Secret Movie Santa

Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.913
Поени од реакции
37.072

grande-juve

е ај да плачеме сега
Член од
20 ноември 2017
Мислења
1.484
Поени од реакции
7.307
Само да се изнајде некое попрактично решение за достава на филмовите од еден на друг член.. иначе нормално дека и ја се согласувам, еднаш месечно или слично би било интересно
 

wot

aloof
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.653
Поени од реакции
34.082
По 1 филм месечно таман.

Пријавување од 20-31, од 1-14 предложување и од 15-31 гледање и коментирање.
Not. So. Fast. Mojo Jojo.

Ako si bil naughty, spremen li si 12 x Freddy got fingered? :D
 

grande-juve

е ај да плачеме сега
Член од
20 ноември 2017
Мислења
1.484
Поени од реакции
7.307
И ја го чекам мојот, али до 14ти е рок така да ќе си чекаме :D
 

devilko

♆ wicked one ♆
Член од
28 август 2014
Мислења
1.890
Поени од реакции
6.166
Што ако не се предложат филмови до 14-ти? :D
 

Corvus

Latrodectus
Член од
24 јануари 2011
Мислења
4.002
Поени од реакции
15.328
Ти @Dumbledore помалку да се смешкаш повеќе да се пријавуваш на сикрет муви санта.
Ела си јас да ти дадам еден филм :love:
 
Член од
18 март 2019
Мислења
445
Поени од реакции
2.045
Achievement unlocked! Прв црно бел филм што сум изгледал и што успеа да ми го задржви вниманието за не го угасам во први 15 минути. Го добив Polytechnique и иако не сум фан на црно-бели филмови, особено на јазик друг освен англиски, филмот беше сосема пријатно искуство да се изгледа. Сигурно и начинот до кој стигнав до тој филм има удел во целото доживување, но морам да признаам дека е добро од време на време да излезеш од "филмската комфорт зона" и да истражиш нови хоризонти.

Во врска со филмот, се работи за Канадски црно-бел драма филм, правен според вистински дејствија, односно за анти-феминистички масакар врз женски студентки, случен 1989 година на колеџ зa градежништво во Монтреал, Канада. Дејството се одвива низ призмата на двајца студенти, преживеани жртви од масакарот, а јазикот на кој е сниман е француски. Нема повеќе да навлегувам во детали за дејството, туку малку ќе се осврнам на тоа како јас го доживеав.

Филмот го добив сабајле додека дремев на работа, видов дека го неам гледано и решив да го гледам веднаш штом ќе одам дома. Ниту видов trailer, ниту прочитав нешто во врска со него, веднаш го спуштив и без никакви очекувања го изгледав цел и ми помина во еден миг. Ми се допадна како беше претставен целиот амбиент од државните колеџи во 80тите во Канада, аутфитот кој го носеа студентите и целата таа слика, која комплетно го доловуваше целиот момент. Беше добро после долго време додека гледам филм да не бидам во некое исчекување, отприлика знаејќи како ќе се одвивда дејството бидејќи сите нови актуелни филмови без разлика на жанр се еден ист калап. Тука беше обратна ситуацијата, буквално бев спремен на се од дејството и уште по мајдн фак го правеше самиот факт дека се работи за вистински случувања. Немаше многу дијалози и многу бев фасциниран од фактот што филмот траеше едвај еден сат, а во него се опфатија три животни приказни.

За оценка на филмот, ќе се воздржам бидејќи не се работи за тип на филм кој е по мој вкус, а за вкусови не се дискутира. :D Но затоа можам да го оценам целокупното искуство од филмот, и можам да кажам дека уживав дури го гледав и големи благодарам до мојот сикрет сента што ми го пружа ова невообичаено задоволство. Сега мене ми е редот и мозокот ми е блокиран од филмски брејнсотрминг. Како и да е ветувам ќе се потрудам да не го разочарам членот чија судбина сега е во мои раце.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom