Ѓоковиќ против Австралија

Статус
Затворена за нови мислења.

Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.514
Поени од реакции
34.564
Кано друже,
Толку плачење дека Законите во Австралија важат за сите подеднакво е само мачкање очи за рајата.
Законите нити важеле, нити ќе важат за секого подеднакво. Тоа не е од денес, тоа е од секогаш, така и ќе остане. Секогаш постојат исклучоци.
Случајот со Новак е само дисциплинирање и оправдување за затворскиот живот, ништо повеќе.
По ова што ве читам, заклучив дека рајата обожава да биде газена, и третирана поинаку од тие што се „посебни“.

Чекај сега малку, не разбирам.. Прво го пцуеш дека шетал заразен и ширел зараза, а после викаш дека според тебе позитивниот тест му бил лажен, што било подеднакво дно на тоа да шета заразен... Зошто тогаш го правиш Новак "гомно од човек" (твои зборови) на неколку различни теми, со образложение дека нема осет за тие околу него и свесно се шета додека е заразен со Ковид, ако мислиш дека тестот му е лажен?

Второ, како може првото да е подеднакво дно со лажен тест? Мислам дека ти кажа еднаш Ио, зошто потребата да глумиш светец, кога сите знаеме дека било кој од нас тука би го направил истото? Или ти да бркаш рекорд на сите времиња и знаеш дека со лажен тест можеш да одиш на турнирот и да се натпреваруваш, сепак би одбрал да седиш дома и да гледаш на тенис на Еуроспорт? Си препишувал некогаш на тест во школо или испит на факултет? Епа готово, дипломата не ти е валидна! Си лажел на CV дека имаш поголемо искуство за да добиеш подобра работа? Треба сместа да си дадеш отказ од морални причини. Си пиел пиво во кафич како малолетник? Си носел оправдание во школо кога си бегал од час? Си влегол некаде преку ред пошто имаш твој човек? И да не продолжувам. Реално, нема човек на светот кој не пробал барем еднаш во животот да го "заобиколи системот" само за да го избере полесниот пат да дојде до целта.

Ти кажа и Син за Коби и неговиот скандал. Унаказил 19 годишно девојче за цел живот, ама тебе ти е идол и го гордо го носиш на ник и аватар. И како и да ја вртиш, Коби е легенда на НБА и ќе остане запаметен како еден од најдобрите кошаркари на сите времиња и сосема е нормално и очекувано да биде идол на илјадници деца и млади кошаркари низ светот што го фатиле неговото време. Ама штом си успеал да пројдеш преку тоа што го направил тој, нема потреба да пропагираш морал и да го осудуваш Џоковиќ бидејќи лажирал тест за коронавирус.

Кикс и огромна глупост од тимот на Џоковиќ е тоа што требало поубаво да го осмислат ова. Мое мислење е дека направиле некој пропуст и не биле свесни дека ќе може да влезе со позитивен тест, па кога веќе решиле да играат на таа карта сите тие настани и интервјуа веќе биле завршени. Како и да е, морале да се свесни за тоа во моментот кога одлучиле да вадат позитивен тест на 16ти декември и најверојатно од таму излезе и лејм приказната која ја постираше после првото судење. Реално, ако си бил во контакт со позитивен препораките се да седиш во изолација (дури и додека ги чекаш резултатите) и не ми е јасно зошто некој помислил дека ова било како ќе помине без штета врз имиџот на Новак.

Како и да е, на него лично му пуштам рака што одбра да "не игра, така како што му свират" и за пораката што ја испрати за ретардираните ковид мерки. Може ќе го кошта потенцијална 21ва ГС титула и официјално крунисување како најдобар тенисер во историјата, ама покажа дека има став и решен е цврсто да стои зад своите верувања. Титули секако веќе има 20 и никој нема да му ги земе.
Па и во школо ако те фателе, се јадеше казна, или ќе леташ од час, или на факултет ќе јадеш казна 3 сесии и фино лепо ќе си го презапишеш предметот.

Глуп е и тој, и целиот негов ПР, затоа и треба да биде казнет. Десет пати ќе го почитував повеќе, ако навистина ги заобиколеше законите и ги искористеше сите дупки. Овој ни за тоа не го бива.

Упорно пробувате да оправдате некој што пробал да крши закон, и е фатен во делото. Без разлика за каков тип на кршење станува збор, мора да следува казна.
 
ManUtdChampions

Lleyton Hewitt
Член од
5 февруари 2009
Мислења
32.373
Поени од реакции
42.565
По ова што ве читам, заклучив дека рајата обожава да биде газена, и третирана поинаку од тие што се „посебни“.

Па и во школо ако те фателе, се јадеше казна, или ќе леташ од час, или на факултет ќе јадеш казна 3 сесии и фино лепо ќе си го презапишеш предметот.

Глуп е и тој, и целиот негов ПР, затоа и треба да биде казнет. Десет пати ќе го почитував повеќе, ако навистина ги заобиколеше законите и ги искористеше сите дупки. Овој ни за тоа не го бива.

Упорно пробувате да оправдате некој што пробал да крши закон, и е фатен во делото. Без разлика за каков тип на кршење станува збор, мора да следува казна.
А каде е фатен? Тестот му е валиден на хартија, каде има доказ дека е фалсификат?
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.514
Поени од реакции
34.564
А каде е фатен? Тестот му е валиден на хартија, каде има доказ дека е фалсификат?
Не за тестот, туку за тоа што шетал во јавност позитивен.
Автоматски споено мислење:

По ова што те читам, заклучив дека или си цитирал погрешен лик или не си се расонил :pipi:
Тоа се случува кога пробувам да работам на 3 монитори истовремено :D
 
Darklady

Модераторка
Член од
29 октомври 2011
Мислења
5.530
Поени од реакции
34.793
По ова што ве читам, заклучив дека рајата обожава да биде газена, и третирана поинаку од тие што се „посебни“.
Желбите и реалноста се две различни нешта.
Да веруваме дека Законите важат за сите поддеднакво е заблуда. Да веруваш во нешто што не постои.
Теоријата е едно, а праксата друго.

Знам дека си слушнал за утопија :pipi:
 
ManUtdChampions

Lleyton Hewitt
Член од
5 февруари 2009
Мислења
32.373
Поени од реакции
42.565
Не за тестот, туку за тоа што шетал во јавност позитивен.
Автоматски споено мислење:

Тоа се случува кога пробувам да работам на 3 монитори истовремено :D
Тогаш нека го казнат во Србија, ама за тоа не е фатен, пошто не се трудел да го сокрие очигледно. xD
 
Член од
6 април 2007
Мислења
1.095
Поени од реакции
443
Неточни податоци внесени во документите? Чудо големо. Човечки е да се греши.
 
Член од
16 декември 2009
Мислења
1.317
Поени од реакции
1.159
Господин Ѓоковиќ само едно нешто кое е поврзано со Австралија прекрши а тоа е погрешно пополнета една ставкаод формуларот во која се прашува дали доаѓа директно или бил во некоја друга земја пред да влезе во Австралија.Тоа е прецедурална грешка и нема никаква материјална тежина за случајов зошто господин Ѓоковиќ каде и да бил во Австралија влезе потполно здрав и без никаков вирус.
На првото судење кога се гледаше вонеговите докменти и во царинската процедура дури и австралискиот суд утврди дека нема нкаков проблем.
Во второто судење австралискиот суд не расправаше за материјалните докази туку само утврди дали тамошниот министер имал законско право да донесе таква одлука .Значи второстепениот суд само потврди дека министерос законски го искористил своето дискреционо право не навлегувајќи во материјална расправа.
Н крај кога бил кај децата да дава некој награди со кој се сакаше да се дикредитира господин Ѓокови како личност,никако не можел да знае дека е позитивен зошто има време на испраќање на пораката и време на отварање на пораката со која се утврди дека пораката е отворена подоцна од посетата на децата.
Нема друга вистина освен покажување на сила на вакцерите против луѓето кои не се вакцинирани.
 
kano

Farang
Член од
27 ноември 2014
Мислења
12.071
Поени од реакции
22.113
Бранам човек кој вака или онака се спротивстави на дебилната масхистерија околу ковидот. Тоа што е Србин е негов проблем.
jok... da bese random licnost nemase tema da ima. branis srbenda eve edna druga retarda spomna deka bil i sloven supakot
Автоматски споено мислење:

Кано друже,
Толку плачење дека Законите во Австралија важат за сите подеднакво е само мачкање очи за рајата.
Законите нити важеле, нити ќе важат за секого подеднакво. Тоа не е од денес, тоа е од секогаш, така и ќе остане. Секогаш постојат исклучоци.
Случајот со Новак е само дисциплинирање и оправдување за затворскиот живот, ништо повеќе.
vazno vazat i za novak. he just got cancelled... nema veke vip za nego nadvor od srbija i ostanatite balkanski drzavicki
Автоматски споено мислење:

Брани Словен исти ко што биле твојот татко дедо прадедо....
Кого браниш ти и завколку кила урда?
cokalije sega me ubedi deka treba nole siracot na zarazi da go branime... urda na balkanot, tamu taka si se "branite"
Автоматски споено мислење:

Господин Ѓоковиќ само едно нешто кое е поврзано со Австралија прекрши а тоа е погрешно пополнета една ставкаод формуларот во која се прашува дали доаѓа директно или бил во некоја друга земја пред да влезе во Австралија.Тоа е прецедурална грешка и нема никаква материјална тежина за случајов зошто господин Ѓоковиќ каде и да бил во Австралија влезе потполно здрав и без никаков вирус.
На првото судење кога се гледаше вонеговите докменти и во царинската процедура дури и австралискиот суд утврди дека нема нкаков проблем.
Во второто судење австралискиот суд не расправаше за материјалните докази туку само утврди дали тамошниот министер имал законско право да донесе таква одлука .Значи второстепениот суд само потврди дека министерос законски го искористил своето дискреционо право не навлегувајќи во материјална расправа.
Н крај кога бил кај децата да дава некој награди со кој се сакаше да се дикредитира господин Ѓокови како личност,никако не можел да знае дека е позитивен зошто има време на испраќање на пораката и време на отварање на пораката со која се утврди дека пораката е отворена подоцна од посетата на децата.
Нема друга вистина освен покажување на сила на вакцерите против луѓето кои не се вакцинирани.
gospodinot nole ke bide glaven favorit na serbian open... taman ke si se odmori do togas
 
Последно уредено:

Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.514
Поени од реакции
34.564
Желбите и реалноста се две различни нешта.
Да веруваме дека Законите важат за сите поддеднакво е заблуда. Да веруваш во нешто што не постои.
Теоријата е едно, а праксата друго.

Знам дека си слушнал за утопија :pipi:
Значи не веруваш во тоа што гледаш :)
Ете ти покажаа дека важат за сите ;)
Тогаш нека го казнат во Србија, ама за тоа не е фатен, пошто не се трудел да го сокрие очигледно. xD
Се правиш како никогаш да не си стапнал на балканот. За какви глупости никој нема одговарано, не пак за ова.

Темава е идеален приказ зошто никогаш нема да не биде како општество. Од една страна сите кукаат дека не им чини судството, здравствен систем, вработувања со врски и сл, а од друга страна поддржувате исти такви работи, т.е ликови кои го заебале системот.

Не би се сомневал дека и ги практицирате сите тие глупости од кои ни трули системот: вработување од партија/врски, завршување работа на секој чекор со барање врски, носење мито на референти/доктори за да завршите работа побрзо, барање врски за поправање оцени на деца, барање врски за уписи на факултети, барање врски за кинење на казни, сива економија и тн.
 
ManUtdChampions

Lleyton Hewitt
Член од
5 февруари 2009
Мислења
32.373
Поени од реакции
42.565
Значи не веруваш во тоа што гледаш :)
Ете ти покажаа дека важат за сите ;)

Се правиш како никогаш да не си стапнал на балканот. За какви глупости никој нема одговарано, не пак за ова.

Темава е идеален приказ зошто никогаш нема да не биде како општество. Од една страна сите кукаат дека не им чини судството, здравствен систем, вработувања со врски и сл, а од друга страна поддржувате исти такви работи, т.е ликови кои го заебале системот.

Не би се сомневал дека и ги практицирате сите тие глупости од кои ни трули системот: вработување од партија/врски, завршување работа на секој чекор со барање врски, носење мито на референти/доктори за да завршите работа побрзо, барање врски за поправање оцени на деца, барање врски за уписи на факултети, барање врски за кинење на казни, сива економија и тн.
Не, ништо од ова што си го набројал не го практицирам, освен ако непријавување приход од фриленс работа кој ми стига на Пејонир го сметаш како сива економија. xD

Од друга страна, сум бил на ручек во ресторан, на свирка, во мол без валиден сертификат и сум земал ризик да ме фатат и казнат на пример. Да ми понуди некој лажен тест пред да одам на одмор летово со две раце би го земал, и онака ако одам да се тестирам во Никоб само ќе ми го допрат носот и ќе излезам негативен (сум бил веќе 2 пати, па знам), што технички тестот пак го прави лажен и невалиден, само што даваш 1500 денари за него. Така да, системот си е секако трул сам по себе.

И не е океј што претставувате дека само на балканот се прават вакви глупости. Ти кажав и претходниот пат, секаде се фалсификуваат документи низ светот, секаде тие што имаат можност да го заобиколат законот - го прават тоа, дури на запад, каде што има мултимилионери и лица со високи политички функции тоа го прават далеку почесто отколку кај нас. Дали мислиш дека мултимилионер се станува на фер и поштен начин, со почитување на сите закони? Да не се лажеме. :) Агентите по разузнавачките агенции буквално живеат и оперираат со фејк идентитет и документи, ама тоа го прават "за доброто на државата", па ќе им простиме? Не, тоа го прават за бенефит на политиките на партијата што е на власт.. Не ли е и ова ебење на системот? И да не набројувам сега, јасно ти е што сакам да кажам.
 
Па се влегува во тоа, за тебе пример е ситен криминал избегнувањето да се плати данок, или пак плаќање на придонеси, ама гледано за системот е голем проблем. Што ако истото како тебе го прават уште 50 000 души? Така настанува хаос, сите пробуваат да фатат кривина.
Ќе се испразни уште малку буџетот, па ќе лупнат прогресивен данок, па ќе ти стегнат ланец дека не смееш да имаш странски сметки и тн.

Исто и со сертификатите, јас пример порадо не би одел на таа свирката, отколку да се заебавам да фејкувам сертификати, едноставно тоа ми е изгубено време, и ако ме фатат непотребни нервози додека се објаснувам. Ако веќе правам криминал, сигурно нема да биде фејкување на сертификат за вакцинација ;)

Не се станува мултимилионер со поштена работа, ама уште помалку се станува со ситен криминал и замаранции од ваков тип. Така се губи време, нерви, и само може да си го оцрниш името непотребно.

Со последното мешаш баби и жаби, тој што работи во агенција за разузнавање има таков идентитет поради потребите на таа работа, кога станува збор за безбедноста на државата не се гледаат методи и средства.
 
Член од
19 ноември 2020
Мислења
2.524
Поени од реакции
9.405
Темава е идеален приказ зошто никогаш нема да не биде како општество. Од една страна сите кукаат дека не им чини судството, здравствен систем, вработувања со врски и сл, а од друга страна поддржувате исти такви работи, т.е ликови кои го заебале системот.

Не би се сомневал дека и ги практицирате сите тие глупости од кои ни трули системот: вработување од партија/врски, завршување работа на секој чекор со барање врски, носење мито на референти/доктори за да завршите работа побрзо, барање врски за поправање оцени на деца, барање врски за уписи на факултети, барање врски за кинење на казни, сива економија и тн.
Ова го заклучи од народ што коментира повеќе за глупите мерки и правила и реши да си направиш генерализација ко оној од Лондон што познавал 2ца во Македонија што неверувале во вирусот(чисто се сомневам) и најде тука да ни објаснува дека 95% биле такви? Не е толку како порано, народот се повеќе независи финансиски од партии и државна работа и си има повеќе слобода да ги стави на кур тие ропаци по администрација што бараат мито. И повеќето што пишуваат ги заболе таквото за србендата од небескиот народ, најмногу е заради тие ебани сертификати и пасови.

Па и @kano ти лајкнал, истиот тој што тука пишуваше или пак натаму нагласувше подобро да направел фејковача Ѓоковиќ и дека тој тоа планира да го направи доколку воведат задолжителна трета доза во Австралија. :icon_lol:
 
ManUtdChampions

Lleyton Hewitt
Член од
5 февруари 2009
Мислења
32.373
Поени од реакции
42.565
Па се влегува во тоа, за тебе пример е ситен криминал избегнувањето да се плати данок, или пак плаќање на придонеси, ама гледано за системот е голем проблем. Што ако истото како тебе го прават уште 50 000 души? Така настанува хаос, сите пробуваат да фатат кривина.
Ќе се испразни уште малку буџетот, па ќе лупнат прогресивен данок, па ќе ти стегнат ланец дека не смееш да имаш странски сметки и тн.

Исто и со сертификатите, јас пример порадо не би одел на таа свирката, отколку да се заебавам да фејкувам сертификати, едноставно тоа ми е изгубено време, и ако ме фатат непотребни нервози додека се објаснувам. Ако веќе правам криминал, сигурно нема да биде фејкување на сертификат за вакцинација ;)

Не се станува мултимилионер со поштена работа, ама уште помалку се станува со ситен криминал и замаранции од ваков тип. Така се губи време, нерви, и само може да си го оцрниш името непотребно.

Со последното мешаш баби и жаби, тој што работи во агенција за разузнавање има таков идентитет поради потребите на таа работа, кога станува збор за безбедноста на државата не се гледаат методи и средства.
Па баш поради тоа што тоа го прават 50 000 души го правам и јас. На почеток плаќав добри 18 месеци и тоа. После со 10 души правев муабет, 10 души ми кажаа дека не плаќаат. Сфатив дека, така како што стојат работите, јас џабе си ги фрлам парите и тоа е bottom line-от. На крај пак никој нема да ги гони и нив и тоа е тоа.

Не сум губел време да правам фејк сертификат бидејќи никој не ми ни побарал. Вчера бев во Ист Гејт, влегов преку лифт, никој не ме праша за сертификат. Значи пак ни е трул системот во сам старт, пошто ми дава можност да го заобиколам на ваков смешен начин. Кога имав корона првиот пат, седев во станот во Скопје и таа адреса ја дадов за самоизолација. Два пати дојдоа да ме бараат дома во Валандово, два пати им кажаа дека сум во Скопје и никој не се потруди да се јави да ме проверат тука. Можев да правам апсолутно што сакам тие 20 дена, ама тогаш искрено не ми се ризикуваше па си седев дома. Во секој случај, системот пак не фукнционира како што треба.

За последното, не станува само збор за безбедноста на државата, туку таквите агенти се користат во многу поголеми игри, од кои ќе ќарат само поединци. Ама да не навлегуваме.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom