojcence

Гостин
da si ja cuvas devojkata :PP da ne se karas za sekoja sitnica i da si brois do 10,za da ne se kaes kako sto kaza i samiot :P
 
С

Сатори

Гостин
~*~

Прашањето кое шо најчесто си го поставувам е: Дали вреди да продолжам ваква врска, кога ни еден ден не поминува без караници, и на крај смирување обавезно, или тоа е нормално за секоја врска, а посебно за врска во која шо машкото и женското се гледаат нон-стоп, и дали оваа фаза ќе помини? :(
Злато, сум имала таква врска, дечко од клас, предолго сте заедно, нема бегање, а мене доста долго ми траеше.
Тие мали, ситни караници се тука за да ви разбијат монотонија, да ви овозможат малку да дишите еден од друг за во наредниот момент да ви биде најбитно повторно да бидете заедно, еден до друг.
Фаза како фаза, ќе помине, ќе се надрасне.
Само држи се, чувај ја длабоко во себе и пробај да ја направиш среќна затоа што таа е твојата љубов.:devojce:
 

Terebellum Sagittarii

Несопирлива
Член од
25 јули 2007
Мислења
1.194
Поени од реакции
578
Ситни се ептен, баш од тој тип се. Но страв ми е бидејќи јас сум избувлив по природа, тогаш кога ќе се десат караниците, да не избувнам и потоа да се каам (а знам дека ќе се каам). Но досега практикувам кога ќе се случи тоа да се потсетам колку ми е убаво со неа кога не се караме, па засега функционира. Фала на советот. ;)
Сети се на овие реченици наредниот пат кога ке ти дојде на врв на јазик да се скараш.Знаеш дека се ситници, а пак се караш.Немој да враќаш стари работи за денешна расправија.Обично ова важи за долгите врски, но и кај тебе оти цел ден сте заедно.Прашај се дали оваа причина е доволна за кавга?Или можам да преќутам па наредниот ден убаво да објаснам.Ако си заборавил наредниот ден, значи дека и не било толку важно.И додека се мислиш дали да и раскинеш, за караници кои ги ствараш ти, она ќе ти раскине, оти никој не сака да биде со кавгаџија. Затоа уживај оти си многу млад и овие врски сега без никакви обврски треба да ти бидат најубави.
 

ФлоуБТ

Потпис: Clever Bastard
Член од
17 февруари 2008
Мислења
1.582
Поени од реакции
66
Ситни се ептен, баш од тој тип се. Но страв ми е бидејќи јас сум избувлив по природа, тогаш кога ќе се десат караниците, да не избувнам и потоа да се каам (а знам дека ќе се каам). Но досега практикувам кога ќе се случи тоа да се потсетам колку ми е убаво со неа кога не се караме, па засега функционира. Фала на советот. ;)
Види бато, врска без карање не можи, па колку ситни и да биле. Тоа ве прави двата појаки и покомпактни, затоа трпи таму
 
Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308
Како се преболува девојка која ја сакаш.на која мислиш постојано,за која неможеш да помислиш ништо лошо??
Како да погледнам друга девојка кога сите ги имаат нејзините очи??
Како да се семам кога,кога и да сакам да го направам тоа ја гледам нејзината насмевка?
М? Некој?
Сине, таа девојка не се преболува. И да има начин, треба да си остане твоја неуспешна приказна. Затоа што секоја следна која ќе треба да ја држиш покрај тебе ќе ја гледаш многу по трезвено од начинот на кој заљубено момче знае. Онаа во која си заљубен останува твоја муза, станува стандард според кој ќе мериш, и ако некогаш ја добиеш... само ќе се разочараш. Продолжи понатаму така што секој ден коа ќе станеш и помислиш на неа, помисли дека ти го труе животот и те влече надолу, ти одзема време за барање на друга девојка.

Океј, ја така напраив... и не згрешив, ти како сакаш... :wink:
 

Clen 7

Од Форумот
Член од
5 јуни 2007
Мислења
2.843
Поени од реакции
360
GG.. У право си. Да.Ама ова е другше. Озбилно. Ќе видиме шо како . фала у секој случај:)
 
Член од
12 ноември 2005
Мислења
396
Поени од реакции
8
Како се преболува девојка која ја сакаш.на која мислиш постојано,за која неможеш да помислиш ништо лошо??
Како да погледнам друга девојка кога сите ги имаат нејзините очи??
Како да се семам кога,кога и да сакам да го направам тоа ја гледам нејзината насмевка?
М? Некој?
Ne se sekiraj ke ti mine ;)... so vreme ke se pomirish so faktot deka veke ne ste zaedno.... Ja bi ti rekol, da si baras zanimacii kolku mozes poveke... primer napraj nesto sto prethodno ti bilo predizvik ... Obicno posle sekoja vrska sekoj se osekja DOWN... pocni da go digas svojot duh preku licni uspesi... i na kraj ti fali zenska so ke ti go digne samocustvoto , and you're ready to go on .... ;)
Dokolku samo ja sakas i ne si so nea... onda nauci da se cenis sam seba , a posle da vozvisuvas devojka, posto kolku poveke ja gledas sovrsena, tolku poveke e nedostapna ;) ...
A sekoja devojka e slaba vo kolencata, ke potklekne nekogas ;)
Pozz
 

Тамарче

Ако одам во Битола..
Член од
11 јули 2007
Мислења
3.239
Поени од реакции
223
Како се преболува девојка која ја сакаш.на која мислиш постојано,за која неможеш да помислиш ништо лошо??
Како да погледнам друга девојка кога сите ги имаат нејзините очи??
Како да се семам кога,кога и да сакам да го направам тоа ја гледам нејзината насмевка?
М? Некој?
Можи јас искрено да ти кажам?

Нема да ја преболиш уште долго време, па ако сакаш на гла намести се. Не дека кобам, ти кажвам реална вистина.

Мене ни тие финти шо ти ги кажаја Орион2 и Викторгг не ми успеале.
Ок сеа, зависи пред се од карактер и цврстина, ама јас долго време бев скршена..

Со среќа :smir:
 
Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308
Можи јас искрено да ти кажам?

Нема да ја преболиш уште долго време, па ако сакаш на гла намести се. Не дека кобам, ти кажвам реална вистина.

Мене ни тие финти шо ти ги кажаја Орион2 и Викторгг не ми успеале.
Ок сеа, зависи пред се од карактер и цврстина, ама јас долго време бев скршена..

Со среќа :smir:
Сонце, ако читаше, ни јас ни Орион не рековме дека некогаш ќе ја заборави. Особено не јас. Јас дури и сугерирав дека треба да остане засекогаш, ама како таква, платонска. Орион рече дека не треба да обрнува внимание, нема финта тука. И сите сме биле скршени, и ако не сме биле тогаш не сме ни луѓе.

Во принцип, јак карактер и во тешките моменти ќе најде поизитвна жичка и ќе ја сврти работата. Одлика на победник. Лесно е да сме среќни кога имаме возвратена љубов, ама преживеј кога не оди... е тоа е воин.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom