Двапати ја прочитав Fire and Blood. Нема таму никакви црнци, ни во една од трите вестероски валиријански фамилии. Валиријаните независно од која куќа/фамилија се, воглавно имаат контрастни расни карактеристики во однос на жителите на Летните острови (чии расни карактеристики ние би ги окарактеризирале како негроидни).
Објаснувањето за тоа како некој Веларион може да биде негроид може да оди во правец на некој брак помеѓу веларионско благородништво со истото од Летните Острови, па негроидот да речеме, да биде потомок од некој таков брак. Често фамилиите од Вестерос знаеле да склучуваат благороднички бракови со невестероски фамилии (најчесто со блиските Мир, Лис и Тирош, но и со фамилии од други земји).
Друг начин за ова да се измисли, а да не биде во контраст со канонот, не знам. Но, тоа би биле еден-двајца црнци, а не сите Велариони (чие име води потекло од името нивниот матичен истребен народ).
За да ги разликуваме Валиријаните едни од други во серијата, има многу начини. Може различно да бидат облечени, различна улога во сценариото да имаат, може да ги направат да имаат различен карактер и тн. и тн. Ги напраиле едните црнци за да ги разликуваме е бесмислен изговор за кршење на канонот.