Οва што го пишувам е слично со таа тема „Како да започнам разговор со една девојка која не ја познаваш„ али јбг.
Епа вака јас живеам во странство и роден сум таму. Се запознав со една девојка преку фејзбук. Веќе една година се допишуваме, не стално али знам постои интереса. Не сум заљубен или слично, али многу е убава вака и сакам да ја видам. Си викам зошто да не и така немам пријатели во Македонија може преку неа и други да запознам.
Она ми вика здравје ако ќе дојдеш обавезно да се видиме. Нема проблем. Полека полека доаѓа време и треба да заминам за Македонија.
Главниот проблем е немам многу изкуство со девојки, а со македонки па ич. Малце страмежлив сум. (Имам 17 години) Чудно ќе ми биде вака да се видиме оти јас ко една пичка само пишувам и сега сто посто сигурен сум ќе ми фалат зборови и се плашам од друга страна да не ја замарам.
Што мислете како да почнам разговор со една девојка, која од една страна виртуелно се знаеме али во живо не? Што може да правам за да не ја замарам? Јас па не ни знам како да и пријдам ако по прв пат ќе се видиме. Рака да и давам? Да ја прегрнам?
1. Исфрли го тој збор „пичка“ од речникот, и овде, а особено кога ќе се гледаш со девојката. Сите сме ги имале тие проблеми на почетокот и тоа не е ништо чудно.
2. Рака секогаш се дава, а ако сакаш да си направиш пат за потенцијално да има нешто мешу вас во иднина, може директно да ја прегрнеш (не дека и ако само ѝ дадеш рака нема да може да има нешто во иднина, ама така можеби ќе се убрзаат работите). Плус тоа, ако е многу убава, секогаш тоа е добар знак да *сакаш* да имаш нешто со неа.
Е сега, кога ќе се видите, ти настапуваш со предзнаење или предрасуда дека „не си заљубен или слично“. Тоа се менува после првиот контакт лице во лице. Ако ти се бендиса тогаш, може да сметаш дека си заљубен и тоа е во ред. Може да ти затрепери срцето (или да ти се крене крвниот притисок и апаратчето за мерење, ако сакаш така да гледаш) кога ќе ја видиш, кога ќе помуабетите итн. Во секој случај, штом и од нејзина страна има интерес за да се видите и таа *дојде* на состанокот, може да сметаш дека и ти нејзе си ѝ интересен.
Од друга страна, од кај знаеш дека таа *не* се секира како ќе испадне кога ќе се видите? Можеби и таа исто чувстува за тебе, исто ја јаде јанѕа како ќе испадне вашето гледање во живо... Тоа не се знае додека не се видите. Затоа, немој многу да му ја мислиш - добро е што по секако ќе се видите.
Најдоброто нешто што може да го направиш е да бидеш природен. Ако почувствуваш дека ти се врзува јазикот, кажи „ми се врзува јазикот, не знам што да кажам“. Искреноста е супер во овие ситуации, зашто другата страна чувствува дека има работа со човек со чувства и вообичаено не сака да гледа извежбани фрази или слично. Ова е барем моето искуство.
Единствено нешто што треба да го избегнуваш се зборови во врска со твоите чувства за неа. Тоа немој да ѝ го кажуваш во лице, барем не на првиот состанок. Твоето тело самото ќе ѝ каже како се чувствуваш во врска со неа и таа ќе разбере, без ти да мора да се објаснуваш. Да повторам, многу е природно до бесвест да ти се бендиса девојката на првиот состанок и треба да бидеш спремен на тоа и да знаеш дека тоа е нормално и дури пожелно.
Со лесно и само напред.