Шо ти стана бе чоек? Зошто идеш во крајности? Последниов параграф ти е апла глуп, без навреда. Ништо не добиваш со тоа што го демонизираш соговорникот, освен илузија дека си во право, макар и морално (лол)Се правиш како никогаш да не си стапнал на балканот. За какви глупости никој нема одговарано, не пак за ова.
Темава е идеален приказ зошто никогаш нема да не биде како општество. Од една страна сите кукаат дека не им чини судството, здравствен систем, вработувања со врски и сл, а од друга страна поддржувате исти такви работи, т.е ликови кои го заебале системот.
Не би се сомневал дека и ги практицирате сите тие глупости од кои ни трули системот: вработување од партија/врски, завршување работа на секој чекор со барање врски, носење мито на референти/доктори за да завршите работа побрзо, барање врски за поправање оцени на деца, барање врски за уписи на факултети, барање врски за кинење на казни, сива економија и тн.
Некако многу субјективно гледаш на ситуацијава со Џокович само затоа што тебе те блокирале да влезеш, ако добро разбрав од твоите коментари. Прости ако грешам.
Ќе пробам да бидам краток.
1. Неколку играчи и тренери влегле во Австралија невакцинирани и учествувале на помалите турнири пред АО. Таму се 10+ дена и на никој не му е гајле за тоа.
2. Џокович постира на инстаграм дека иде за Австралија со medical exemption
3. Наеднаш сите здивуваат на помислата невакциниран човек да влезе во Австралија иако тоа многумина го прават секојдневно како што може да видиме
4. Џокович ја има потребната (и валидна) документација за влез во државата исто како и преостанатите невакцинирани
5. Џокович е политички избркан за да не галамат разни Џок Крокодиловци што ги држеа затворени 2 години
Да беше Новак анонимус, а не еден од најпознатите спортисти на светот ќе си влезеше во Австралија без проблем и ќе учествуваше на турнирот без вакцина. Ова е неспорен факт.
На Џокович му замерувам за постот на инста пошто требаше да знае со какви гомна си има работа и да се стрпи неколку дена пред да се курчи. Вака само го искористија за политички поени.
Иначе нели го избркаа пошто бил опасност за општеството во Австралија, така? Еве денес втор тенисер испадна дека играл позитивен на натпревар, а на АО воопшто не ги ни тестираат играчите. Кузнај колку позитивни ќе испаднат ако ги тестираат сега сите тенисери, ќе треба да го откажат турнирот. Ама нема везе тоа што они го шират вирусот, битно го избркаа Новак.
Комедија.