Филмови, режисери, актери: Генерална дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата tha CaspeR
  • Време на започнување Време на започнување
Ме разочара Everybody Knows, не дека филмот е лош ама очекував повеќе од таква приказна. Искрено фамата околу режисерот Ашгар Фаради не ми е баш јасна со оглед на тоа дека ова е трет филм што го гледам од него и постојано го имам истото чувство на рамнодушност.

п.с не ми е гледан A Separation
 
Ауч, поголемо разочарување од Fantastic Beasts: The Crimes of Grindewald одамна сум немал. Ми беше срам што на ...And Where to Find Them сум му дал шестка, зашто во споредба со ова е masterpiece. Приказната не знае кај води, кај тера, поента никаква, ликовите ко да не ни требаа... Ко шпанска серија во Хари Потер-world да гледав. Ужас!
Првиот дел беше невиден хаос, уште јасно се сеќавам дека пиев аналгин после филмот, глата ми чадеше од тие звучни ефекти и магии овде магии онде.
 
Хуморов во новиот Џони Инглиш исфорсиран ептен, нешто како стендапот на Жаре во еден на еден.

Чудно е како препознаваш исфорсиран хумор на филм а не ти текнува да намалиш со форсирањето на твојот на форумов.
 
Mid90s е ептен feelgood филмче проткаено со голема доза на носталгија за времето кога се имаше дружба, се денгубеше на маало, се возеа скејтови, се слушаше музика (рокери вс рапери), закачки, караници и смеа, многу смеа...
Секој од нас кој растел во тоа време ќе успее донекаде да се пронајде во ликот на Стиви и дешавките што му се случуваат ќе му бидат како дежа ву, како временска капсула од детството.
Во последно време ептен ми се свиѓа што се враќа некако тој 90s vibe. Треба повеќе овакви филмови. Добро е, за првенче, Џона.
 
"....А, ако веќе зборуваме за диверзитет, ‘Black Panther’ е сега третиот најгледан филм на сите времиња.


Бесповратно е отиден у курац светот. Сега ни преостанува само Судниот Ден.
 
Ова изгледа ми промакна заради тоа што Black Panther е класифициран како драма, ама.......


А Star Is Born е номиниран кај златните глобуси за Драма..............а постои златна категорија за Мјузикли/Комедии што секоја година (ама буквално секоја година) е наполнета со филмови што не се ни мјузикл ни комедија...и баш сега се појавува филм што во голем дел е еден гигантски спот на Лејди Гага и Брелди Купер....и го ставиле во категоријата за драми.... свака част колку се глупи наградиве значи, буквално на Балканов да се дешаваа помалку глупости ќе имаше..
 
Ова изгледа ми промакна заради тоа што Black Panther е класифициран како драма, ама.......


А Star Is Born е номиниран кај златните глобуси за Драма..............а постои златна категорија за Мјузикли/Комедии што секоја година (ама буквално секоја година) е наполнета со филмови што не се ни мјузикл ни комедија...и баш сега се појавува филм што во голем дел е еден гигантски спот на Лејди Гага и Брелди Купер....и го ставиле во категоријата за драми.... свака част колку се глупи наградиве значи, буквално на Балканов да се дешаваа помалку глупости ќе имаше..
Па Глобусите ги доделува новинарска редакција од 7 члена. Секогаш се најмалку релевантни. Мене најприфатливи ми се SAG Awards, можеби, зашто за нив најголема група луѓе одлучува, и тоа не било кои луѓе, туку токму актерите.[DOUBLEPOST=1546096434][/DOUBLEPOST]Bird Box > A Quiet Place > It Comes at Night.

А сите три - одлични.

По којзнае кој пат - ја обожувам Сузан Биер!
 
Последно уредено:
Дами и Господа : )

-Дојде денот кој многумина со нетрпение го очекувавме,дојде денот за Деветиот по ред Новогодишен филмски фестивал наречен whatto.Многумина од вас цупаа у место,сите беа толку проклето возбудени,одкако за прв пат најавив дека ја продолжуваме низата и ова година добив огромно количество на пораки читај во заграда(ниедна) буквално моето сандаче беше силувано со луѓе кој бара да откријам бар една филмска проекција од фестивалот.Ова година ќе биде една од најсиромашните за разлика од годините што сум ги имал зад себе.Повеќе не се чуствувам моќен да се справувам со огромни количества на филмови,едноставно е премногу за мене.Со самиот факт дека имам и некоја прокеција од лани од истиов фестивал,филмски клуб(кој за жал не успеав да го реализирам ова година иако се трудев)као за пример денес го почнав да го гледам Precious,ама до 19 минута и запрев,симнував многу филмови,и покрај тоа што веќе имав постоечки,и постот во кој најубаво ја опишувам целата филмска зборуштина и џунгла на филмови #25786,знам кај ми се грешките,и ја си превземам одговорност за истите.Да биде маката поголема така пред некој ден најдов филмови,во фолдерот со купишта музика 3 филма,доволно да ми ја отежни веќе отежнатата ситуација.Го правам ова со години,и и знам знам дека бркањето бројки,или алчност за повеќе изгледаност станува минато.Навистина уживав низ сиве овие години навистина,трчајќи низ овие таканаречени филмски стази или етапи навистина добро се забавував се што правев,го правев како моја лична сатисфакција,и пак ќе повторам поради фактот бидејќи навистина уживав во тоа.Но знам дека доста години се поминати,и дека тоа што сум го имал како чуство наназад низ годините,и СЕГА,знаете ова е малку потешко да се опише искрено,можеби едноставно само јас знам како ми е.Во кратки црти големите филмски бранови ме поклопија,ја сум мртвиот сурфер,а таласите(филмовите)и понатаму доаѓат,и ќе доаѓат.Иако ова е претпоследната година на новогодишниот филмски фестивал whatto за заокружување на една декада,јас ова ја прогласувам како претпоследна>последна(можеби малку звучи збунувачки ама па побогу зарем очекуваме нештата да бидат кристално јасни,па овде пишува whatto да се разбереме).Бидејќи сме 05:28 мене ми преостанува само да ја предадам филмската програма за новогодишната ноќ.

Чувајте се
Со Љубов и Почит ваш whatto.


upload_2018-12-30_5-40-52.png

 
Дали прво Хобит да го гледам, па Господар на прстените или обратно? Знам дека Хобит е пред ГоТ, а го немам гледано и ГоТ (многу одамна како дете, али заспивав увек на пола).
Обратно. Прво LOTR (Претпоставувам на него мислиш, зашто GoT нема врска со Средната земја).
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom