Здраво на сите.. нов сум на форумот но ВЕ МОЛАМ прочитајте и дајте ми ваши мислења, многу ми се потреби.
Со девојками идевме година ипол, но во последниве месеци многу се каравме за глупости, Пример, збориме на телефон и пред да спуштиме викаме ајде - ајде, и таа ми кажача чао а јас на неа не, и ми се јавува и ми вика зашто чао не ми кажа.. и тука се надоврзуваат уште 100 ситници. Пред 1 месец јас и раскинав во тек на една глупава расправија. Секој ден се слушавме и допишувавме на вибер.. секогаш ми се јавуваше, јас ќе ја прашав зашто ме бараше? Ќе ми кажеше: Сакав да ти го чујам гласот. Ме викна на ручек, отидов јадевме пиевме се беше прекрано, дури ми побара и да ме гушне. Си отидовме дома..продолжи истото слушање-допишување....се испокаравме пак.. (јас и имав дадено еден аквариум и си чуваше риби..). Ја прашав да не имам нешто останато кај тебе (маица,дуксер,тренерка било што), а она си помислила дека и го барам аквариумот, ја преколнав да не го носи и го донесе со се рибите....и ми збореше ваков си таков си..и ми пукна филмот и јас и побарав да врати нешто (не е битно што). Помина и тоа. После некој ден ме викна на кафе. Прифатив. Дури и сакав да и спремам изненадување и да се смириме (бидејќи знам дека многу ја сака Каролина, а на 22ри месецов правеше концерт во универзална сала) без да знае девојками бев и купив две карти. Седнавме на кафе муабет едно друго, што има ново вака така. Ги вадам картите од џеб и и викам ќе дојдеш со мене на концерт? Ми вика не. И викам ок и си ги враќам картите во џеб. Не помина 1 секунда ми вика дај да видам за што се? И ги давам и и викам не пишува ништо на нив. И ја гледа датата и вика кој прави концерт на 22ри? (а она ми кажа дека тогаш е концертот.) Викам а што демек ти незнаеш? Ми вика па ја колку што знам на 22ри никој нема концерт..Аца Лукас има концерт ама на саем. И и викам добро нема врска дај ми ги картите, и си ги ставив во џеб. Праевме уште нешто муабет..и на крај се испокаравме..си отидовме дома. Две вечери во 1ч по полноќ и пишувам на вибер..не и стига. За првата ја прашав зашто не и стигнало, ми кажа спиев најискрено.. може снемало нет..(а стигна напишаното после 5 минути) , за втората вечер напишав исто добра ноќ, не и стигна и ја избришав одма за да не и ни стигне. Помина и тоа...дојде 22ри.. и пишувам ако си за на Каролина во 10 до 8 ќе бидам пред Универзална. Ми враќа смс: На раб сум. (Работи во кафич 5 минути од универзална). Фаќам такси идам кај неа во кафич. Живо пиле нема! Само она и колешката. Они две внатре, јас седнав надвор. Излага девојками и ме гледа со онаков поглед "што бараш ти тука?" и јас и викам чај од ванила и јагода има? ми вика не. и викам а од што има? Вика незнам. Викам како незнаеш тука работиш. И изнервирана влезе внатре да праша што чај има и ја тресна вратата. Јас се изнервирав станав и си отидов. По 5 минути и се јавив. Ми крева и ми вика кажи? И викам што е со тебе проблемот ќе ми кажеш? Ми вика ништо. Океј и викам. Чао - Чао. Вечерта т.е сабајлето во 10 до 6 ми пишува на вибер, гледам сите слики си ги избришал од фб, од кафич стануваш и си одис... океј. Ништо не и вратив. Три дена ми пишуваше: Тука си? Може да направиме муабет? Знам дека си тука. Можеш бар една точка да напишеш. Слика една ми прати од едно колаче што ми го даде прошлата нова година, песна ми прати. Јас од што бев повреден не и враќав. И на крај и вратив ШТО САКАШ ОД МЕНЕ? и ми вика после 3 дена ти текна да ми вратиш? И викам да. Ми вика зашто не ми враќаше? И викам несакав. Ми вика океј несакаш несакаш веќе нема да те барам. Поминаа 2 дена без никаков контакт. Ама неможев да издржам и и напишав едно големо писмо А4 формат. На тоа ми пиша само две точки. Јас ја прашав: Ќе кажеш нешто? Ми вика да знаев што да ти кажам ќе ти кажев. И и викам океј очигледно све е јасно. Ми пиша три дена ти пишувам кинам живци а ти си играш к...т и не ми враќаш? Те нема па се појавуваш одеднаш? Зашто ми правиш вака? И тука следеа сите тие мои прашања за каролина за у кафичот за двете вечери што не и стигаше на вибер. И се расправавме и и се јавив и ја прашав: Ме сакаш? Сакаш да бидеш со мене или несакаш? Ми кажа не. И прееска и се јавив и ја прашав ќе ми ја кажеш причината зашто несакаш да бидеш со мене повеќе? И ми вика и јас многу работи сакав да знам тие 3 дена кога ти пишував а ти не ми одговараше, ете сега терај си го животот...и толку беше..Чао - Чао. Јас премногу ја сакам и преубави моменти имам доживеано со неа...никогаш сме немале некој поголем проблем, сме се карале само за ситници. Не сакам да останам без неа.