Саем на книгата

  • Креатор на темата Креатор на темата Emma
  • Време на започнување Време на започнување
Гледам пораки на Фејсбук изминатава година што сум ги прашувал Темплум за 5-6 наслови. Сега на саем цените на истите наслови, бетон иста цена. :D

Тоа со Надин мислам дека игра улога што дел од другите модератор и работат по некои од издавачките куќи па најверојатно е штитење на колегијална база.
 
Башка си лапа гага книги пошто им се упикува у газе, а викаат не плукај ја раката што те храни. :D
 
Наравоучение: Поголеми шанси за попусти имате на оние акции што се преку годината како летните попусти или новогодишните попусти отколку на саем. Да потсетам на пример дека Антолог не толку одамна имаа акција 10 книги за 700 денари со избор од околу 30+ книги за комбинирање. На саем се собира кајмакот и се бројат парите, не се залетувајте ќе има и подобри прилики.

Од она што сепак сакам да издвојам:

Број еден е Бегемот со чистката во магацин и други попусти. Вреди да се разгледа, има многу книги што се на екстра попуст и кои најверојатно ќе се распродадат.

Три имаат 20-тина книги од кои може да се искомбинираат 5 за 500, must have се Марио Варгас Љоса и Абадон Уништувачот на Сабато. Другата понуда им е 3 книги за 500 и тука пак ќе кажам не ја испуштајте 2666 на Болањо ќе се изначитате за сите пари, на високо второ место Вулф Хол на Хилари Мантел, двојна добитничка на Букер.

За крај Полица имаат неколку книги кои се на топ попуст. Тука не треба да се одминат нобеловците Елијас Канети со Игра со очи, Луис Синклер со Ароусмит и можеби најдобриот попуст на оваа издавачка куќа Хамболт на нобеловецот Сол Белоу. Исто на топ попуст се и Ромен Гари единствениот двоен добитник на најпрестижната француска книжевна награда Гонкур, после тоа Џ. на Џон Бергер за која има добиено Букер, како и книгата на Елза Моранте. На не баш фантастичен попуст но со пристојна цена е Улис на Џејмс Џојс кое е едно од најголемите ремек-дела од кога постои пишаниот збор. Ова издание има добиено и награда за најдобар превод на македонски јазик.

Убаво да си поминете.
 
Арс студио, каталог само за он-лајн нарачки. Филозофските им се огин скапи, другите така-така по нешто може и ќе се најде.

https://www.facebook.com/permalink.php?story_fbid=4735294519815339&id=1182007355144091

Ако се добри преводите може полека да се собираат некои нивни филозофски изданија. Еве еден том од Коплстон е 750 ден (иако во мек повез), а неговата Историја на Филозофијата во 11 тома е една од најдобрите.

Ако е добар преводот и редакцијата, тогаш вреди пари. Уште да беше и во тврд повез. :)

Само што ова е голем издавачки потфат и поголеми држави со поголема традиција во превод на философски дела потрошија неколку децении да го истуркаат до крај. Затоа сум малку скептичен, али ајде се тешам дека можеби завршиле побргу затоа што беа дел од оној владин проект и не биле проблем парите. :)
 
За Арс Студио меѓу преведувачите се ширеше муабет за контроверзии со кратки рокови за превод, малверзации со исплати, па дури и неисплаќање и слично. Моја рака од таму книга не купува, за вас не знам.
 
Ако се добри преводите може полека да се собираат некои нивни филозофски изданија. Еве еден том од Коплстон е 750 ден (иако во мек повез), а неговата Историја на Филозофијата во 11 тома е една од најдобрите.

Ако е добар преводот и редакцијата, тогаш вреди пари. Уште да беше и во тврд повез. :)

Само што ова е голем издавачки потфат и поголеми држави со поголема традиција во превод на философски дела потрошија неколку децении да го истуркаат до крај. Затоа сум малку скептичен, али ајде се тешам дека можеби завршиле побргу затоа што беа дел од оној владин проект и не биле проблем парите. :)

И јас сум скептичен, не сум доволно запознаен со ликот и делото на оваа куќа и немам што поконкретно да кажам за квалитет и сличчно. А ги имаат и Кант, Елијаде, Хобс, Хјум, Хегел, Расел... Некој ако знае подетално нека се изјасни.
 
Кога не очекуваш многу, можеш пријатно да се изненадиш од Саемот, како мене! За повеќе инфо - да се однесам дома. :P
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom