Дами и Господа : )
-Дојде денот кој многумина со нетрпение го очекувавме,дојде денот за Деветиот по ред Новогодишен филмски фестивал наречен whatto.Многумина од вас цупаа у место,сите беа толку проклето возбудени,одкако за прв пат најавив дека ја продолжуваме низата и ова година добив огромно количество на пораки читај во заграда(ниедна) буквално моето сандаче беше силувано со луѓе кој бара да откријам бар една филмска проекција од фестивалот.Ова година ќе биде една од најсиромашните за разлика од годините што сум ги имал зад себе.Повеќе не се чуствувам моќен да се справувам со огромни количества на филмови,едноставно е премногу за мене.Со самиот факт дека имам и некоја прокеција од лани од истиов фестивал,филмски клуб(кој за жал не успеав да го реализирам ова година иако се трудев)као за пример денес го почнав да го гледам Precious,ама до 19 минута и запрев,симнував многу филмови,и покрај тоа што веќе имав постоечки,и постот во кој најубаво ја опишувам целата филмска зборуштина и џунгла на филмови
#25786,знам кај ми се грешките,и ја си превземам одговорност за истите.Да биде маката поголема така пред некој ден најдов филмови,во фолдерот со купишта музика 3 филма,доволно да ми ја отежни веќе отежнатата ситуација.Го правам ова со години,и и знам знам дека бркањето бројки,или алчност за повеќе изгледаност станува минато.Навистина уживав низ сиве овие години навистина,трчајќи низ овие таканаречени филмски стази или етапи навистина добро се забавував се што правев,го правев како моја лична сатисфакција,и пак ќе повторам поради фактот бидејќи навистина уживав во тоа.Но знам дека доста години се поминати,и дека тоа што сум го имал како чуство наназад низ годините,и СЕГА,знаете ова е малку потешко да се опише искрено,можеби едноставно само јас знам како ми е.Во кратки црти големите филмски бранови ме поклопија,ја сум мртвиот сурфер,а таласите(филмовите)и понатаму доаѓат,и ќе доаѓат.Иако ова е претпоследната година на новогодишниот филмски фестивал whatto за заокружување на една декада,јас ова ја прогласувам како претпоследна>последна(можеби малку звучи збунувачки ама па побогу зарем очекуваме нештата да бидат кристално јасни,па овде пишува whatto да се разбереме).Бидејќи сме 05:28 мене ми преостанува само да ја предадам филмската програма за новогодишната ноќ.
Чувајте се
Со Љубов и Почит ваш whatto.
Прегледај го приврзокот 202228