И тоа ли е толку страшно, неговиот потег е стопати полош, фудбал е, стадион е, секакви луѓе се таму, нервоза за резултатот, за играта, за неговите грешки лично, може не направи на таа утакмица, но стално е на врвот на индивидуални грешки.Имаше иронично ракоплескање и по малку укање пред тоа, го потврдија истото Трупз, ДТ и Роби.
На крај, он е професионалецот, он е вработениот, он е капитенот, ако некој лекар на пример има лош ден, го нервира се околу него, сестрите и асистентите зборуваат се и сешто, има критичен пациент, и во еден момент се исклучува докторот. ги фрла инструментите на земја и си испаѓа од операциона сала. Баш тоа го направи Џака вчера, се искара со навивачите, им довикуваше, ја фрли капитенската лента и дресот и си замина од стадион, иако не беше исклучен, негова должност е да седи на клупата до крај на утакмицата а не да си оди во соблекувална или каде и да отишол.
Не дека 100% се фановите во право, нема да направат некоја услуга на некој освен на противикот и на конкурентите или нешто добро ќе произлезе од свиракњето, не дека Џака сега ќе разбере и ќе почне да игра подобро, но поголемиот дел од вината е кај Џака, во тие силни стотици илијади фунти што ги зимаат неделно е вкалкулиран и ризикот дека противнички а некогаш и твои фанови ќе свиркаат, ќе те пцујат, ќе коментираат, дека пациенти анонимни ќе пишуваат секакви срања по твоите профили (нешто што ич не го оправдувам), дека ќе те вреѓаат и противнички играчи, дека може некој да те рчне и на национална и на расна основа, дека ќе играш и по снег и дожд и кога не ти се игра, сепак се работи за плати кои далеку, далеку се над просекот на обичниот навивач на стадион или гледач пред ТВ.