Кано, судска јурисдикција имаат само и само за настаните, околностите, правните дела, кривичните дела и сл. случени, склучени или сторени на австралиска територија (копнена, воздушна и водна). Тука завршува јурисдикција. Ти викам, Австралија може единствено да ја истражува валидноста на негативниот тест, а за тоа си има механизми. Тука можеа да му направат огромна сопка.
Наративот вака се одвиваше:
1. Проблем: не е вакциниран. Галама околу тоа, цитирање принципи и правила и политичко инволвирање на скотот Морисон. Морал, етика, бла бла. Тоа излезе ок.
2. Проблем: исклучокот поради кој не е вакциниран. Поминат низ 2 независни комисии, составени од по 6 доктори, доктори по општа медицина и специјалисти. И тоа помина.
3. Проблем: околностите. Ууууу, фенси. Секогаш обвинителството гради случај против обвинетиот каде одредени грешки од минатото, кои најчесто и немаат никаков допир со суштината на предметот, со цел да го претстават во лошо светло во поротата и да издвојат чиста победа. Ниту една околност немаше директна улога. Зошто? Се сторени на територија на друга држава! Дали се истражи српското право? Не. А имаше и политички притисоци, каде директно се вмеша и самиот министер кој дерогираше судска одлука.
Новак беше 10-тина дена во Австралија, што во камп, што на слобода. Факт е дека прележаните се подобро заштитени, по дефиниција, од вакцинираните. Тоа е и научен компромис кој важеше...сѐ до Ковид пандемијата. Факт е дека ги исполнуваше сите критериуми за влез (тоа го потврди и судијата).