Воопшто не ви држи аргументот “законите важат за сите” кога очигледно е дека други тенисери и други случаи влегувале во Австралија без проблем без вакцина.
Ноле е најпознатата и најпопуларна фаца во светот што е против ковид вакцината и против мерките на принудна вакцинација. Дури не е ни против вакцината, туку си ќути и не се вакцинира. Да беше против вакцината они ќе беа радосни, зашто ќе му залепен триста етикети како е дебил, неписмен, прост балканец и слично. И он сеа доаѓа да игра тенис невакциниран, во земја каде што ковид вакцината е светиот грал и божествено суштество од рангот на Амон Ра, Зевс и Јупитер заедно споени во едно битие во форма на ковид вакцина.
Од таа причина Ноле треба или јавно да покаже стравопочит кон австралиската вакцинална религија и Божеството - ковид вакцина, или во спротивно да биде понижен, компромитиран, валкан по медиуми и влечен по притвори.
Чист power play е ова, благе везе нема со тоа “законите важат за сите”, и “Австралија е земја кај што постојат правила”. Немојте да бидете до толку наивни. Многу е популарен и не е послушен, па сеа треба да биде дисциплиниран. Тоа е целиот муабет.