Саем на книгата

  • Креатор на темата Креатор на темата Emma
  • Време на започнување Време на започнување
@Zlatikevichius во Икона имаат некоја акција 10 книги за 999 денари, меѓу кои видов нешто од тие Антологија на Краткиот Расказ, црните од Слово. Не сум сигурен што ти фалеше од таму, ама можеш да провериш. На Максим Горки имаат поголем избор него во Рамстор.

Инаку за сите визуелни книжевни естетичари Полица има одлична понуда на Ѕвездите На Светска Книжевност во тврд кожен повез за 150 денари. Колку и да звучи снобовски, шмекот на тврдиот повез е поголем и на допир и на изглед и во споредна улога како декор на полица. Цената е прениска за тој квалитет, има книги и со неколку стотици страни.

@Zlatikevichius во Икона имаат некоја акција 10 книги за 999 денари, меѓу кои видов нешто од тие Антологија на Краткиот Расказ, црните од Слово. Не сум сигурен што ти фалеше од таму, ама можеш да провериш.
Фала ти, ќе ги ѕирнам. Мислам дека уште 5 ми фалат од таа едиција. А кај имаат Икона книжарница на Максим Горки? Јас мислев дека ги затворија сите и дека уште Рамстор им остана. Нели летоска отворија нова и на улица Македонија. И таа едвај неколку месеци опстана.
 
Веднаш до швајцарската амбасада/Метаноја кафулето.
 
Од ова не очекувајте многу, нека не ве лаже тоа 70% попуст. Ќе извадат 15 книги на едно штандче пред книжарницата, дел од тие од едицијата „Прошетка низ Европа“ кои никој не им ги купува, и друг дел сликовници и боенки, за деца - и ете ти попуст. Останатите книги остануваат со „ѓавол-и-пол“ цени.
 
Ги знам оние кои ги даваат секогаш за 100че (-70%) и биографиите обично се на 50% т.е. од 300 на 150 ден. Останатите ќе бидат на 10-20%.

Ова е за во Рамстор, а ќе имаат и каталог наскоро. :)
 
Од ова не очекувајте многу, нека не ве лаже тоа 70% попуст. Ќе извадат 15 книги на едно штандче пред книжарницата, дел од тие од едицијата „Прошетка низ Европа“ кои никој не им ги купува, и друг дел сликовници и боенки, за деца - и ете ти попуст. Останатите книги остануваат со „ѓавол-и-пол“ цени.
Едно време најавуваа комплет 12 книги од Агата Кристи, не можам да замислам шо цена ќе бидат.
 
Едно време најавуваа комплет 12 книги од Агата Кристи, не можам да замислам шо цена ќе бидат.
Јас одам често во Србија, таму секој викенд со некои рандом списанија има подарок книга. Имаа едиција Агата Кристи и Артур Конан Дојл. Цената е нешто 100-150дин, крајно смешно. Е сега, меки се кориците и ако не ти пречи да читаш на српски може да се собере убава колекција. И мене ми е убава Агата Кристи, лесна е ама сепак има некоја интелигенција во приказните. За одмор или офф состојби е погодена.
Погодена е и за плажа :) Пред некоја година чудно ме гладаа на плажа кога читав Mein Kampf нпр...
 
Литература.мк/Арс Ламина се тежок чкарт и скоро се што продаваат во сооднос цена/квалитет е премногу скапо. Им се може да удрат на маркетинг и не штедат, камо да беа кабожни и да стореа дикат на уредништвото ко за промена.
 
Сега конечно има што да си купам од Три: Кафка на брегот од Мураками.
 
Првите 6 книги од Агата Кристи само што стигнале во Литература.

Насловите се: „Мистериозниот случај во Стајлс“, „Убиството на Роџер Акројд“, „Лорд Еџвер е мртов“, „Убиство во Ориент експрес“, „Смрт на Нил“ и „Зло под сонцето“.

Секоја книга била по 380 ден. :LOL:

Претерале малку со цените, за книги што би требало да бидат максимум 250 ден.
 
Барем за комплет да ги продаваа по 250-300
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom