Саем на книгата

  • Креатор на темата Креатор на темата Emma
  • Време на започнување Време на започнување
Есенска книжевна авантура со Или Или

15 романи по цена од 150 денари секој:

Аквариум – Кристина Тот (оригинална цена 299 ден)
Во трагата на бродот – Пер Петешон (о.ц. 350 ден)

Деликатност – Давид Фоенкинос (о.ц. 350 ден)
Жената на скалите – Бернхард Шлинк (о. Ц. 299 ден)

Играта на де Ниро – Рави Хаж (о. ц. 390 ден)
Карневал – Рави Хаж (о. ц. 390 ден)
Малечка – Сара Жислер (о. ц. 250 ден)
Малечката Лили – Оршоја Карафиат (о. ц. 299 ден)
Овци од гипс – Јурица Павичиќ (о. ц. 250 ден)
Отпорот е залуден – Валтер Сити (о. ц. 380 ден)
Последниот збор – Ханиф Курејши (о. ц. 390 ден)
Првобитните нешта – Бруно Виејра Амарал (о. ц. 350 ден)
Ф – Даниел Келман (о. ц. 390 ден)
Филмски клуб – Дејвид Гилмор (о. ц. 299 ден)
Чиста анархија – Вуди Ален (о. ц. 250 ден)

Со зелено - ги имам. Со црвено - не се од ПРОаЗА, не ме интересираат. Болдирани - планирам да ги земам. Уште нешто, предлог?
 
Рави Хаж добар е? Ја имам книгата Лебарка од него дома ама никако да стигнам да ја прочитам.
 
Рави Хаж добар е? Ја имам книгата Лебарка од него дома ама никако да стигнам да ја прочитам.
Ја немам уште прочитано Играта на Де Ниро. Знам дека @Saladin многу ја фалеше, затоа ја купив, ама уште не и дошло време.
 
„Карневал“ ја имам од него, ама ја немам читано.

Од „Филмски клуб“ имав поинакви очекувања, некако не ми се допадна.
„Деликатност“ е одлична. Има и филм со Одри Тоту, ама не го најдов HD.

„Првобитните нешта“ ми изгледа привлечно уште од кога излезе, може неа ќе ја земам, за другиве не знам.
 
Есенска книжевна авантура со Или Или

15 романи по цена од 150 денари секој:

Аквариум – Кристина Тот (оригинална цена 299 ден)
Во трагата на бродот – Пер Петешон (о.ц. 350 ден)

Деликатност – Давид Фоенкинос (о.ц. 350 ден)
Жената на скалите – Бернхард Шлинк (о. Ц. 299 ден)

Играта на де Ниро – Рави Хаж (о. ц. 390 ден)
Карневал – Рави Хаж (о. ц. 390 ден)
Малечка – Сара Жислер (о. ц. 250 ден)
Малечката Лили – Оршоја Карафиат (о. ц. 299 ден)
Овци од гипс – Јурица Павичиќ (о. ц. 250 ден)
Отпорот е залуден – Валтер Сити (о. ц. 380 ден)
Последниот збор – Ханиф Курејши (о. ц. 390 ден)
Првобитните нешта – Бруно Виејра Амарал (о. ц. 350 ден)
Ф – Даниел Келман (о. ц. 390 ден)
Филмски клуб – Дејвид Гилмор (о. ц. 299 ден)
Чиста анархија – Вуди Ален (о. ц. 250 ден)

Со зелено - ги имам. Со црвено - не се од ПРОаЗА, не ме интересираат. Болдирани - планирам да ги земам. Уште нешто, предлог?
Деликатност сум ја читал, не ми беше нешто да падниш на газ ама ок е за едно читање.

Со Филмски клуб уживав, еден куп филмови (на крајот има листа кој филм е се споменат), Гилмор ја раскажува својата животна приказна во која сака да го „воспитува“ синот преку филмови.

Додека сме на темава, Петешон ми е најомиленото откритие за оваа година. @Ne_sum_ja ако не си ја читал „Во трагата на бродот“, не ја пропуштај на попуст.
 
Рави Хаж добар е? Ја имам книгата Лебарка од него дома ама никако да стигнам да ја прочитам.
Лебарка е нешто слично по тематика налик на Taxist со Роберт де Ниро со мали кавканиански примеси. Супер книгиче. Ама Играта на ДеНиро е врвот.
 
Арс Ламина
Screenshot_2020-11-24-16-12-57-707.jpeg
Screenshot_2020-11-24-16-13-12-075.jpeg

Академска:
Screenshot_2020-11-24-16-22-17-191.jpeg

пи.ес. Има попуст и во Икона, ама има многу слики, па видете на фб.
пи.ес.ес. Три превеле две книги од Асимов.
 
Последно уредено:
Успевте нешто да купите за фрајдејов? Јас пратив муж со листа, видел километар колони и ми пиша Бејб ќе ги купиме по редовна цена. Онлајн скроз крахнаа.
 
Од Какам книги не купувам, ниту од Матица, Култура нешто ми фаќа око.

Плус имам едно 40 комада непрочитани (може се и повеќе, ги немам скоро преброено), така што поголеми купувања здравје за нареден саем. :sick:
 
Јас од Матица си ја зедов Песот со тажен поглед од Оливера Николова, освојувач на Роман на годината за 2019, со 60% попуст.
 
Јас од Матица си ја зедов Песот со тажен поглед од Оливера Николова, освојувач на Роман на годината за 2019, со 60% попуст.
Е тоа заборавив дека постои. :tapp:
 
^ Они имаат попрефинет вкус во однос на мене, така јас читам сѐ сем оние љубовни романчиња и оние книги за самоспас. :D

Веб страната на Матица беше ограбена за неколку саати, така од таму ништо, но си купив од Три и од Арс Ламина. А баш сакав да си ја докомплетирам колекцијата од Каризи. :( Ќе почекам уште месец-два.

Инаку:
Screenshot_2020-12-01-11-17-40-309.jpeg
 
А баш сакав да си ја докомплетирам колекцијата од Каризи. :(
Каков црн Каризи, само Играта на шепнувачот ја имаше, се друго изедоа. Страшно беше во Матица, слично ко бабичките што правеа на времето ко се отвараше Керфур во Сити Мол.

Мене ми фали од Мила Васкез серијалот само Човек во лавиринтот, па еве, оваа прилика ја користам некој ако ја има а не сака да ја има... :D

P.S. Купив некоја друга од Каризи, што случајно ја најдов измешана со другите. :cool:
 
Баш таа и ја немам, и уште една која беше преведена оваа година со доста соленка цена. Ама ќе си почекам.

Инаку видов на фб, на метар купувале, се накрцале и со последни сили ги влечат кесите со книги. И јас бев таков кога ги даваа по 20 ден книгите (5 за 100че). Мислам дека тогаш истегнав и мускул (меѓу кои ја земав "Мостови кон иднината" од Срѓан Керим за 20че со дебели корици и плус тон философија). Ама сега касно видов дека имаа попуст, а сабајлето бев во близина.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom