Саем на книгата

Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.706
Поени од реакции
13.378
Ja еба цела плата, а?
Ако, ако... барај после од мене добар рецепт за леб и сол и како да се преживее месецот, ама нацки. Годинава не им стапнуем, па шо сака нека биде. :D
Патем, супер избор за Слово, Мураками па и Одисеја препеана од мајстор Петрушевски.
 
Член од
15 јули 2007
Мислења
15.662
Поени од реакции
8.092
Треба саемот за книга да биде во цела држава. Секој град каде што има можност за такво нешто да има саем на книга или барем да се организира саемски караван на книгата.

Има градови каде што одредени книги не можат да се најдат во било која книжара а плус така ќе се потикне по некој од граѓаните во другите градови да прочитаат по некоја книга.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.718
Поени од реакции
36.572
Ja еба цела плата, а?
Ако, ако... барај после од мене добар рецепт за леб и сол и како да се преживее месецот, ама нацки.
Не бе, далеку од тоа. :P

Инаку, еве објаснување:
-Тие од Слово ги начекав на штандот на Бегемот, по 100, 150 и една за 200 денари. Ја собирам таа едиција, и сега мислам дека ми фали само уште Странецот од Ками од таму.
-Крај на светот во Бреслау е за 100-че, реков дека ќе земам некоја од таа едиција, било која, па ја зедов најевтината.
-Смоква на Војновиќ од Или Или беше една од трите за кои специјално одев на Саем. И ќе биде веројатно прва од овие што ќе ја читам. 300 денари. Или Или пак ме разочараа со цените, затоа не зедов ништо друго од таму.
-Конечно ја зедов и Пишувајќи ги... на Фросе од Култура, за стотче. Единствената нејзина што ја немав.
-Улис е најскапото и најскапоценото што го купив. 450 денари, ама 800+ страници е, сосема пристојна цена, мислам.
-Двете од Мураками беа втората и третата за кои одев на Саем, исто како за Смоква. Од 1Q84 го распродале и третиот дел, но дечкото на штандот ми кажа дека очекуваат реиздание на сите 3, само не знаеше дали ќе бидат со истата корица, или со таква црна, како останатите од Мураками, па затоа одлучив наместо да ги купувам една по една, да почекам сите заедно. Ваљда некогаш ќе ги дочекам.
-Одисејата од Хомер ја зедов за 200 денари, Магор, нормално. Буквално за без пари! Пред неколку дена едни луди на фб истото издание на старо го продаваа 600.
-Прераскажаните евангелија за деца од МПЦ, self-explanatory за кого е наменето. 150 денари.
-Зоки Милошевски ми е другарче од студентските денови. На неговиве sci-fi романи им се токмам уште откако излегоа, ама сакав да ги купам тогаш кога он ќе биде на Саем (ПНВ публикации), за да добијам посвета. Само тоа е подеднакво тешко како и @џимеј и посветата што ми ја должи за Неми филмови, па затоа се откажав да го чекам и ги купив. Ама вредело чекањето, зашто Сага за тројство е 100 денари сега, а Истапени сечила 200. Наскоро ќе излезе продолжението на втората, па сигурно ќе го начекам, на промоциите, а до тогаш ќе го оставам да смисли нешто духовито за посветите. :)
-Чекајќи ги варварите од Куци ми е по препорака баш на Зоран Милошевски. Ја имсше и со тврд повез за 200, ама да не ми двои од останатите од едицијата, ја зедов за 150 оваа. Куци сум го читал со Животот и времињата на Мајкл К. И ОК беше, ама за ова ми рекоа дека било многу подобро.

-Трите на втората слика се дел од новите лектири за основно, сите за различни одделенија, од Феникс (се изненадив што ги видов на Саем), Топер и Култура. Тоа се изданија кои тешко е да се најдат по книжарници, а ќе ни требаат, па затоа... Заборавив само една: Училиштен театар од Киро Донев - Македоника литера, ама ќе се вратам веројатно по неа.

-Се останато: сликовниците од Светот на Биби се буквално сите што му фалеа на син ми од едицијата, а милион пати ми повтори дека сака да му ги купам сите, па затоа 1500 денари отидоа за нив + Читанката на Биби која им е ново издание, а одлично - полно со приказни. Скокаше од радост кога си дојдов дома, и викаше: "многу сум среќен, многу сум среќен". Јас уште посреќен што успеав да му створам толкава љубов кон книгите. :love:
 
Член од
20 јули 2014
Мислења
3.267
Поени од реакции
8.637
Јас ги купив Цинковите Момчиња & Времето seconhand од Светлана Алексиевич и Puž golać na urvini од браќата Стругацки (оваа откако ја купив, ја видов Teško je biti Bog кај тие од Бункер, па си реков да ја вратам, ама ај да не испаднам глушач и баталив...). Од Бегемот ми дадоа поклон CD со аудио книга Уште еден ден живот од Ришард Капушќињски.
 
Член од
21 октомври 2011
Мислења
1.746
Поени од реакции
2.561
И двете. :pos: Ама секако, тоа е групата на Надин кај што е забрането да се зборува лошо за издавачите, пошто немало лоши издавачи, па така, и поарно! ;)
Ќе си рече човек, членови на група на читатели - тоа се начитани луѓе со широки видици, култивирани, просветлени, космополити... и нема да знае колку не е во право. :confused:
 

Leo Bonnie

Кад се врате скитнице
Член од
20 декември 2008
Мислења
4.481
Поени од реакции
5.562
Ќе си рече човек, членови на група на читатели - тоа се начитани луѓе со широки видици, култивирани, просветлени, космополити... и нема да знае колку не е во право. :confused:
Омилена поговорка од Јовица во бушава азбука ми е: не знај тој шо чита туку тој шо знај шо чита. И 100% е точна за фб групите и пола издавачки куќи.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.718
Поени од реакции
36.572
најпрвата горе и цедето ми се поклон.
На Бегемот им направив скоро 1000 денари промет, и не ми дадоа CD подарок. :(

Овие со попустот од 80% да дадеа некој друг подарок освен Див живот и таа со Зелената самовила? Оваа Див живот ја имам 3 пати дома. Во некоја пост-апокалиптична иднина може ќе се најде, ко ќе се потрошат сите залихи на тоалетна хартија.
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.706
Поени од реакции
13.378
На Бегемот им направив скоро 1000 денари промет, и не ми дадоа CD подарок. :(

Овие со попустот од 80% да дадеа некој друг подарок освен Див живот и таа со Зелената самовила? Оваа Див живот ја имам 3 пати дома. Во некоја пост-апокалиптична иднина може ќе се најде, ко ќе се потрошат сите залихи на тоалетна хартија.
Со Андреј од Бегемот не се знаеш, затоа :P
Мене ми е топ подароков, шо знам. Не ја знам книгата ама може да ми се погоди. Имав така неколку успешни подароци. Капушчински го читав еднаш одамна неговото Патување со Херодот, ми беше интересно возење.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom