Secret Movie Santa

Mr. Mojo Risin'

Porka de Majorka
Член од
14 септември 2008
Мислења
3.492
Поени од реакции
4.336
Мојот подарок кој што го чекав 2 недели кончено го дочекав и добив филмиште! Иако не знам да пишувам рецензии т.е никогаш досега немам пишувано, ќе се обидам да испоштувам и да доловам колку што можам у кратки црти.

The Conversation
Филмов го имам на Watchlist поише од 5 години но го немав гледано досега. Станува збор за филм на Копола од 1974та година сниман измеѓу двата далеку попознати делови од Кум. Во главна улога е легендарниот Џин Хекман кој што го води целиот филм, додека останатите актери кои се појавуваат се Џон Казале, Харисон Форд и Роберт Дувал. Иако останативе тројца имаат мала минутажа во филмот убаво беше да се види старата гарда актери у млади години и прерано починатиот Казале од кој што немам видено лоша глума во сите филмови што сум ги гледал со него. Џим Хекман докторски си ја врши работата.
"Разговорот" имал дури 3 номинации за оскар и тоа најдобрар филм, најдобро сценариo, и најдобар звук.Френсис Форд Копола може да се пофали дека у иста година има две номинации за најдобар филм, "Кум" и "Разговорот".

Во приказната се запознаваме со Хери Кал експерт за прислушкување кој што добива една задача од богат и моќен клиент да прислушкува приватен разговор помеѓу маж и жена и да ја прати снимката кај клиентот. Иако тоа навидум е рутина за Кал сепак нешто во разговорот ќе го вознемири доволно за да почне да се сомнева во неговата работа и начин на живот. Не би сакал да откривам ништо повеќе за приказната за тие што го немаат гледано филмов.
Морам да напоменам дека обожавам вакви филмови со споро темпо , одлична глума и доста мрачна атмосфера. Паранојата на главниот лик одлично е доловена што дури почнува да влијае и на тебе како гледач. Уште на почетокот се приметува неизвесноста на настаните и една доза на мистерија и љубопитност како ќе заврши приказната се до кулминацијата на крајот која што барем мене ми беше доста haunting. Топло го препорачувам на сите филмаџии што го немаат гледано да му дадат шанса, мислам дека не може да не ви се допадне вакво мало ремек дело. Одличен подарок и голема благодарност до мојот Secret Santa ми го погоди филмот како никој досега. :love:
 
Последно уредено:
Член од
14 октомври 2010
Мислења
5.124
Поени од реакции
15.950
Мојот филм беше Fresh (1994).

Негледан, а немав ни слушнато досега. Не верувам ни дека некогаш ќе го пуштев за симнување.
Се работи за 12 годишниот Мајкл (прекар Фреш), кој веќе некое време си дила дрога во гетото, притоа има наркоманка за сестра, татко - алкохоличар и бездомник (Сем Џексон) и живее кај тетка му со уште десетина други дечиња, ко во фостер дом. Со татко му се сретнува во парк за да играат шах повремено, па малиот ја користи играта и неговата интелигенција за правење сплетки наоколу кои би излегле во негова корист.

Зачудувачки добра глума од детето, тој го прави филмот. Сем е секако одличен, како и друг докажан актер кој го глуми главниот работодавач на Фреш, Гас од Брејкинг бед.
Гетото е веројатно одлично претставено со нивниот сленг, понашање, размислувања и живот.

Метафорите со шахот ми беа омилени и како таткото му пренесуваше мудрости преку играта. Извонредни реченици беа тоа. Се согласувам со ова. :D
233.png


Многу искрен и реален филм. Иако знае визуелното некогаш да ме трефне во филм и да ми се допаѓа тој дел од уметноста, пред се најмногу ми се допаѓаат добри приказни со одлично раскажување без многу булшит моменти, кое ќе те натераат да размислиш и/или да почувствуваш нешто.

Иако реално би му дала 8, ме мава сентиментално ова со шахот, зашто и јас го учев играјќи со дедо ми и татко ми, а со едниот веќе немам можност да го правам тоа.
9/10

Што се однесува до Дедо Мразот, бравос за изборот. Уште кога го видов трејлерот, а и после гледањето го мислам истото, т.е мојата (непромашлива) женска интуиција ми вика дека е некој од дечките во The wire темата. :D Гето, дрога, шах, крал метафори, дефинитивно на тоа ме влече. Кој и да е, нека пише ако има други вакви слични предлози.
 
Член од
9 февруари 2016
Мислења
1.252
Поени од реакции
3.176
Мене ми се падна A Dog's Journey.
Филмот е за животот на некој пес од негова перспектива. Не сум некој голем љубител на кучиња, па знаев дека нема да ми се допадне. Можеби на некој што сака кучиња би му бил врв, но јас не го ни догледав. Ќе се воздржам од оцена, да не го навредам предложувачот. Искрено пре би го гледал тој што му се падна на @Filip Telford :D
 

grande-juve

е ај да плачеме сега
Член од
20 ноември 2017
Мислења
1.478
Поени од реакции
7.287
Happiness (1998)
1643142810635.png

I wake up happy, feeling good... but then I get very depressed, because I'm living in reality.


Мојот дедо мраз ми даде веќе гледан филм, ама погоден до даска зашто ми беше гледан одамна, ми се свиѓаше и ми беше во план за реприза.

Happiness е редок примерок од филм... Ги следи животите на неколку луѓе и на некои места приказните меѓу нив се поврзуваат. Заедничкото за сите е што се во потрага по среќа и сите длабоко во себе се несреќни, осамени, тажни и гледаме како секој на свој начин се справува. Сите се од надвор нормални, секојдневни луѓе, семејство, хоби, работа, успешна кариера.. Happiness се фокусира на тоа како се осеќаат од внатре. И како што може одма да се претпостави, не се како насловот на филмот.

Зошто е редок филмов? Затоа што е уникатен микс на драма и комедија. Ќе те натажи, згрози, замисли и во истиот момент ќе те прсне од смеење, до тој степен да се прашаш дали сум нормален што се смеам на ситуацијава. Полн е со вакви чудни ситуации и моменти кои те шантраат горе-доле и апсолутно уживав како и првиот пат.

Сценариото, дијалозите и глумата се топ. На неколку места се гледаше микрофонот дека е у кадар, на едно место апла, не знам како не приметиле, како и да е не ми сметаше тоа.
Режисеров има уште еден јак филм, само полесен и не толку "забеган" ко овој, Welcome to the Dollhouse, дедо мразов мој ако не го глеал ете му предлогче.

Идеален би бил за дискусија, сега ради спојлери не можам да пишам за одредени ситуации, ќе ја ставам само првата сцена и епското раскинување :pos:

8,5/10 (y)
Автоматски споено мислење:

и потсетување, уште 6 дена има за тие што не го изгледале или пишале за нивниот филм
 
Член од
29 ноември 2014
Мислења
990
Поени од реакции
3.954
Јас би сакал да тераме уште неколку рунди, нормално ако не ви е тешко на некој од вас двајца за организирање :)

И за да биде поинтересно на крај на секоја рунда организаторот да го открие секој дедо мраз и на кого му има дадено "поклон"

Чисто да се запознаеме подобро и да видиме кој каков вкус за филмови има :)
 

Darklady

Модераторка
Член од
29 октомври 2011
Мислења
5.544
Поени од реакции
34.850
И за да биде поинтересно на крај на секоја рунда организаторот да го открие секој дедо мраз и на кого му има дадено "поклон"
Јас го дознав мојот дедо мраз, по што сите во Филм и ТВ го знаеле кој бил, само јас не знаев :pipi:
 

Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.658
Поени од реакции
34.949
И за да биде поинтересно на крај на секоја рунда организаторот да го открие секој дедо мраз и на кого му има дадено "поклон"
Сакаш повод за WW3?
 
Член од
29 ноември 2014
Мислења
990
Поени од реакции
3.954
Јас го дознав мојот дедо мраз, по што сите во Филм и ТВ го знаеле кој бил, само јас не знаев :pipi:
Јас не сум активен член на Филм и ТВ ама го знам, никнејмот му почнува на Z :D
 

коцка

Curiouser and curiouser!
Член од
12 јули 2005
Мислења
7.056
Поени од реакции
13.554
јас фалам!!!! Утре ќе пишав ВЕТУВАМ!!!
Автоматски споено мислење:

ми олесна и дека мојот предлог гледам бил убаво прифатен :)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom