Secret Movie Santa

Mark Renton

I live by the tune, I die by the book
Член од
12 ноември 2009
Мислења
5.374
Поени од реакции
4.918
Јас го одбрав филмот на @bijons . Везе немав дека Расел Кроу ти е омилен актер, филмот искрено на shuffle од мојата watchlist-та го избрав. Мило ми е што ти се допадна, за мене баш беше тест дали некогаш ќе го гледам во животот.
 

Corvus

Latrodectus
Член од
24 јануари 2011
Мислења
4.002
Поени од реакции
15.328
Драг мој најсакан, најпоштован, најсите епитети Дедо Мраз.

И З В И Н И!
Знам колку каснам, нема оправдување. Имаш од мене, пиво, или пива, абе се што ќе посакаш само оваа грешка да ја исправам :place:

Фала ти за филмот, ептен се забавував, а го изгледав и доста одамна, само што немав ептен време и инспирација за рецензија, па еве сега го осетив моментот како ми се прикрадува, и решив да го уловам.

Филмот што ми го даде мојот Дедо Мраз инаку, е еден од првите суперхеројски филмови, снимен дури во далечната 1991. Се работи за еден пилот во време на WW2 кому ќе му падне во раце она што нам денес ни е познато како џетпек (инаку моето омилено превозно средство во ГТА:СА и второ омилено во Бонд серијалот). Со кацигата што ќе му ја направи неговиот инженер, нашиот протагонист Клиф Сикорд ќе лета како вистински суперхерој против нацистите во нивните цепелини. Тони Старк, на една друга ера.

Филмот е многу забавен и динамичен, а треба и така да му се пристапи. Воопшто не се ни обидува да биде сфатен сериозно, како плотовски така и низ цела лепеза на ликови од протагонистот па се до негативецот, со исклучок на Џенифер Конели, која е единствен лик којшто ми отскокнуваше во целиот тој гуфинес од приказна и личности. Филмов инаку има многу сличен вајб со Sky Captain and the World of Tomorrow, со таа разлика што овој што го рецензирам e далеку посветол и попозитивен и е веројатно наменет за помлада публика.

Фала ти, и уште еднаш извини што ја чекаше рецензијава цела вечност <3

The Rocketeer - 7/10
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.997
The sum of all fears (2002)

Видов дека ги исполнувам критериумите за да се пријавам на новиот предизвик, да гледам филм од оние предизвици кои досега сум ги испуштил, а беа три на број (овој, Инди и :гомце: односно Оскарите), не планирав да се пријавам, но веќе кога некој се помачил да ги разлиста сите теми и да ги сумира предизвиците кои сум ги пропуштил, не можев да кажам Не. :love:

Единственото нешто подосадно од воена драма е воената пропагандна драма, така по стадиумот на досада многу се досадував. Тука отсуствуваше моментот “ние добрите, вие лошите“, имаше некоја неутрална разорна, терористичка (/нацистичка), сила која целта и беше преку исценирани напади над САД и над СССР да ги принудат на меѓусебна војна. Не можам да кажам дека филмов беше лош, само овој жарн воопшто не ми лежи, предосаден ми е. Во себе да има инкорпорирано одредени историски тематики, да, би се наредал да го гледам, но ова е плод на фикција, филмот е снимен по истоимен роман, дури и се поттикнува меѓународната собаротка и се потенцира разорната моќ на нуклеарниот арсенал кое во рок од неколку часа може да го огорчи опстанокот на човековиот рок, но и да го пеплоса целокупниот жив организам кој живее на оваа планета.

Немам забелешки кон филмот (сем не се преговара во престапник во воено чуван објект), дури и има одлична актерска екипа, во него глумат, меѓу другите, Морган Фриман како агент на ЦИА и Бен Афлек (Џек Рајан) историчар кој го регрутира ЦИА затоа што, во статија, го предвидел наследниот ред на претседателството на СССР и извршил истражување за новиот претседател на СССР (претходниот ненадејно умира), за кој американската служба има доста скудни информации и податоци, посебно за неговиот карактер.

Му ставив 1 затоа што ми беше многу досаден, а не затоа што станува збор за лош филм.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom