Љубовни проблеми? Потребен ти е совет? Обрати се тука!

H

HITCH

Гостин
Мувањето не е ич убава работа, бетер е од врска. Секогаш еден останува разочаран. Прво се лажеш себе и си го трошиш времето, после го лажеш другиот и му го трошиш времето, кога ќе видиш саде зијан. Второ, многу е глупо да не знаеш на што си... ни ваму, ни таму. Ако не сакаш врска со него кажи му отворено дека поубаво ти е кога се криете од сите и дека ти треба малку време. Кажи му дека едноставно сакаш некое време да терате така, ама да си нагласиш дека сакаш искреност од двете страни. Со време кажи му што чувствуваш, за да не го повредиш после.

Ти, бре, дете не спиеш?! 4 саат сабајле е у Перт.
 
Член од
4 јануари 2013
Мислења
4
Поени од реакции
2
Ти си типична attention whore, дури и овој твој повик за помош е всушност обид да го свртиш вниманието кон себе. Никаде не гледам дека бараш совет, тука само исповед каде што сакаш да си ја смириш совеста.
Моментот кога си почуствувала дека твојата егоцентричност е загрозена, е моментот кога си почнала наводно да чуствуваш некои емоции кон својот другар.
Точно е дека си почуствувала некои емоции, но тоа не е воопшто љубов кон него, туку само твој страв дека почнува да ги снемува пополека луѓето од твојот живот кој те гледаат повеќе од парче месо или пак неколкучасовна забава.
Тоа ќе биде уште полошо со годините, кога ќе почнеш да го губиш тоа што единствено можеш да го понудиш како личност во моментов.
И покрај тоа што не побара совет, денеска е Бадник и треба да му се помага на луѓе ќе ти дадам еден.
Ти си кучка која дефинитивно дека нема да се промени нагло, така што имаш две опции.
Првата ти е да најдеш некое теле кое ќе го изманипулираш да се заљуби во тебе, да пробаш да го трпиш и бидеш малку коректна спрема него и да се обидеш да не го изневеруваш.
Втора опција ти е кога ќе скокаш од кур на кур, да поквачиш малку на некој побогат кур повеќе и му родиш потомче на некој тиквар кој ќе мора да те земи за жена.
Со тек на времето ќе се навикните и парата ќе покрие недостатоци во заеднички живот.
Ако ти е е за утеха, многу дотки како тебе го прават истото. (Читај го пресветлиот Сусаро)

П.С Остави го другарчето нека си ги живее животецот и не му прави проблеми во врската.
Ја ценам твојата брутална искреност, но тоа не мора да значи дека си во право. Сите во една точка на животот достигнуваме да бидеме емоционални курви. Знам дека сум згрешила не сум мислела порано како што размислувам денес. Воопшто не размислував за тоа повторно да бидам во центар на внимание во неговиот живот повторно, знам само и дека ќе ми недостига. Тој ми беше како зависност, што и да треба е тука, секогаш. Мислам дека тоа ќе ми недостига најмногу, што сите дошле, вишле и заминале а тој остана. И порано имало моменти кога сум знаела за некои излишни врски негови, но токму оваа ме погоди. Секогаш и му викав кога ти ѕвонам не ми кревај, не ми пишувај,ќе биде полошо, а тој само не ти мене ми значиш, иако јас сум со друго. Замислете со цел памет ме бараше на телефон додека бил кај неа дома за да ми каже шо напраил со факултетот и до кај е. Пред 1 месец ми призна дека наскоро ќе оди во Америка, така да... Се е излишно.
Фала ти многу на суровоста, знам дека можеби ја заслужив,нов член јбг... нема врска :)
Поздрав.
--- надополнето: 6 јануари 2013 во 21:34 ---
Карма ис а бич. :P
Си ги повредувала толку МНОГУ, и кога конечно е среќен пак го повредуваш?
Тргни му се од патот и продолжи си по својот.
Зошто не беше со него кога тој сакаше? и зошто сеа сакаш да си со него, кога тој најде друга?
Знам дека целава ова ситуација звучи себично, и разгалено од моја страна- не сум таква. Ми недостига навистина. И само поради тоа што сакам да е среќен, се тргнав од него, само поради тоа.
Фала ти, поздрав.
 
Член од
7 октомври 2011
Мислења
3.831
Поени од реакции
3.616
Не знам колку добро ќе ја објаснам целата ситуација, но ќе се обидам најдобро што можам.

Со еден другар се мафтам скоро веќе година дена. Се започна кога се запознав со него зимата 2011 и ми се допадна, ама си ќутев бидејќи во тоа време имаше врска од година дена. Е некаде во март 2012 другаров ми призна дека ме свиѓа и дека сака да има нешто со мене, а јас потајно посакував но постојано ме одвраќаше мислата дека има девојка и дека не планирам да сум му втора, па му реков дека може со мене да има нешто само тогаш кога нема да биде со неа. И тогаш прекинаа, па јас направив што направив со него, ама сфатив дека повеќе ми се допаѓа еден друг кој го запознав на почетокот од годината и со кого имав шанси за нешто сериозно, ама ете си ги прокоцкав сите шанси и касно ми текна. Другаров си се врати со девојката, јас се вратив со тој другиот и никому ништо, исто ко ништо да не било, пак заедно излегувавме, он по некое време раскина со таа и си фати нова девојка (моја веќе бивша најдобра другарка) и таа кога дозна што сме имале јас и другаров се навреди и се налути затоа што јас не сум и кажала и не правевме муабет цело лето. Зборела таа сè и сешто за мене пред него, некогаш дознавав, некогаш не, а искрено не се ни замарав затоа што сметав и се уште сметам дека она нема(ше) право да ми се лути за тоа.

Е сега, додека беше со неа мене ми се пружи повторно шанса да имам нешто со него и не одбив. Зашто го направив тоа, искрено и јас не знам. И, тогаш и претходниот пат всушност јас му бев втора и сама себе се понижив. Си играв курташак и со себе и со другиот тип кој го имав и го изгубив, поради другаров. Другаров сега во ноември раскина со бившава другарка, па дојде кај мене и продолживме јас и он на тајно, но не дознаа, па сега сите знаат што правиме и сега е веќе „посериозно“ да речам. И двајцата не сакаме врска, ама ете се муваме редовно, ама пред некој ден почна да ми врти муабет за врска, дека би сакал некоја која нема да го замара и постојано да го прашува каде е и со кого, што прави, да му се јавува постојано и да го контролира (ко што правеле претходниве две кои ги изневеруваше со мене) и индиректно ми кажа дека јас сум била идеална за тоа. Ама јас не сакам, плус не сум сигурна што сакам. Денес може него да го посакувам, утре друг, плус се уште го немам преболено како што треба другиот тип, а другаров знае за се што се случувало меѓу мене и тој. И не знам како да реагирам на тоа што ми го кажа, плус не сум сигурна дали да бидам со него, затоа што и мене може да ми го направи истото што им го направи на бившите (себично од моја страна, знам, ама секој си гледа за себе). Знам дека јас сум кривата во ситуацијата, јасно ми е се како бел ден, ама не знам како да постапам. Помош?

Помош, води љубов само со другар ти а со другите плескај се онака без емоции:)
 
Windfucker

Телемит, Темплар, Масон, Сциентолог во целибат
Член од
30 април 2010
Мислења
8.459
Поени од реакции
15.326
Ја ценам твојата брутална искреност, но тоа не мора да значи дека си во право. Сите во една точка на животот достигнуваме да бидеме емоционални курви. Знам дека сум згрешила не сум мислела порано како што размислувам денес. Воопшто не размислував за тоа повторно да бидам во центар на внимание во неговиот живот повторно, знам само и дека ќе ми недостига. Тој ми беше како зависност, што и да треба е тука, секогаш. Мислам дека тоа ќе ми недостига најмногу, што сите дошле, вишле и заминале а тој остана. И порано имало моменти кога сум знаела за некои излишни врски негови, но токму оваа ме погоди. Секогаш и му викав кога ти ѕвонам не ми кревај, не ми пишувај,ќе биде полошо, а тој само не ти мене ми значиш, иако јас сум со друго. Замислете со цел памет ме бараше на телефон додека бил кај неа дома за да ми каже шо напраил со факултетот и до кај е. Пред 1 месец ми призна дека наскоро ќе оди во Америка, така да... Се е излишно.
Фала ти многу на суровоста, знам дека можеби ја заслужив,нов член јбг... нема врска :)
Поздрав.
.
Не викам дека сум во право, далеку дека може да го процени вредноста на некој човек со тоа што напишал пар реченици на форумов, само пишав мое мислење што мислам за твојот пост погоре.
Ниту пак тврдам дека си некој лош човек, но за жал од мое искуство знам дека кучката останува кучка и магарето останува магаре.
Сведок сум бил на ситуации каде што добри личности биле насамарени од нивните партнери, шутнати како ѓубре и повторно му дале шанса на нив од некоја икс причина.
9/10 одново пак биле насамарени и пак оделе низ емоционални кризи и се собирале одново.
Можеби ти си таа една од тие десет која ќе се промени, но навистина не гледам дека ќе може да успее нешто кај твојот другар.
Ти него не го љубиш и навистина е излишно да се самозалажуваш дека го сакаш за да ти си го нахраниш егото дека ете постои некој таму некаде со кого се љубите безусловно без оглед на се.
Не бе, ние си ги сакаме новите членови, со старите не се трпиме многу. :D
 
Крусер

Тотем Пума
Член од
4 јули 2008
Мислења
3.556
Поени од реакции
1.613
Не знам колку добро ќе ја објаснам целата ситуација, но ќе се обидам најдобро што можам.

Со еден другар се мафтам скоро веќе година дена. Се започна кога се запознав со него зимата 2011 и ми се допадна, ама си ќутев бидејќи во тоа време имаше врска од година дена. Е некаде во март 2012 другаров ми призна дека ме свиѓа и дека сака да има нешто со мене, а јас потајно посакував но постојано ме одвраќаше мислата дека има девојка и дека не планирам да сум му втора, па му реков дека може со мене да има нешто само тогаш кога нема да биде со неа. И тогаш прекинаа, па јас направив што направив со него, ама сфатив дека повеќе ми се допаѓа еден друг кој го запознав на почетокот од годината и со кого имав шанси за нешто сериозно, ама ете си ги прокоцкав сите шанси и касно ми текна. Другаров си се врати со девојката, јас се вратив со тој другиот и никому ништо, исто ко ништо да не било, пак заедно излегувавме, он по некое време раскина со таа и си фати нова девојка (моја веќе бивша најдобра другарка) и таа кога дозна што сме имале јас и другаров се навреди и се налути затоа што јас не сум и кажала и не правевме муабет цело лето. Зборела таа сè и сешто за мене пред него, некогаш дознавав, некогаш не, а искрено не се ни замарав затоа што сметав и се уште сметам дека она нема(ше) право да ми се лути за тоа.

Е сега, додека беше со неа мене ми се пружи повторно шанса да имам нешто со него и не одбив. Зашто го направив тоа, искрено и јас не знам. И, тогаш и претходниот пат всушност јас му бев втора и сама себе се понижив. Си играв курташак и со себе и со другиот тип кој го имав и го изгубив, поради другаров. Другаров сега во ноември раскина со бившава другарка, па дојде кај мене и продолживме јас и он на тајно, но не дознаа, па сега сите знаат што правиме и сега е веќе „посериозно“ да речам. И двајцата не сакаме врска, ама ете се муваме редовно, ама пред некој ден почна да ми врти муабет за врска, дека би сакал некоја која нема да го замара и постојано да го прашува каде е и со кого, што прави, да му се јавува постојано и да го контролира (ко што правеле претходниве две кои ги изневеруваше со мене) и индиректно ми кажа дека јас сум била идеална за тоа. Ама јас не сакам, плус не сум сигурна што сакам. Денес може него да го посакувам, утре друг, плус се уште го немам преболено како што треба другиот тип, а другаров знае за се што се случувало меѓу мене и тој. И не знам како да реагирам на тоа што ми го кажа, плус не сум сигурна дали да бидам со него, затоа што и мене може да ми го направи истото што им го направи на бившите (себично од моја страна, знам, ама секој си гледа за себе). Знам дека јас сум кривата во ситуацијата, јасно ми е се како бел ден, ама не знам како да постапам. Помош?
Задебеленото значи дека редовно имате секс, така? Без обврски?

Секс... со една иста личност... постојано...

Зарем, ако во даден момент тебе ти се присака, а тој не може (е на работа или слично), нема да го почекаш? Дали ќе го чекаш него, наместо да излезеш надвор и се измуваш со првиот следен што ќе ти фати око?

Ако да, тоа *е* обврска кон него и ти *си* во врска со него, како и да сакаш да се убедуваш.

Велиш, може друг да посакуваш... тоа е најнормалното нешто. Дури и кога се сексате, може да ти падне на памет фантазија дека си со некој друг човек и тоа е сосема нормално. Не е битно кој те пали, битно е кој ти ја опслужува напаленоста. Ако тоа е еден ист човек, којшто сака тоа да го прави постојано (бидејќи сака врска), ако навистина те сака, не би му пречело да видиш некој што ќе те разгори, а потоа тоа да го пренесеш во кревет со него самиот. Со други зборови, ако те пали на пример Бред Пит, другаров не би се бунел ако се попалиш со едно гледање на Бред Пит, а потоа во кревет со другарот направите чуда.

Ова можеби ти е нелогично, но вака мажите размислуваат и не верувам дека другарот би се побунил. Особено, бидејќи знае дека имаш историја, верувам дека ќе ти ги даде сите слободи за да се чувстуваш пријатно покрај него. Ако мислиш дека со посакување на други му правиш проблем - не му правиш. Проблем би му направила само ако некој друг ти ја *подмири* напаленоста, т.е. те сексне, покрај него.

Е сега, ако ти *сакаш* да се секснеш со некого друг, тоа е веќе друга работа и во тој случај треба да му раскинеш на другаров. Ќе биде повреден, но ако до толку не ти се сака да се сексаш веќе со него, а ти се сака со некого друг, тоа е начинот.

Во спротивно, нема апсолутно никаков проблем: посакувај ги сите мажи на светот, а сексај се со другарот - врската ќе ви биде супер.

Во даден момент, ќе сфатиш дека се палиш сама, а другите мажи што те палат се само механизам за активирање на твојата сексуална желба - т.е. својата сексуалност ја имаш во свои раце, што е одлика на секој возрасен човек. А другарот ти е партнер, којшто те поддржува во твоите потфати и е покрај тебе постојано, што и се бара од човекот на твојот живот.

Поздрав и со лесно.
 
Член од
4 јануари 2013
Мислења
11
Поени од реакции
8

Абе јас сум млада/мала, седумнаесет ги имам, со дечково почнавме со секс годинава без да сме во врска, односно претходно меѓу мене и него имало само лапање и драпање. Не велам дека се каам или дека ми е криво што сум стапила во сексуални односи со него, затоа што дечкото ме привлекува и психички, а уште повеќе физички. Ме пали, знае да ме задоволи и јас него, ама сето ова го започнав без никакви чувства за него, само привлечност. Е тоа малку ме кочи, затоа што имам некаква грижа на совест дека он за некое време може ќе почувствува нешто, ете веќе му се пружи прилика за друга, ама он рече дека со мене му е убаво и дека не би ме менувал. И да отиде со другата нема да ми биде криво, ниту пак ќе бидам повредена, туку на пример мене ако ми се пружи прилика за бившиот јас без размислување (барем од оваа гледна точка) би отишла со бившиот. Тоа ми е најголемиот проблем, страв ми е да не го повредам. А и проблем ми е што сега почнав да добивам информации како одредени биле љубоморни затоа што јас сум „со“ него (да речеме дека сме во врска, ама ништо не е официјално) и постојано девојчето се обидува да му се упика и да го смува, ама не и успева. Проблем ми е поради тоа што не чувствувам љубомора (како што сите очекуваа) туку ми е сеедно, дури ми доаѓа да и кажам да си го земе ако толку многу го сака и дека ја би се тргнала доколку сум толкава пречка во остварувањето на нејзините цели.

Значи збркана сум целата, ни самата не знам како точно да го поставам прашањето, ниту како да ја поставам целта на муабетов... се надевам ме разбра. Не ми е до тоа да одам да имам секс со друг ако он во моментот не може затоа што нема да отидам, ниту за тоа да не помислам дека имам секс со Бред Пит додека имам секс со него, туку проблем ми е тоа што ми е шубе да имам нешто со него без емоции и без да сме во врска, излегува нешто ко friends with benefits, а на овие години баш и не е во ред тоа. Што знам.
 
King B

Bears. Beets. Battlestar Galactica.
Член од
24 јануари 2011
Мислења
1.801
Поени од реакции
4.076

А зашо ако те привлекува и психички нали, не се уозбилите? Ти него му се допаѓаш?
 
Член од
4 јануари 2013
Мислења
11
Поени од реакции
8
А зашо ако те привлекува и психички нали, не се уозбилите? Ти него му се допаѓаш?
Затоа што ниту тој не сака врска, ниту јас. Никогаш не сум се чувствувала спремно за врска, затоа што според мене тоа е обврска и сметам дека луѓето се менуваат кога се во врска. А он не сака затоа што нема добро искуство со претходните две девојки, а всушност самиот тој е виновен и самиот тој ги има изневерувано. А инаку да, му се допаѓам дури и повеќе од тоа што сметав.
 
Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
14.642
Поени од реакции
31.864
Не знам колку добро ќе ја објаснам целата ситуација, но ќе се обидам најдобро што можам.

Со еден другар се мафтам скоро веќе година дена. Се започна кога се запознав со него зимата 2011 и ми се допадна, ама си ќутев бидејќи во тоа време имаше врска од година дена. Е некаде во март 2012 другаров ми призна дека ме свиѓа и дека сака да има нешто со мене, а јас потајно посакував но постојано ме одвраќаше мислата дека има девојка и дека не планирам да сум му втора, па му реков дека може со мене да има нешто само тогаш кога нема да биде со неа. И тогаш прекинаа, па јас направив што направив со него, ама сфатив дека повеќе ми се допаѓа еден друг кој го запознав на почетокот од годината и со кого имав шанси за нешто сериозно, ама ете си ги прокоцкав сите шанси и касно ми текна. Другаров си се врати со девојката, јас се вратив со тој другиот и никому ништо, исто ко ништо да не било, пак заедно излегувавме, он по некое време раскина со таа и си фати нова девојка (моја веќе бивша најдобра другарка) и таа кога дозна што сме имале јас и другаров се навреди и се налути затоа што јас не сум и кажала и не правевме муабет цело лето. Зборела таа сè и сешто за мене пред него, некогаш дознавав, некогаш не, а искрено не се ни замарав затоа што сметав и се уште сметам дека она нема(ше) право да ми се лути за тоа.

Е сега, додека беше со неа мене ми се пружи повторно шанса да имам нешто со него и не одбив. Зашто го направив тоа, искрено и јас не знам. И, тогаш и претходниот пат всушност јас му бев втора и сама себе се понижив. Си играв курташак и со себе и со другиот тип кој го имав и го изгубив, поради другаров. Другаров сега во ноември раскина со бившава другарка, па дојде кај мене и продолживме јас и он на тајно, но не дознаа, па сега сите знаат што правиме и сега е веќе „посериозно“ да речам. И двајцата не сакаме врска, ама ете се муваме редовно, ама пред некој ден почна да ми врти муабет за врска, дека би сакал некоја која нема да го замара и постојано да го прашува каде е и со кого, што прави, да му се јавува постојано и да го контролира (ко што правеле претходниве две кои ги изневеруваше со мене) и индиректно ми кажа дека јас сум била идеална за тоа. Ама јас не сакам, плус не сум сигурна што сакам. Денес може него да го посакувам, утре друг, плус се уште го немам преболено како што треба другиот тип, а другаров знае за се што се случувало меѓу мене и тој. И не знам како да реагирам на тоа што ми го кажа, плус не сум сигурна дали да бидам со него, затоа што и мене може да ми го направи истото што им го направи на бившите (себично од моја страна, знам, ама секој си гледа за себе). Знам дека јас сум кривата во ситуацијата, јасно ми е се како бел ден, ама не знам како да постапам. Помош?
1.Сега станувам од спијање , во постот има премногу раскинувања кои глата шашма ми ја направија, да речам ептен тешко го испратив до крај НО
2.Има машки кои наоѓаат девојки онака за да си ги поладат некое време па после да се обидат да се заозбилат
3.Има машки кои од старт се озбилни и не сакаат да си играат со неозбилни чупенца за навек, одат најдуваат нешто со кое планираат да тераат сериозно и то е то.
4.Со твојата неодлучност ти се ставаш автоматски во пленот по кој копнеат тие под точка 2. Нешто како потрошна ствар, се користи, се делка за на крај со помала вредност да биде земена (или од некој кој е ќор на очи, или од некој кој реално вреднува па се задоволува со помалото)
5.Твојата неодлучност и пребирливост те става во точка два, така да среди си ги мислите и стани малку сериозна. И не пребирај, оти од многу пребирање знајш шо станува.......И да мувањето е детска работа, па се надевам тука некаде си и ти, така да имаш време да си го зацврстиш карактерот.
 
Крусер

Тотем Пума
Член од
4 јули 2008
Мислења
3.556
Поени од реакции
1.613
Абе јас сум млада/мала, седумнаесет ги имам, со дечково почнавме со секс годинава без да сме во врска, односно претходно меѓу мене и него имало само лапање и драпање. Не велам дека се каам или дека ми е криво што сум стапила во сексуални односи со него, затоа што дечкото ме привлекува и психички, а уште повеќе физички. Ме пали, знае да ме задоволи и јас него, ама сето ова го започнав без никакви чувства за него, само привлечност. Е тоа малку ме кочи, затоа што имам некаква грижа на совест дека он за некое време може ќе почувствува нешто, ете веќе му се пружи прилика за друга, ама он рече дека со мене му е убаво и дека не би ме менувал. И да отиде со другата нема да ми биде криво, ниту пак ќе бидам повредена, туку на пример мене ако ми се пружи прилика за бившиот јас без размислување (барем од оваа гледна точка) би отишла со бившиот. Тоа ми е најголемиот проблем, страв ми е да не го повредам. А и проблем ми е што сега почнав да добивам информации како одредени биле љубоморни затоа што јас сум „со“ него (да речеме дека сме во врска, ама ништо не е официјално) и постојано девојчето се обидува да му се упика и да го смува, ама не и успева. Проблем ми е поради тоа што не чувствувам љубомора (како што сите очекуваа) туку ми е сеедно, дури ми доаѓа да и кажам да си го земе ако толку многу го сака и дека ја би се тргнала доколку сум толкава пречка во остварувањето на нејзините цели.

Значи збркана сум целата, ни самата не знам како точно да го поставам прашањето, ниту како да ја поставам целта на муабетов... се надевам ме разбра. Не ми е до тоа да одам да имам секс со друг ако он во моментот не може затоа што нема да отидам, ниту за тоа да не помислам дека имам секс со Бред Пит додека имам секс со него, туку проблем ми е тоа што ми е шубе да имам нешто со него без емоции и без да сме во врска, излегува нешто ко friends with benefits, а на овие години баш и не е во ред тоа. Што знам.
Затоа што ниту тој не сака врска, ниту јас. Никогаш не сум се чувствувала спремно за врска, затоа што според мене тоа е обврска и сметам дека луѓето се менуваат кога се во врска. А он не сака затоа што нема добро искуство со претходните две девојки, а всушност самиот тој е виновен и самиот тој ги има изневерувано. А инаку да, му се допаѓам дури и повеќе од тоа што сметав.
Во однос на здебелените: имаш 17 години и сте „пријатели со бенефиции“ - токму сега е времето за тоа. Зарем сакаш да ги накачиш 40-тина години за да се однесуваш така? Сега е време да се искусат тие работи.

Инаку, супер што прво сте се лапале/драпале, а дури сега сте на секс. Тоа само кажува дека вашето пријателство еволуирало со време и дошол моментот да се секснете. Од таа страна и двајцата созревате еден со друг и за друг.

Велиш дека не би ти било проблем некоја друга да го ќари? Ај намести ѝ го другаров на некоја твоја другарка, па види како ќе се чувствуваш. Причината што велиш дека не би ти било криво е зашто, како што велиш „постојано девојчето се обидува да му се упика и да го смува, ама не и успева“. Ти не чувствуваш љубомора зашто си *сигурна во другарот* и знаеш дека тој нема да се сексне со друга додека е со тебе. Со други зборови, *тој е во врска со тебе* и се однесува така, иако вели дека не сака врска - се важи само она што се прави, не она што се збори.

Дали си ти во врска со него? Велиш, кога би имала шанса да му се вратиш на бившиот, веднаш би му се вратила... Па викни го на кафе и види дали има шанса. Разговарајте и види каде стоиш. Ако нема, другарот е, нели, тука.

Е сега, што ако има? Ќе му кажеш на другарот, нели, од чиста почит. Велиш дека би му било криво (како што и би било нормално), но дали тоа ти е тебе важно? Кога би измерила, дали тоа што би му било на другарот криво би ти било помалку или повеќе важно од тоа што ќе се вратиш кај бившиот?

Тоа е основата на врските: прави што ќе правиш, но мислењата и чувствата на партнерот секогаш земај ги предвид. Не си веќе сама, без разлика што и да сакаш да мислиш. Другарот е покрај тебе и ќе биде покрај тебе, сè додека не направиш напор веќе да не биде покрај тебе (треба да вложите приближно исто онолку енергија за да се раздвоите, колку што сте вложиле за да се споите. Дел од енергијата може да ја олесни некое трето лице ако би се вмешало меѓу вас. Ова е приближен начин на пресметка на тоа колку ти вреди да останеш со тековниот партнер или да престанеш да бидеш со него).

Според мене, вашата врска се развивала како што треба и дошла до стадиум кога еден на друг сте си доволни. Кој што сака нека каже, вие вашата врска ја водите онака како што вам ви одговара. Ако добро разбирам, со другаров може да комуницирате и да разговарате за сè и сешто, па мислам дека така и треба да правите. Секогаш пред да напишеш на форумов, поразговарај со него - тоа е она што стандардно се прави во една врска меѓу два партнери. Дури и ако му кажеш дека те измачува мислата за бившиот, може да му дадеш идеја на другарот и тој да направи сè за да ти биде пријатно со него и дури и некои работи што биле кај бившиот, а што ти си ги сакала, да сака да ги превземе на себе, за да ја разубави врската на начин на којшто ти сакаш.

Сè додека имате отворена комуникација со другарот, вашата врска ќе се развива правилно. Физички сте созреале до момент да бидете компатибилни. Сега е моментот да созреете и духовно, а тоа се прави со комуникација. Разговарајте за сè, без да ви биде страв. Така, вашата врска само ќе се зајакнува.

Со лесно.
 
Член од
4 јануари 2013
Мислења
5
Поени од реакции
2
Кај мене проблемот е равенка со две непознати. Неколку години имам секс без обврски со две девојки посебно. По интензивно наговарање од моја страна ....се случи тоа што се случи. Почнавме заеднички дружби .... секс во тројка. И..... тука настана проблемот. :( ...последните неколку месеци двете почнаа да се гледаат со друг поглед. Зачестија дружбите меѓу нив, бескрајни телефонски разговори, и чести патувања на шопинг. на мое инсистирања ми признаа дека се заљубени една во друга и тоа буквално слепо заљубени. Е тука е мојот проблем....се чувствувам одговорен и не знам како да ги одвратам од намерата да продолжат заедно, посебно што едната е мажена и има детенце од 4 години.
 
Член од
11 јули 2008
Мислења
2.913
Поени од реакции
1.567

Другар, тебе животов не ти е равенка, туку ти е порнич. Порнич во кој имаш секс со две од кои едната е милфица. Равенка ќе ти стане ако се затрескаш у една од овие две. Затоа, control your feelings и свиркај си.
 
Член од
4 март 2009
Мислења
604
Поени од реакции
442
Кај мене проблемот е равенка со две непознати. Неколку години имам секс без обврски со две девојки посебно. По интензивно наговарање од моја страна ....се случи тоа што се случи. Почнавме заеднички дружби .... секс во тројка. И..... тука настана проблемот. :( ...последните неколку месеци двете почнаа да се гледаат со друг поглед. Зачестија дружбите меѓу нив, бескрајни телефонски разговори, и чести патувања на шопинг. на мое инсистирања ми признаа дека се заљубени една во друга и тоа буквално слепо заљубени. Е тука е мојот проблем....се чувствувам одговорен и не знам како да ги одвратам од намерата да продолжат заедно, посебно што едната е мажена и има детенце од 4 години.
Другар,што побрзо се разбудиш,и се вратиш во реалниот свет ќе ти се решат сите проблеми.
П.С.И под итно престани да гледаш порничи,штетни ти се...
 
Крусер

Тотем Пума
Член од
4 јули 2008
Мислења
3.556
Поени од реакции
1.613
Кај мене проблемот е равенка со две непознати. Неколку години имам секс без обврски со две девојки посебно. По интензивно наговарање од моја страна ....се случи тоа што се случи. Почнавме заеднички дружби .... секс во тројка. И..... тука настана проблемот. :( ...последните неколку месеци двете почнаа да се гледаат со друг поглед. Зачестија дружбите меѓу нив, бескрајни телефонски разговори, и чести патувања на шопинг. на мое инсистирања ми признаа дека се заљубени една во друга и тоа буквално слепо заљубени. Е тука е мојот проблем....се чувствувам одговорен и не знам како да ги одвратам од намерата да продолжат заедно, посебно што едната е мажена и има детенце од 4 години.
Ти си ги споил. Нема што да намеруваш да не продолжуваат заедно - тоа веќе не е твоја работа. Нивното меѓусебно дружење е нивна работа. Ти си бил само посредник за тие да се најдат една со друга.

Криво ти е? Љубоморен си што тие се сакаат една со друга повеќе отколку што те сакаат тебе? Па, вообичаено тоа и се случува кај секс во тројка - еден го јаде. Во случајов - ти.

Всушност, што е она што тебе ти пречи? Тоа што веќе немате секс во тројка, туку само тие две имаат во двојка, а тебе не те викаат? Ако е тоа, лесно може да организираш пак да се видите и пак да се утроите, под услов, нели, тие двете да се согласат. Проблемот со сексот во тројка е што тоа веќе прераснува во организација, а секојпат кога се води организација дел од интимните потреби на луѓето се ставаат во втор план за да може да опстои организацијата. Во твојот случај, ако сакаш и понатаму да се утројувате, ќе мора да прифатиш дека тие двете веќе не се дружат поради тебе, туку поради нив двете и дека нивното меѓусебно дружење е поважно од дружењето со тебе.

Ако ти е криво што не си им веќе толку интересен, жалам - сам си одговорен. Сакаше секс во тројка - еве една од последиците. Твојата важност опадна во нивните очи, зашто она што го имаат една за друга е понтересно од она што ти им го нудиш. Можеби за сега, можеби во иднина тоа ќе се промени, но во дадениов момент ти апсолутно ништо не можеш да превземеш околу тоа (според мене, само би изгубил доколку би се обидел да ги раздвоиш една од друга - тие уште повеќе би се врзале една за друга).

Мислам дека најдобро ти е да се повлечеш и да ги оставиш да уживаат во меѓусебната љубов. Доколку се работи за моментална занесеност и увидат дека не можат да се сакаат без твое присуство, сами ќе ти се вратат. Ако не се вратат, ќе треба целосно да ги оставиш и да се свртиш на друга страна и на друга љубов.

Во вториот случај, се надевам дека ќе најдеш *една* девојка што ќе ја сакаш, бидејќи далеку е попрактично и поизводливо да имаш интимна врска со *една* личност, отколку со две (освен ако имаш полиња со нафта и/или високо профитабилен бизнис, па можеш да ги издржуваш сите повеќе љубовници; повторно, имање интимни врски со повеќе луѓе станува *организационен и логистички* проблем, а интимноста паѓа во втор план). Во двата случаи, биди горд што си имал тројка, зашто голем број од луѓето никогаш тоа не го доживуваат (јас барем лично не познавам ниту еден што имал тројка) и ти стартуваш со едно единствено искуство. Дали тоа искуство ќе ти користи или ќе ти штети, зависи како ќе се однесуваш во иднина.

Поздрав и со лесно.
 
Член од
13 февруари 2007
Мислења
5.165
Поени од реакции
6.046
Имам еден проблем. Веќе подолг период не можам да најдам асална девојка. Последна девојка ми беше пред неколку месеци, идевме еден месец и после ми раскина пошто ме гледала само како другар.

Сите девојки што ги имам сретнато, а кои сакаат фини момци се више зафатени, така да ми требаат совети за тоа како да станам сељачиште, копач, идиот, бед бој или некоја друга категорија на момак кој би бил привлечен за поголемиот дел од девојките.

Веќе некој период читам разни PUA материјали, али такви работи можда успеваат на запад, али не помагаат многу во пракса кај нас. Ми требаат конкретни совети кои би ми биле барем од мала помош.

Благодарам однапред.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom