Secret Movie Santa

Член од
6 септември 2007
Мислења
8.203
Поени од реакции
8.296
Achievement unlocked! Прв црно бел филм што сум изгледал и што успеа да ми го задржви вниманието за не го угасам во први 15 минути. Го добив Polytechnique и иако не сум фан на црно-бели филмови, особено на јазик друг освен англиски, филмот беше сосема пријатно искуство да се изгледа. Сигурно и начинот до кој стигнав до тој филм има удел во целото доживување, но морам да признаам дека е добро од време на време да излезеш од "филмската комфорт зона" и да истражиш нови хоризонти.

Во врска со филмот, се работи за Канадски црно-бел драма филм, правен според вистински дејствија, односно за анти-феминистички масакар врз женски студентки, случен 1989 година на колеџ зa градежништво во Монтреал, Канада. Дејството се одвива низ призмата на двајца студенти, преживеани жртви од масакарот, а јазикот на кој е сниман е француски. Нема повеќе да навлегувам во детали за дејството, туку малку ќе се осврнам на тоа како јас го доживеав.

Филмот го добив сабајле додека дремев на работа, видов дека го неам гледано и решив да го гледам веднаш штом ќе одам дома. Ниту видов trailer, ниту прочитав нешто во врска со него, веднаш го спуштив и без никакви очекувања го изгледав цел и ми помина во еден миг. Ми се допадна како беше претставен целиот амбиент од државните колеџи во 80тите во Канада, аутфитот кој го носеа студентите и целата таа слика, која комплетно го доловуваше целиот момент. Беше добро после долго време додека гледам филм да не бидам во некое исчекување, отприлика знаејќи како ќе се одвивда дејството бидејќи сите нови актуелни филмови без разлика на жанр се еден ист калап. Тука беше обратна ситуацијата, буквално бев спремен на се од дејството и уште по мајдн фак го правеше самиот факт дека се работи за вистински случувања. Немаше многу дијалози и многу бев фасциниран од фактот што филмот траеше едвај еден сат, а во него се опфатија три животни приказни.

За оценка на филмот, ќе се воздржам бидејќи не се работи за тип на филм кој е по мој вкус, а за вкусови не се дискутира. :D Но затоа можам да го оценам целокупното искуство од филмот, и можам да кажам дека уживав дури го гледав и големи благодарам до мојот сикрет сента што ми го пружа ова невообичаено задоволство. Сега мене ми е редот и мозокот ми е блокиран од филмски брејнсотрминг. Како и да е ветувам ќе се потрудам да не го разочарам членот чија судбина сега е во мои раце.
филмчиште ем кратко ем јако, јас сум виновникот за ова дело
 
Член од
12 февруари 2014
Мислења
7.917
Поени од реакции
25.320
Ти @Dumbledore помалку да се смешкаш повеќе да се пријавуваш на сикрет муви санта.
Ела си јас да ти дадам еден филм :love:
Get a room you two, стари жени ве читаат, непријатно е.
 
Член од
28 август 2013
Мислења
4.431
Поени од реакции
13.494
Ти @Dumbledore помалку да се смешкаш повеќе да се пријавуваш на сикрет муви санта.
Ела си јас да ти дадам еден филм :love:
А ја мислев да те канам да го гледаме 'Валтер брани Сараево' :(
 
Член од
23 јули 2019
Мислења
406
Поени од реакции
2.760
Мојот дедо Мраз ептен ми го потрефил подарокот - го добив филмот I Origins (2014).

Филмов ми е лично многу драг, го имам гледано многупати и секојпат го доживувам исто. Последен пат го гледав летово па затоа се мислев дали да го повторам пак со оглед на испитите што ме чекаат, или да напишам рецензија од меморија. Се одлучив за првото и си го повторив. Не се каам. Овој е еден од оние филмови што после гледањето ме остава во некоја чудна ‘нирвана‘ или чувство кое не знам како да го опишам: некоја смиреност, сигурност... не знам...
Ја обожувам темата која ја разработува - вечната борба помеѓу науката и спиритуалноста. Многу ми се допаѓа што не е тотално пристрасен кон една страна, напротив, мислам дека поентата е да го покаже преплетот на тие два универзума. И го покажа на така убав начин..
Песните на Radiohead така прекрасно си го најдоа своето место во филмов. Посебно во последната сцена со лифтот, Иан и расолзените очи на Саломина и оваа нивна песна во позадина... ме убива секојпат.

Мислам дека смртта на Софи е најгадната која сум ја видела на филм. Да, ова го зборува човек што не гледа филмови со насилства, but still, мислам дека кога го почнуваш филмов не очекуваш нешто толку брутално, од нигде никаде, онака во рендом лифт. И исто така морам да признаам дека оттогаш ми е ‘шубе‘ да се возам со лифтови и секогаш кога е прифатливо ги одбирам скалите.

Морам да спомнам и дека Астрид ми е голема краш откога го изгледав филмов пред неколку години, баш ексцентрична, необична убавина тотално прикладна за улогата која ја имаше во филмов. Штета што не сум ѝ се посветила повеќе па да изгледам некој друг филм со неа. Оваа година и тоа ќе го поправиме.

Ако треба да погодувам прва в глава ми се појавува @MAJA 345 бидејќи нејзината слика секогаш ме потсетува на Астрид (никогаш не можев да ја видам поубаво, не може да ѝ се оди на профил) а во случај да не е таа е најверојатно некој кој го има мојот летербокс и видел дека не ми е логнат филмов и го препорачал (in which case: HA! I tricked ya!). Кој и да е подарокот многу ме бендиса, you're a cool guy/girl и ти благодарам.

Во продолжение ги издвојувам моите омилени цитати од филмов:

Sofi: Do you know the story of the Phasianidæ?
Ian: The…no, what's that?
Sofi: It's a bird that experiences all of time in one instant. And she sings the song of love and anger and fear and joy and sadness all at once, all combined into one magnificent sound. And this bird, when she meets the love of her life, is both happy and sad: happy because she sees that for him it is the beginning, and sad because she knows it is already over.
___________________________________________________________________________________________________________________

Sofi: How many senses do worms have?
Ian: They have two: smell and touch. Why?
Sofi: So, they live without any ability to see or even know about light, right? The notion of light to them is unimaginable.
Ian: Yeah.
Sofi: But we humans, we know that light exists—all around them, right on top of them, they cannot sense it. But with a little mutation, they do. Right?
Ian: Correct.
Sofi: So, Doctor Eye, perhaps some humans, rare humans, have mutated to have another sense—a spirit sense—and can perceive a world that is right on top of us, everywhere, just like the light on these worms.

Ian: I'm not religious. … Religion is based on scripture written by men thousands of years ago. Those beliefs can't be changed or challenged. They're fixed. In science, great thinkers have written things very long ago, but every generation improves upon them. The words are not holy. Einstein is a brilliant man, but he's not our god; he's one step in the evolution of knowledge, but we always continue to step forward.

Ian: I do believe we've known each other since forever, though.
Sofi: Really?
Ian: Yeah. You know how? When the big bang happened, all the atoms in the universe, they were all smashed together into one little dot that exploded outward. So, my atoms and your atoms were certainly together then, and, who knows, probably smashed together several times in the last 13.7 billion years. So, my atoms have known your atoms, and they've always known your atoms. My atoms have always loved your atoms.
 
Член од
14 октомври 2010
Мислења
5.147
Поени од реакции
16.082

Пак не сум јас. Мене не ми е ни гледан филмов, но супер што ти го погодиле. Астрид ја имав порано на аватар, и мене ми има уникатна убавина. :love:
 
Mark Renton

I live by the tune, I die by the book
Член од
12 ноември 2009
Мислења
5.374
Поени од реакции
4.918
Shit, fuck, ми се избриша рецензијата.
Ајде на кратко.. Deep Cover (1992) Lawrence Fishbourne секогаш го мешам со Дензел иако имам поголема почит спрема Лоренс. Добар саундтрак, просек приказна, ми се допадна пошо сум вистински генгста рап killa. Претпоставувам @bijons е сикрет санта оти сме ние закаснати те. Се на се, добро потрошени 1 и 40 минути во неделно приквечерие.
 
Darklady

Модераторка
Член од
29 октомври 2011
Мислења
5.673
Поени од реакции
35.352
Благодарение на мојот Secret Santa го добив филмот „Never let me go“.

Базиран според романот на Казуо Ишигуро. Магазинот Тајм го вбројува неговиот роман Never let me go во листата 100 најзначајни романи на англиски јазик од своето основање. Книгата не ми е читана, ама после гледањето на филмов морам да ја прочитам.

Пред да го гледам филмов, според насловот очекував некоја срцепарајуча англиска драма, ама на крај испадна нешто сосема поинакво.
Се работи за деца, кои својот живот до својата 18 година го поминуваат во интернат Хеилшам. Деца кои се спремаат и одгледуваат за донори на органи. Човечки клонови. Деца кои не се изградени како индивидуални особи, туку строго одгледани според правила и прописи, без да им биде познат поимот „кршење на правилата“.
Филм во кој се спојуваат пријателството, детската љубов, една драма за надежта, човечноста и една голема жртва, без право на сопствени одлуки.
Филм кој отвара многу прашања од областа на етиката, филозофијата, медицината и моралот.
Совршена глума, сценографија, фотографија, детали, архитектура. Пребогата палета на емоции. Актерската екипа ме воодушеви, Ендру Гарфилд, Кери Мулиган, Кира Најтли (на моменти ми одеше на нерви, пренападна, ама прекрасно донесена улога), посебно првиот дел каде што глумат помали деца. Кастингот одлично сработен.

Филмов ми беше една одлична метафора за нашето денешно општество. Каде што имаме поединци, што не прават апсолутно ништо за да побегнат од „оковите“ и да си ја променат сопствената иднина. Туку мирно и со скрстени раце живеат во очекување на „неизбежната судбина“.

Она што не ми се допадна е тоа што дејството на филмов на почеток се одвива преспоро, за во последната третина од филмот да се одвива пребрзо. Ме нервираше нивната пасивност. Можеше да се одвива во повеќе насоки, а не да се фокусира толку на романтичната страна.
На крајот ми остана кисел вкус и многу материјал за размислување.

8/10

П.С. Дедо Мразе, само да ти кажам дека ме расплака со филмов, ама сепак би сакала да знам кој си. И едно големо благодарам :pipi:
 
Kajgana Shop

На врв Bottom