Мојот дедо мраз ми го предложи Фајкла, демек по ников. Сто пати гледан, уште толку пати дискутиран на нетов и на форумов. Сценариото, приказната, мистеријата, целиот overall филм го знаете сите, па не треба да пишувам некоја рецензија, само би кажал како јас сум го доживеал на различни години.
Го гледав првпат кога бев средно, тогаш ми беше еден од најдобрите филмови, и од аспект на приказна и плот твистот (да, еден пишува позади ников
) и од аспект на самата филозофија, на разочараност и потреба на некои индивидуи својата фрустрација да ја ослободуваат преку насилство и потреба од кршење и уништување. Подоцна кога заминав на факултет и кога созреав малце како личност, на филмов гледав како плиток, ми сметаше идејата одредени исфрустрирани ликови да кршат и да уништуваат нешто што е направено од способни индивидуи. Тоа го сметам и сега, но повеќе го разбирам нихилизмот што е водечка филозофија на филмов, дека во животот нема да ти испаднат работите така како што посакуваш без разлика колку и да се однесуваш и постапуваш правилно, играјќи по општествените правила и норми. Enough со филозофирање.
Друго би додал дека доколку филмов не сте го гледале пред 2011, нема шанси да ви допадне после толку спамање, форсирање и спојлерисување. Бесполезно е воопшто да се гледа, нема шанси да се доживее правилно, како да почнеш да ја гледаш Game of Thrones сега за првпат. За другите што го гледале пред филмов да стане ултра популарен импресиите се големи и дека е еден од најдобрите филмови.
Јас спаѓам во вторите. 10/10
За кајгана форум, Тајлер Ниче.