Secret Movie Santa

devilko

♆ wicked one ♆
Член од
28 август 2014
Мислења
1.831
Поени од реакции
5.945
Мене за дедо Мраз мислам дека ми беше Гранде Јуве.
Одлично ми го знае филмскиот вкус, ми го имаше разбарано Летербоксот што не сум гледал, и ми го предложи еден од неговите омилени филмови. :D
 

grande-juve

е ај да плачеме сега
Член од
20 ноември 2017
Мислења
1.478
Поени од реакции
7.287
Мене за дедо Мраз мислам дека ми беше Гранде Јуве.
Одлично ми го знае филмскиот вкус, ми го имаше разбарано Летербоксот што не сум гледал, и ми го предложи еден од неговите омилени филмови. :D
 
Член од
21 октомври 2011
Мислења
1.726
Поени од реакции
2.544
Дедо Мраз мене ми го донесе филмот „Druk“ или „Уште една тура“. Со оглед дека чекаше да стигне на ред да биде гледан, може да кажам дека го погодил.

Ова е, сега засега, последниот филм на Винтеберг, повторно со Микелсен во главната улога.

Главни ликови се четворица пријатели, професори во средно училиште, кои се во криза на средни години секој на свој начин. На една средба професорот по психологија споделува една теорија од неговото поле на работа, која вели дека човековото тело има дефицит на алкохол и дека за оптимална работа треба одредено количество на алкохол во крвта. Многу лесно сите се нафаќаат да ја тестираат оваа хипотеза.

Понатаму следиме како секој се справува со последиците од овој експеримент, особено откако ќе решат да го „надоградат“.

Филмот е драма проткаена со комични елементи. Без антагонисти, ако ги исклучиме главните ликови кои самите на себе си се најголеми непријатели. Камерата е одлична, особено во моментите кога преку движењето и боите ни го доловува количеството алкохол во крвта а со тоа и расположението на ликовите.

Забавен филм со прекрасна завршна сцена.
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.630
Поени од реакции
34.814
39sgOQ8cq2GlGgArD0s0kzNazOY.jpg

...самиот факт дека главна улога ја има мојот омилен глумец Russell Crowe, знаев дека ќе уживам во гледањето на предложениот филм од Дедо Мраз, знам дека тој знае што сакам и секогаш барем се труди да ми ги исполни желбите, иако јас никако да ги кажам кои се, па тој ги нагаѓа! :D

images.jpger.jpg 6f7294dfa4ca16f9ab685c8ee355dedc6a96326ae0eabcb8b0a1a7980dd6d835._RI_.jpg

... замерка може што некако не сум учена да го гледам Russell Crowe во таква улога со уредна кратка фризура, избричен и среден, ама нели да се долови добар сопруг и татко мора да биде и „примерен“ на изглед,

sggkh+[[lxx 9 009 012_8_muochl_mvg[wmn[zkr[e3[C805vQhtDYWV7zJyzMwnXCTFK B[ZZZZYBeKygmvHlbXUfmW...jpg 495533b5d597e48866886bd11cf8f53d-480-80.jpg

... темата е од секое, па дури и од наше секојдневие, кога на многу лесен начин може да се осуди и пресуди кривица на особа која можеби не е виновна за стореното кривично дело, конкретно за убиство, со само еден сведок и лесни докази, без да се разгледа и друга можност на поклопување на моментот, а сосема друг да биде кривецот, за да на крај при бегството на брачниот пар, истите тие кои воопшто не се потрудиле да ги согледат сите можности за директната осуда, правеле све да ги фатат, толку планови, проверки, труд, што би се рекло лесно да се осуди, ама тешко некој да им побегне, па макар и невин,

images.jpgдре.jpg liam-neeson-con-russell-crowe-nel-film-the-next-three-days-198458_jpg_300x300_crop_q85.jpg

Liam Neeson како втор мој омилен глумец му овозможил со објаснување за начин и план како може да се изведе бегството, а сопругот Russell Crowe ја зел безизлезната ситуација во своите раце и овозможил бегство на својата невина осудена сопруга,

nextthreedays1.jpg image-placeholder-title.jpg

искрено, ми се допадна силната љубов на сопругот John (Russell Crowe) кој и покрај тоа што неговата сопруга (Elizabeth Banks) Lara Brennan се помирила со доживотен затвор за делото што не го сторила, откажувајќи се и од него и од синот, сопругот решил да направи све да ја извлече од затвор затоа што длабоко во себе и покрај доказите од судскиот вештак знаел дека таа била невина,
динамичен филм се гледа со пуканки во еден здив и залак, од почеток до крај кога ќе се исправите со рацете во вис, викајќи Јессссссс! :ojeaa: а останатите пуканки ќе се истурат на патос!

the-hunger-games-jennifer-lawrence.gif

...е па Дедо Мраз, уживав во секоја минута!
 
Последно уредено:

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.297
Поени од реакции
78.968
Runaway Jury (2003)


Веќе гледан филм, изгледан уште еднаш, што ич не е тешко, кога ти е филмот добар.

Преку динамично монтирани кратки резови, низ одржувано бритко темпо, режисерот ни дава малку поинаква перспектива, од онаа на која сме навикнале во ваквите правнички трилер/драми. Имено, фокусот не е на самиот судски процес, туку на можностите за манипулација со поротниците и нивното ефектуирање со помош на методи од најширок (правен и морално-етички) спектар: уцени, стап и морков, закани, присила, умилкување...

Угледниот њујоршки адвокат Финч (Хекман) е во центарот на овој вртлог, како двигател, а на површина како адвокат на одбраната. Тој е изнајмен од оружарското лоби, засегнато од можните идни правни реперкусии* што ќе им ги донесе евентуалниот пораз во случајот, вложува во махинациите на Финч, кој тврди дека ќе им овозможи победа.
Го избркале некого од работа и он се надркал, дошол у фирма, па ги испотепал. После судскиот спор во кој е осуден, се води друг спор у кој вдовицата на убиен, ги тужи оружарските фирми, за 110 милиони. Демек они се криви оти оружјето му било лесно достапно, или нешто слично. Јас лично не сум баш сигурен дека оружарските фирми се виновни само затоа што нивното оружје е достапно. Ако е така, тогаш и алкохолното лоби, а и тутунското исто би требало на тапет да бидат. Од нив далеку повеќе жртви има годишно, поточно, од достапноста на нивните производи. A всушност, во книгата на Гришам, според која е правен филмот, станува збор за жена која го тужи тутунското лоби за смртта на својот маж (пушач кој од тоа и починал). Како и да е, не сум sold баш на ставот дека треба да одговараат заради тоа што нивните производи се продаваат, па некој ги купува и поради лично нерационално поведение ги злоупотребува.

Оружарите годишно заработуваат по 2 милијарди и овие 110 милиони уопште не им се проблем. Проблем е преседанот како стожер на судството во САД и идните реперкусии по бизнисот на оружарите, во идни спорови. Затоа тие на Финч ќе му дадат милиони, за кои тој им гарантира победа, односно пресуда на поротниците во нивна корист. Вонсудскиот договор исто така не доаѓа в предвид, бидејќи другата страна тоа не го сака, баш заради гореспомената причина - да биде преседан кој ќе влије врз идни вакви случаи.

Носителот на обвинението е лабав јужњачки адвокат, со пријатели во Вашингтон, баш од анти-оружарското лоби, од лобито против достапноста на оружјето. Стандардно добро одглумен од страна на Хофман, Рор е малку нетипичен јужњак – лабав, народен човек, кој сепак е прав како меч, што би рекол еден писател за морално-етичките чистотници.

Она што го приметив, а се однесува на креацијата на ликовите, е инсистирањето на авторот да не важат утврдените премиси и шаблони, околу политичката ориентација на субјектите. Да не може некој да каже – е вакви срања прават Републиканците, или – вакви срања прават демократите. Затоа Рор е јужњак, но е лабав, либерален, народен човек, а Финч е северњак, кој е конзервативен, стегнат. Малку обратно од јавниот наратив. Исто така, Финч, во еден момент зборува за демократите и вели: – Ги мразам демократите скоро исто колку баптистите. Со оваа денунција тој сведочи за себе си како неполаризирано зло, без идеолошка заднина, кое живее на раат во општеството во кое вистинските ороводци не се законите, а дури ни идеологијата, туку парите.

Намерно не изложувам добар дел од филмот и приказната, за да можат да го изгледаат филмот, оние кои ги интересира.
Видни глумци**, обвиткани со одлично сценарио, а сето тоа водено од исто таква режија и посебно умешна монтажа. Вреди да се гледа. 8.5/10

Единствена замерка е реалистичноста на настаните. Во реалноста такво ниво на (нелегална) манипулација со поротата, чинам дека е невозможно да не се примети, ниту некој се обидува тоа да го прави до тој степен.

* - кај американскиот правен систем, кој како што ни е познато, се базира на резолуции од минати случаи
** - едни од најдобро одглумените нивни улоги, а веројатно најдобро одглумена улога на Р. Вајс, што сум ја гледал до сега
 
Последно уредено:
Член од
6 септември 2007
Мислења
8.086
Поени од реакции
8.135
колку пријавени сме и колку изгледани има до сега?
 
Член од
29 ноември 2014
Мислења
990
Поени од реакции
3.954
Inside Man (2006)

Филм на Спајк Ли со еден од моите омилени актери Дензел Вашингтон на кој му ги имам изгледано скоро сите филмови. Иако го имам веќе гледано два пати добро ми дојде ривоч. Освен Дензел друштво му прави и Клајв Овен со извонредната улога. Во споредните улоги можат да се видат Џоди Фостер и Вилем Дефо.

Се работи за филм во кој има грабеж на банка и после тоа заложничка криза, ништо не смеам да пишувам понатаму зошто ќе дојде до спојлери. Одлично филмче кое има одлично темпо и не му фали возбудливост, се гледаат во еден здив сите 125 минути колку што трае филмот. Освен одличната актерска екипа тука е и одличниот саундтрак.

Еден од најпоценетите трилери и must watch за сите љубители на трилери.
8/10

Знам дека е очајна рецензијата ама прва ми е, допрва се учам :D

П.С. Фала му на Дедо Мразот кој и да е.
 
Член од
15 јануари 2008
Мислења
5.041
Поени од реакции
12.031
The Father (2020)

Нормално никад не знам која дата и кој ден сме... Не доцнам многу....
Мојот Саната филм е The Father.... Го гледав пред извесно време и го повторив... Филмот е ремек дело и тоа мислам дека ретко кој може да го оспори. Кога го гледав првиот пат некаде прочитав дека окрутната реалност која ја има тематиката е многу позастрашувачка од било кој хорор.
Филмот ја носи приказната за постари сопружници кои се соочуваат со деменција на мажот/таткото...
Ентони Хопкинс е татко/сопруг кој доживува некаков тригер кога ќерката ќе соопшти дека сака да оди во Париз... Преку неговите конфузни мисли и реакции на моменти не се разликуваат сеќавањата од деменција. Филмот е тежок за гледање, цело време имав грутка посебно поради еден неодамнешен случај на блиска пријателка на која и најдоа прогресивен Алцхајмер...
Мислам дека не ни треба да се спомне дека филмот го носи Ентони Хопкинс кој маестрално ги глуми сите психолошки конфликти. Едино ми пречеше Оливија Колман која е рака на срце одлична глумица ама ми е страшно иритантен нејзиниот лик (мутаво-телешка фаца).
Ми се допаѓа што посебна емоција има самиот крај на филмот со сцената со сестрата.
Мојот Санта има класично префинет вкус :)
8.5/10
 

grande-juve

е ај да плачеме сега
Член од
20 ноември 2017
Мислења
1.478
Поени од реакции
7.287
@grande-juve , ќе играме пак? :vozbud:
Ќе играме.. Сикрет Валентајн, добар предлог@ob1 (y).. да се финишира тука и утре нова тема ќе никне
Автоматски споено мислење:

И кој сака нека се открие на кого предложил филм. Планирав и ја али Девилко сам ме намириса :D
 
Последно уредено:
Член од
12 мај 2014
Мислења
1.007
Поени од реакции
1.799
Јас му бев дедо мраз на @Keyser :rolleyes:. Имаше друг ник тогаш па сеа едвај го најдов:D
 

Kajgana Shop

На врв Bottom