Ja еба цела плата, а?
Ако, ако... барај после од мене добар рецепт за леб и сол и како да се преживее месецот, ама нацки.
Не бе, далеку од тоа.
Инаку, еве објаснување:
-Тие од Слово ги начекав на штандот на Бегемот, по 100, 150 и една за 200 денари. Ја собирам таа едиција, и сега мислам дека ми фали само уште Странецот од Ками од таму.
-Крај на светот во Бреслау е за 100-че, реков дека ќе земам некоја од таа едиција, било која, па ја зедов најевтината.
-Смоква на Војновиќ од Или Или беше една од трите за кои специјално одев на Саем. И ќе биде веројатно прва од овие што ќе ја читам. 300 денари. Или Или пак ме разочараа со цените, затоа не зедов ништо друго од таму.
-Конечно ја зедов и Пишувајќи ги... на Фросе од Култура, за стотче. Единствената нејзина што ја немав.
-Улис е најскапото и најскапоценото што го купив. 450 денари, ама 800+ страници е, сосема пристојна цена, мислам.
-Двете од Мураками беа втората и третата за кои одев на Саем, исто како за Смоква. Од 1Q84 го распродале и третиот дел, но дечкото на штандот ми кажа дека очекуваат реиздание на сите 3, само не знаеше дали ќе бидат со истата корица, или со таква црна, како останатите од Мураками, па затоа одлучив наместо да ги купувам една по една, да почекам сите заедно. Ваљда некогаш ќе ги дочекам.
-Одисејата од Хомер ја зедов за 200 денари, Магор, нормално. Буквално за без пари! Пред неколку дена едни луди на фб истото издание на старо го продаваа 600.
-Прераскажаните евангелија за деца од МПЦ, self-explanatory за кого е наменето. 150 денари.
-Зоки Милошевски ми е другарче од студентските денови. На неговиве sci-fi романи им се токмам уште откако излегоа, ама сакав да ги купам тогаш кога он ќе биде на Саем (ПНВ публикации), за да добијам посвета. Само тоа е подеднакво тешко како и
@џимеј и посветата што ми ја должи за Неми филмови, па затоа се откажав да го чекам и ги купив. Ама вредело чекањето, зашто Сага за тројство е 100 денари сега, а Истапени сечила 200. Наскоро ќе излезе продолжението на втората, па сигурно ќе го начекам, на промоциите, а до тогаш ќе го оставам да смисли нешто духовито за посветите.
-Чекајќи ги варварите од Куци ми е по препорака баш на Зоран Милошевски. Ја имсше и со тврд повез за 200, ама да не ми двои од останатите од едицијата, ја зедов за 150 оваа. Куци сум го читал со Животот и времињата на Мајкл К. И ОК беше, ама за ова ми рекоа дека било многу подобро.
-Трите на втората слика се дел од новите лектири за основно, сите за различни одделенија, од Феникс (се изненадив што ги видов на Саем), Топер и Култура. Тоа се изданија кои тешко е да се најдат по книжарници, а ќе ни требаат, па затоа... Заборавив само една: Училиштен театар од Киро Донев - Македоника литера, ама ќе се вратам веројатно по неа.
-Се останато: сликовниците од Светот на Биби се буквално сите што му фалеа на син ми од едицијата, а милион пати ми повтори дека сака да му ги купам сите, па затоа 1500 денари отидоа за нив + Читанката на Биби која им е ново издание, а одлично - полно со приказни. Скокаше од радост кога си дојдов дома, и викаше: "многу сум среќен, многу сум среќен". Јас уште посреќен што успеав да му створам толкава љубов кон книгите.