Secret Movie Santa

devilko

♆ wicked one ♆
Член од
28 август 2014
Мислења
1.890
Поени од реакции
6.166
Ќе играме.. Сикрет Валентајн, добар предлог@ob1 (y).. да се финишира тука и утре нова тема ќе никне
Автоматски споено мислење:

И кој сака нека се открие на кого предложил филм. Планирав и ја али Девилко сам ме намириса :D
Те сетив уште одма, по предлогот и пораката. Од кај тебе го "украдoв" тогаш и го ставив на вачлист, сега и дојде на ред да го изгледам. :D
Мене ми се падна @ob1 . Интересен член е. И да, најчесто, освен суперхеројски, спортски драми ти беа меѓу највисоките оценети. :D

Него, дали ова ако биде Сикрет Валентин ќе треба да предложуваме филмови на теми љубов/вино/страст? :rolleyes:
 
Член од
26 февруари 2016
Мислења
5.419
Поени од реакции
13.591
Моето дете Мраз никаде го нема, нит сум го видел на форум од тогаш ни ништо... Така да count me in и за следна рунда. Сега може ќе имам повеќе среќа...
 

џимеј

џимилино
Член од
4 март 2007
Мислења
10.399
Поени од реакции
25.249
Јас го добив филмот Re:Born од мојот сикрет санта, па споделувам импресии.

Нормално дека не знаев ништо за филмот, а не се сеќавам ни кога последен пат сум гледал нешто од овој дел од светот. Го најдов со задоволителна снимка на јифи и синоќа одвоив време за да го изгледам. Да не бев прокрастинатор по природа ќе бев и поуспешен во животот, па немаше да правам self-sabotage со се и сешто да решавам во последен момент, па така и со филмот што ми беше доделен уште пред еден месец и имав безброј прилики да го гледам.

Re:Born се работи за поранешен оперативец кој сега живее навидум обичен живот како продавач грижејќи се за внука му, меѓутоа набрзо треба да заборави на идејата да остане невидлив кога цела војска јури по него, нормално киднапирајќи го девојчето. Ова е сиже кое е услов број еден на секој акционен филм, па очекувано ме потсети на Тејкен и Џон Вик. Сепак тука има некои други работи кои би ги одвоил: кинематографијата во првиот дел. Сцените покрај плажа, во градот и малите улички, односно целата географија на филмот ми остави доста добар впечаток. Ми фалеше да ја искусам оваа едноставна и тивка атмосфера на филм. Re:Born не сака да биде претенциозен во ниту еден момент, најмалку во визуелниот дел, така што кинематографијата солидно се совпаѓа со можностите кои продукцијата ги дозволува. Исто така, има доста интересна сцена во првиот чин кога протагонистот ќе увиди дека „го откриле“. Да не навлегувам во детали, но ја споменувам затоа што тука може да се долови креативноста на звучниот дизајн и целата техника околу снимањето. Целокупно земено, акционите секвенци, првиот чин, глумата на девојчето и енергичните акциони сцени ми оставија доста позитивен впечаток.

Од друга страна, не беа сосема доволно за да ги заменат недостатоците од сижето и градењето ликови. Главниот villain без особена причина ја раскажува цела приказна на девојчето за да ѝ се обрати на публиката во недостаток на подобра експозиција. Исто така, добар дел (можеби цели 50 минути) беше посветен целосно на акција, и тука еден момент ми создаде suspension of disbelief (цела армија наоружана го бркаше протагонистот, но кога го најдоа не искористија никакво оружје ниту за да го фатат жив).

Ако мора да му дадам оцена, би го оценил со 6.5/10 - Re:Born е од оние искуства кои не се захтевни, а наспрема тоа, крајниот резултат е сосема солиден.
 

коцка

Curiouser and curiouser!
Член од
12 јули 2005
Мислења
7.177
Поени од реакции
13.798
големо извини до мпојот дедо мраз, знам дека не е оправдување ама ни елката не сум ја раскитила уште :(


Мојот филм беше Nueve reinas



Филмот е како кога си сигурен дека знаеш што следува и што ќе се случи и одеднаш се отвара ново ниво и сфаќаш дека немаш поима како ќе оди понатака :) ништо не е како што изгледа

Започнува со случајна средба, продолжува со случајни дешавки кои што се баш така како што изгледаат....или скроз обратно. Се во филмот изгледа како да се зеза со тебе, самиот град цело време се менува како изгледа. Улогите ми се свиѓаат како се одиграни, иако мислам дека во еден момент ако трепнев и испуштев само дел, ништо повеќе немаше да разберам од филмот, кој кого пробува да заебе. Фотографијата во филмот е јасна и движењата со камерата се динамични па ти го задржува вниманието.
Интересна приказна, убаво што на крај се објаснува се и сфаќаш дека најнаивниот е уствари најзаебаниот.

На моменти ме потсеќаше на други филмови, дали е можда малку копиран или инспириран од некој друг филм не знам, ама убаво ме изненади иако мислев дека ќе е спор затоа што е малку постар филм :)



не ви раскажувам ништо од филмот, да го гледате
Автоматски споено мислење:

Моето дете Мраз никаде го нема, нит сум го видел на форум од тогаш ни ништо... Така да count me in и за следна рунда. Сега може ќе имам повеќе среќа...
ја да не бев? :D
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.239
Поени од реакции
84.249
Филмот што го добив од санта е Сталинград од 2013 https://letterboxd.com/film/stalingrad-2013/

1/5

многу јака рецензија :D
Бијонс гарант ти го дала овој филм.

Филмот е визуелно интересен. Другото му е све срање.

Иначе ја не предложив филм што ми се свиѓа, него филм што ми е на листа за гледање одамна, а кој ми го препорачале многумина.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom