Не знам колку добро ќе ја објаснам целата ситуација, но ќе се обидам најдобро што можам.
Со еден другар се мафтам скоро веќе година дена. Се започна кога се запознав со него зимата 2011 и ми се допадна, ама си ќутев бидејќи во тоа време имаше врска од година дена. Е некаде во март 2012 другаров ми призна дека ме свиѓа и дека сака да има нешто со мене, а јас потајно посакував но постојано ме одвраќаше мислата дека има девојка и дека не планирам да сум му втора, па му реков дека може со мене да има нешто само тогаш кога нема да биде со неа. И тогаш прекинаа, па јас направив што направив со него, ама сфатив дека повеќе ми се допаѓа еден друг кој го запознав на почетокот од годината и со кого имав шанси за нешто сериозно, ама ете си ги прокоцкав сите шанси и касно ми текна. Другаров си се врати со девојката, јас се вратив со тој другиот и никому ништо, исто ко ништо да не било, пак заедно излегувавме, он по некое време раскина со таа и си фати нова девојка (моја веќе бивша најдобра другарка) и таа кога дозна што сме имале јас и другаров се навреди и се налути затоа што јас не сум и кажала и не правевме муабет цело лето. Зборела таа сè и сешто за мене пред него, некогаш дознавав, некогаш не, а искрено не се ни замарав затоа што сметав и се уште сметам дека она нема(ше) право да ми се лути за тоа.
Е сега, додека беше со неа мене ми се пружи повторно шанса да имам нешто со него и не одбив. Зашто го направив тоа, искрено и јас не знам. И, тогаш и претходниот пат всушност јас му бев втора и сама себе се понижив. Си играв курташак и со себе и со другиот тип кој го имав и го изгубив, поради другаров. Другаров сега во ноември раскина со бившава другарка, па дојде кај мене и продолживме јас и он на тајно, но не дознаа, па сега сите знаат што правиме и сега е веќе „посериозно“ да речам. И двајцата не сакаме врска, ама ете се муваме редовно, ама пред некој ден почна да ми врти муабет за врска, дека би сакал некоја која нема да го замара и постојано да го прашува каде е и со кого, што прави, да му се јавува постојано и да го контролира (ко што правеле претходниве две кои ги изневеруваше со мене) и индиректно ми кажа дека јас сум била идеална за тоа. Ама јас не сакам, плус не сум сигурна што сакам. Денес може него да го посакувам, утре друг, плус се уште го немам преболено како што треба другиот тип, а другаров знае за се што се случувало меѓу мене и тој. И не знам како да реагирам на тоа што ми го кажа, плус не сум сигурна дали да бидам со него, затоа што и мене може да ми го направи истото што им го направи на бившите (себично од моја страна, знам, ама секој си гледа за себе). Знам дека јас сум кривата во ситуацијата, јасно ми е се како бел ден, ама не знам како да постапам. Помош?