UEFA Champions League 2018/19

Статус
Затворена за нови мислења.
Ова што го игра Меси е нереално, таков сенс, брзина, шут, дриблинг значи нема да нема, утрово кога се разбудив таткоми ми вика за мои 61 година немам гледано подобар фудбалер од Меси, а фудбал прати повеќе 40 години.
Е сега овој Суарез е такво гомно поради што фудбал на човек може да му се згади, разбирам си дал гол се радуваш тоа ми е сосема во ред па и на бивши клуб да е, ама така да правоцираш да се жуљавиш, во еден збор да си пичка тоа јас лично неможам да поднесам и немора да е против бивши клуб , туку против секој клуб па матер му јебем цел свет те гледа а ти така се понашаш тоа неможам да сфатам, некој мислам го споредил со Ибрахимовиќ, па Ибрахимовиќ е шмекер и играчиште никаде нема да сум видел така ниско да провоцира, додека овој и Диего Коста се чистокрвни пички од играчи.
 
Паметно излезе Клоп вчера, и на добри периоди од натпреварот му делуваше одлично тактиката. Ливерпул изгледаше доста поопасно од Барса и имаа повеќе од доволно шанси за гол. Да влезе на терен и он да им ги финишира, не може. И после казната ги стигна.
А да излезеше со ТАА и Робертсон како бекови, па да ги пратеше напред како што играат во ПЛ и да остават повеќе простор позади, ќе беше лудост.
 
koja ti e TAA?
 
За прославата на Суарез баш синоќа правев муабет со еден хардкор фан на Ливерпул. Баш ме интересираше мислење. Ми вика „Не ми смета толку. Одамна играше кај нас плус ова е нова генерација на играчи па скоро со никој нема играно заедно“.

Интересно ми падна вакво мислење. Јас да сум на местото на фановите на Ливерпул немам појма како би реагирал. Како сличен пример ми текнува само кога Вилја како играч на Атлетико прослави гол против Барса. Ме изнервира тогаш ама не го замразив или нешто слично. Освои ЛШ со нас ама не го сметам па за кој знае каква клубска легенда.
 
Не знам што сте се фатиле за Суарез, па тој подолг период игра за Барселона отколку Ливерпул и во Барса има оставено поголем белег. Освен тоа нормално си прослави, без некоја провокација.

Јас како навивач на Барселона би се изнервирал ако не го прославеше голот вчера.

А за тоа дека има пргав карактер тоа се сложувам, ептен иритира.
 
Прашање: Дали оваа сезона се смета за успешна на Ливерпул ако се знае дека од ЛШ веќе се отпаднати, а и ПЛ може да се каже дека нема да освојат?
 
Прашање: Дали оваа сезона се смета за успешна на Ливерпул ако се знае дека од ЛШ веќе се отпаднати, а и ПЛ може да се каже дека нема да освојат?
Одговор: Ко навивач на Јунајтед, ич кур да не те боли дали ние ќе ја сметаме за успешна.

Прашање: Зошто секогаш (најчесто) ова дебилно прашање го поставуваат навивачи на Јунајтед?
На толку освоени титули додека навивате за ваш клуб, тажно е да ви реметат раат 2-3 солидни сезони на Ливерпул.
 
Прашање: Дали оваа сезона се смета за успешна на Ливерпул ако се знае дека од ЛШ веќе се отпаднати, а и ПЛ може да се каже дека нема да освојат?
Многу сте досадни со ова.

Преку таквото веќе за што ќе се смета. Ич не го сакам Ливерпул и тоа не е тајна, ама за сезонава нема што да им се приговори. Имаа лош период кога го загубија првото место и кикснаа со Вест Хем, Евертон, Лестер и уште некој таму и толку беше. Другиот дел од сезоната им е речиси перфектен, само што наидоа на еден противник во ПЛ што има 2 комплетни состави и има капацитет да победи 10+ натпревари како од шала. Колку и да им се исмеваме и да ги заебаваме дека немаат 30 години титула во ПЛ, сепак мора повеќе фактори да се земат во предвид.

За ЛШ реално и немаат којзнае колку широк состав, па полуфинале им е дефинитивно во рамките на можностите. ПСЖ, Сити, Јувентус испаднаа пред нив, а тие имаат 100 пати поголем притисок да ја освојат отколку Ливерпул. Плус тоа Барса е прејака, да не го ни споменуваме Меси кој се граничи со реалноста моментално со неговите перформанси.
 
Ич не го сакам Ливерпул и тоа не е тајна.

Јас немав приметено :D хахааха
Иначе, кога видов дека си го цитирал црепов и дека имаш реферат, си викам, што ли сеа најде лошо да пишува, да објаснува за лузеризам и останати срања хахахаа

Иначе, се слагам со постот.
 
Одговор: Ко навивач на Јунајтед, ич кур да не те боли дали ние ќе ја сметаме за успешна.

Прашање: Зошто секогаш (најчесто) ова дебилно прашање го поставуваат навивачи на Јунајтед?
На толку освоени титули додека навивате за ваш клуб, тажно е да ви реметат раат 2-3 солидни сезони на Ливерпул.
:lolzz:
 
Не знам што сте се фатиле за Суарез, па тој подолг период игра за Барселона отколку Ливерпул и во Барса има оставено поголем белег. Освен тоа нормално си прослави, без некоја провокација.

Јас како навивач на Барселона би се изнервирал ако не го прославеше голот вчера.

А за тоа дека има пргав карактер тоа се сложувам, ептен иритира.
Не е до тоа колкав белег има оставено за двата тима. Суарез и Ливерпул се посебен случај, затоа и пишав дека и јас оправдувам славење гол против екс тим, не ми смета нешто посебно.

Кога тој се одвои од баграта играчи која што ја имаа тогаш како талентиран играч, Ливерпул му одеа по газот што и да направеше. Го обвинија за расизам тие го бранеа наместо да го казнат и интерно, му плаќаа советувања, психолози, го праќаа по некои часови за инкорпорирање во нова средина, се загреваа со маици со негов лик како да е жртва.. Не помина месец дена покажа среден прст, ајде пак суспензија, ајде пак тие враќај го во екипата веднаш, колку што памтам и за ова не изеде казна од клубот. Навивачите па да не зборам, го ставаа во иста реченица со Раш, Џерард, Далглиш. Наредната сезона одат во ЛШ, нешто што му ветија за да го потпише договорот, Суарез летото на СП го каса Киелини, овие пак го поддржуваат и ни две ни три, си оди во Барселона.

А и кај прослави па и посмешно беше што на глава му се качи на судијата со приговори а не е ни капитен ни ништо. Не велам да не ствараш притисок на судијата, прави си го тоа ама невкусно е кога се работи за таа спојка Суарез - Ливерпул, барем мое мислење е ова :)
 
Зошто да не слави гол на домашен стадион, поминато е пола деценија и сменет е скоро цел тим на Liverpool ? Ако даде гол на Anfield, тогаш не би требало да слави.
 
Јас само се надевам дека Нејмар за брзо ќе им збрца гол на Барселона па да ги видам тогаш лицемерчињата на форумов што ќе попуваат :coffee:
 
Зошто да не слави гол на домашен стадион, поминато е пола деценија и сменет е скоро цел тим на Liverpool ? Ако даде гол на Anfield, тогаш не би требало да слави.

Зошто бе вакви Стелт муабети? Ти кога не прославуваш гол против поранешна екипа, не го правиш тоа ради соиграчите туку поради клубот и навивачите на истиот. Не креваш рака во знак на извинување на соиграите, него на оние кои ти пееле име и стоеле позади тебе во добро и лошо (најчесто лошо во ситуацијава).
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom