Istiov period mi dojde,kade shto epten se odnesuvam prema nea negativno,mozhebi si zasluzhi... Poveke muabet pravime na fejsbuk,otkolku vo zhivo... Samo edno zdravo,najverojatno jas gi pomestiv granicite na toa... zatoa sto arogantno se odnesuvav so "visoko krenata glava" samo i velev edno zdravo i si go vrtev pogledot ,demek....
Ponekogash me nervira shto mi pishuva,se dobro posle ce pocni da vraka samo na 4-5-6-7-15 min.... nekogash duri i ne se pozdravuva,ednostavno ke se iskluchi.
Reshiv da se odnesuvam isto kako nea,ne i vrakam za brzo i odma vika nejkesh da me druzhish izgleda... lut si.. ti rekov mi reche...
Sho treba da napravam...nekoj sovet?
Не.
Лут сум,а и можеби само си го "тепа" времето со мене.
Лут си ѝ, а бараш совет како да се однесуваш со неа? Некако делува како да не си ѝ до *толку* лут, штом ти значи како таа се однесува кон тебе...
Девојчето веројатно си бара внимание и најверојатно не само од тебе. Ако ти не ѝ го даваш, таа ќе го најде од некој друг. Дали си спремен да ја гледаш среќно заљубена како со некој друг се шета држејќи се за рака и/или како со некој друг се лапаат/драпаат/итн?
Ако баш ти е гајле, веднаш избриши ја и од ФБ и од реалниот живот.
Ако не (поверојатната варијанта), викни ја на кафе и видете се *во живо*. Правете секакви муабети, па дури и оние што се во врска со твоето и/или нејзиното „надмено“ однесување. Едноставно, запознајте се во живо, еден со друг, без посредници (дури и ФБ е посредник).
А потоа, кога ќе дојде моментот, залапај ја. Па потоа нека си го губи таа времето со тебе, ако ѝ одговара да се лапате. Потоа ќе ја наведеш и на повеќе, ама да не одиме сè уште толку напред.
Поздрав и со лесно.
--- надополнето: 3 јануари 2013 во 08:05 ---
1.Na nova godina bev so devojce koe ne mi se svigja,ali bev podnapien pa bev so nea,nemase sex.E sea koa mi tekna so sum prael,bi sakal da go vratam vremeto nazad,da ne se slucese toa sto se sluci,Aj jebiga pomina ali sea me zamara,direkten da bidam i da i kazam da zaboravi se so se desilo?Bidejki onaka se druzev so nea i e mnogu dobra,ali nekam da ja povredam,pa ne ke e loso da i izodam so zborovite "Izvini vaka,da zaboravime na toa so se sluci,ne sum spremen za nikakva vrska so nikoja momentalno"?
2.Mi se sviga sosem drugo devojce,znaci devojkata e preubava.Da receme deka imam do nekade prijatelski odnos so nea,onaka na minuvanje se pozdravuvame.E sea toa so me kopka e deka devojkata seuste ne bila so nikoj,pocna da ispaga u diskoteki od ova leto,cudno za takva preubava devojka,ali bese premnogu povlecena,ne deka sega ne e ali ne kako porano.U disko inaku masite ni se edna do druga,pa ja zagleduvam na momenti me poglednue,op ke ja fatam i se vrti
.What i need to do in this awkward situation?
Во врска со втората, направи го сето она што си го направил со првата, ама *трезен*. Кога си пијан, инхибициите ги снемува, но твоите постапки се само твои. Со други зборови, тоа што си го направил, *си го направил* и тоа е твоја постапка. Со трети зборови, *способен си* да ги направиш сите тие работи и трезен. А кога си трезен, за твоите постапки превземаш полна одговорност и нема изговор „абе пијан бев, не знаев што правев“.
Затоа, кај втората, оди, претстави ѝ се (ако не те знае), направете фин муабет и нека биде што биде. Можеби ќе ѝ се бендисаш, можеби не. Ама нема да знаеш додека не се обидеш, нели?
Во врска со првата: сето она што си го правел со неа, си го направил. Тоа што таа „те замара“ може да значи дека сака повеќе со тебе, т.е. сака да дојдете до секс. Дури и ако бидне секс, не значи дека од тоа ќе се развие врска (според најновите сознанија). Плус тоа, ако е многу добра (макар и само со тебе), тоа е во секој случај позитивна карактеристика и може да испадне добра врска меѓу вас. Повторно, не знаеш додека не се обидеш.
Првата ти е птица во дланка. Втората ти е птица на гранка. За првата знаеш и добри особини (многу е добра) и лоши особини (не сакаш врска со никого, односно со неа). За втората апсолутно ништо не знаеш (односно дека не била со никого, ама карактерно тоа ништо не значи).
Па ти види како ќе се однесуваш.
Поздрав и со лесно.