Мојот филм беше
Fresh (1994).
Негледан, а немав ни слушнато досега. Не верувам ни дека некогаш ќе го пуштев за симнување.
Се работи за 12 годишниот Мајкл (прекар Фреш), кој веќе некое време си дила дрога во гетото, притоа има наркоманка за сестра, татко - алкохоличар и бездомник (Сем Џексон) и живее кај тетка му со уште десетина други дечиња, ко во фостер дом. Со татко му се сретнува во парк за да играат шах повремено, па малиот ја користи играта и неговата интелигенција за правење сплетки наоколу кои би излегле во негова корист.
Зачудувачки добра глума од детето, тој го прави филмот. Сем е секако одличен, како и друг докажан актер кој го глуми главниот работодавач на Фреш, Гас од Брејкинг бед.
Гетото е веројатно одлично претставено со нивниот сленг, понашање, размислувања и живот.
Метафорите со шахот ми беа омилени и како таткото му пренесуваше мудрости преку играта. Извонредни реченици беа тоа. Се согласувам со ова.
Многу искрен и реален филм. Иако знае визуелното некогаш да ме трефне во филм и да ми се допаѓа тој дел од уметноста, пред се најмногу ми се допаѓаат добри приказни со одлично раскажување без многу булшит моменти, кое ќе те натераат да размислиш и/или да почувствуваш нешто.
Иако реално би му дала 8, ме мава сентиментално ова со шахот, зашто и јас го учев играјќи со дедо ми и татко ми, а со едниот веќе немам можност да го правам тоа.
9/10
Што се однесува до Дедо Мразот, бравос за изборот. Уште кога го видов трејлерот, а и после гледањето го мислам истото, т.е мојата (непромашлива) женска интуиција ми вика дека е некој од дечките во The wire темата.
Гето, дрога, шах, крал метафори, дефинитивно на тоа ме влече. Кој и да е, нека пише ако има други вакви слични предлози.