Cinedays

џимеј

џимилино
Член од
4 март 2007
Мислења
10.399
Поени од реакции
25.249
Мислам дека ја преценувате овдешната публика. Абе кој прати тоа Кан, ман, Златна Палма, само овде на форум и неколку риборн ликови. Ова ниво на култура кај нас е резултат на недоволно описменета публика.
 
Член од
23 јуни 2008
Мислења
4.002
Поени од реакции
4.245
И никако не споредувај Машиновозач со Рубен Остлунд, побогу. Секоја чест што имаме филм да го затвориме фестивалот, штета е што немаме наш филм и за отварање и за крајот на фестивалот. Верувам дека Исцелител ќе ги исполни очекувањата. Во врска со Синебалкан категоријата, преслаба е, можам да набројам 3-4 филмови балкански што мислев дека може да ги дадат Kratki izlet, Egzorcizam, бугарскиот Godless исто никаде го нема, лани освои купишта награди, и многу други кои што сега не ми текнува. Ете Шилегов најави дека догодина уште повеќе средства ќе се одвојат од буџетот од градот за фестивалот, да се надеваме на побогата содржина во останатите категории.
 

wot

aloof
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.653
Поени од реакции
34.082
А и убаво ќе биде ако некој има контакт од гранде-јуве да го покани.

и @wot да дојде ако отворија визер линија од струмица до скопје.
Ja ne znam kako odbirate. Da bev sk bi kampiral tamu.

Toa kazano, utre sum sk, samo ne znam do koga i kako, ako ima utre nesto pisajte ke probam da ve druzam.

Sve ubavi lugje. <3
 

Corvus

Latrodectus
Член од
24 јануари 2011
Мислења
4.002
Поени од реакции
15.328
Ja ne znam kako odbirate. Da bev sk bi kampiral tamu.

Toa kazano, utre sum sk, samo ne znam do koga i kako, ako ima utre nesto pisajte ke probam da ve druzam.

Sve ubavi lugje. <3
Ќе видиш ти све убави луѓе!
Сега ти текна да кажеш дека идеш :mad:
Ќе те барам утре, биди на готовс
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.165
Поени од реакции
10.130
Све позеришта особено овој десно[DOUBLEPOST=1510267906][/DOUBLEPOST]
Што бараш на популарните филмови?
Позер.
Ако ги посетуваш популарните филмови ќе немаш доволно време за експерименталните.


Ти тресеш глупости по многу различни основи, така што јас можам да се најдам во сè.


Како може да ти е досаден некој со тоа што одлучува да си гледа општо прифатени добри филмови?
Ти си дефиниција за хипстер. Мене па, тие ми се досадни. Шалче, капче, ранче, смеѓа коса, очила... едно те исто. Ич не експериментираат.
Чекај малку бе, зар не беше ти оној што го бараше „експерименталниот“ српски филм Panama?
Да, да, ти беше тој. Ха-ха
https://forum.kajgana.com/threads/Помош-софтверски-проблеми-и-совети.8601/page-1026#post-7636317


Француски комедии.
Звучни интересно за експериментирање.
1) А како да не бидеш досаден, кога одиш на општо прифатени добри филмчиња, што ако се добри за рајата, ќе се добри и за тебе. Јер факинг не размислуваш подалеку од тоа дека негде во некој паралелен универзум постои филм кој што е исто така добар ко тој „популарниот“ што ради Х причини не успеал да се пробие. Тоа со оцените на ИМДБ е ван секој коментар.
2) Глупостиве ти ги истресе со тоа што одиш само на општо прифатени филмови, а после се вадиш како не си бил позер и одиш со беден контранапад дека сум хипстер. :pos:
3) Да, хипстер сум ако размислувањето со своја глава е хипстеризам, јер ако 500+ луѓе викаат дека филмот е добар, тогаш мора да е добар, да го гледаме. :pos:
4) Панама го гледав ради тоа што е српски филм, а реков пратам балкански. Ми е гајле дали бил на Кан и дали има 500+ гласови и оцена 7ца. :pos:

Ако некој е експериментален филм, неизвикан, и со право добитник на Златна палма поради својата уникатност, сатира, паметен хумор и длабоко прикажување на еден поинаков начин човечкиот карактер и моменталното општество тоа беше филмот што го одбраа да се отвори годинешниот Синедејс, The Square. Јас ќе ти потврдам дека 80% од публиката не беше дојдена ради тоа што е победник на Кан, туку ради самата содржина и веројатно Force Majeure.
Стварно мислиш дека 80% проценти знаеле кој е Ослунд, Force Majeure и биле потресени од самиот филм, па дошле на уште една доза потресеност?

И никако не споредувај Машиновозач со Рубен Остлунд, побогу. Секоја чест што имаме филм да го затвориме фестивалот, штета е што немаме наш филм и за отварање и за крајот на фестивалот. Верувам дека Исцелител ќе ги исполни очекувањата. Во врска со Синебалкан категоријата, преслаба е, можам да набројам 3-4 филмови балкански што мислев дека може да ги дадат Kratki izlet, Egzorcizam, бугарскиот Godless исто никаде го нема, лани освои купишта награди, и многу други кои што сега не ми текнува. Ете Шилегов најави дека догодина уште повеќе средства ќе се одвојат од буџетот од градот за фестивалот, да се надеваме на побогата содржина во останатите категории.
зошто да не се спореди Машиновозачот со Ослунд? Нели филм е филм, не треба да гледаме дали е нискобуџетен или високобуџетен, дали е балкански или танзаниски, туку да допре низ целиот свет подеднакво? Океј можда Квадратов е подобар филм, не викам не, ама тоа само го докажува она дека народов оди само на филмови за кои слушнал дека се добри и со 7ца на ИМДБ, што пак е своевиден позеризам.

А за Синебалкан и Официјалната селекција апсолутно се сложувам дека се слаби годинава. Има далеку подобри филмови што можеле да играат, ама колку што знам, не ги бираат филмовите на принцип, чуј го видов филмот во Солун, одличен е, дај да го донесеме на фестивалов, туку самите продуценти/режисери ги пријавуваат филмовите од овие две селекции, а после ги селектираат. Не е ко со Гала проекциите што ги молат за да ги донесат, па преговори, па глупости.

П.С: Егзорцизам вчера почна во хрватскиве кина, плус не би рекол дека е фестивалски филм.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.913
Поени од реакции
37.072
@Shawn Spencer , тезиве ти се, најблаго кажано, смешни. Филмот не е пакетче Патос чипсови кај што не знаеме кој дел од сложувалките се крие внатре, па сепак купуваме со надеж дека ќе ни се падне кец. Не може, ама буквално никој, да ме убеди дека постои човек што симнува да гледа филмови на тепка, без да знае било што за нив. Немој да ми кажеш дека ти Moonlight на пример, го гледаше зашто правеше еци пеци пец на thepiratebay и случајно тој ти се погоди. Или Sieranevada некни, зошто го гледаше? Така ти рече хороскопот? Значи не можеш да се апстрахираш од сите информации кои во денешно време ни ги нуди технологијата. Тоа и порано, кога имаше само МТВ , А1 и Сител и кога ќе слушневме на реклама дека ќе даваат филм кој бил номиниран за Оскар, рецимо, едвај го чекавме да се нацртаме пред телевизор, а не во денешно време, кога се знаеме за секој филм. И немој да ми кажеш дека ако некому нудат освојувач на Златна палма во Милениум, и непознат бугарски филм во Фросина, истовремено, би го одбрал бугарскиот. Не е во тој случај оној кој оди во Милениум позер, туку оној кој оди во Фросина е будала, барем според мене. ;)
 

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.738
Поени од реакции
27.731
Јер факинг не размислуваш подалеку од тоа дека негде во некој паралелен универзум постои филм кој што е исто така добар ко тој „популарниот“ што ради Х причини не успеал да се пробие. Тоа со оцените на ИМДБ е ван секој коментар.
Ќе изгледам 100 филма со 5-6 оценка и помалку гласови, и можеби еден од нив ќе ми биде 7ца or something.
Ова делува на паметна одлука, не знам зошто не сум ја спровел :toe:
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.913
Поени од реакции
37.072
На страна темата со позерството: ако го разбрав добро Златко Стевковски, до сега фестивалот бил финансиран првенствено од град Скопје, а годинешниот Синедејс има таква гала програма каква што има затоа што Агенцијата за филм обезбедила 4 пати повеќе средства од тие што до сега ги обезбедувал градот.
 

Corvus

Latrodectus
Член од
24 јануари 2011
Мислења
4.002
Поени од реакции
15.328
@Shawn Spencer , тезиве ти се, најблаго кажано, смешни. Филмот не е пакетче Патос чипсови кај што не знаеме кој дел од сложувалките се крие внатре, па сепак купуваме со надеж дека ќе ни се падне кец. Не може, ама буквално никој, да ме убеди дека постои човек што симнува да гледа филмови на тепка, без да знае било што за нив. Немој да ми кажеш дека ти Moonlight на пример, го гледаше зашто правеше еци пеци пец на thepiratebay и случајно тој ти се погоди. Или Sieranevada некни, зошто го гледаше? Така ти рече хороскопот? Значи не можеш да се апстрахираш од сите информации кои во денешно време ни ги нуди технологијата. Тоа и порано, кога имаше само МТВ , А1 и Сител и кога ќе слушневме на реклама дека ќе даваат филм кој бил номиниран за Оскар, рецимо, едвај го чекавме да се нацртаме пред телевизор, а не во денешно време, кога се знаеме за секој филм. И немој да ми кажеш дека ако некому нудат освојувач на Златна палма во Милениум, и непознат бугарски филм во Фросина, истовремено, би го одбрал бугарскиот. Не е во тој случај оној кој оди во Милениум позер, туку оној кој оди во Фросина е будала, барем според мене. ;)
Хаха!
Ова ме потсеќа на еден друг муабет, во една друга тема ;)
 
Член од
23 јуни 2008
Мислења
4.002
Поени од реакции
4.245
Ајде сега да се образложат лошите оценки за Мајкa, што е проблемот со филмот?
 

Corvus

Latrodectus
Член од
24 јануари 2011
Мислења
4.002
Поени од реакции
15.328
Ајде сега да се образложат лошите оценки за Мајкa, што е проблемот со филмот?
Поарно прво добрите да се образложат, зашто ние со лошите не знаеме од кај да почнеме
 
Член од
22 август 2006
Мислења
497
Поени од реакции
1.000
151038480391.jpg
Loveless (2017) Andrey Zvyagintsev​

Околу Loveless на Звајгницев,
Гледам на доста луѓе им се допаднал али мене не ми е нешто посебно ( го обожавам Звајгницев али би му дал просечна 7/10 оценка), каде каде неговите претходни филмови ми врежаа длабок впечаток и ми оставија огромно уживање, овде некако мислам дека многу ја избрзал работата, или не е ставен аспект на тоа што треба да се стави во филмот. Филмот е за нељубов, за себичност, секој си гледа своите интереси, за секс за изгубени семејни вредности за еден таков развод, иаме еден лик Аљоша детето што не знам дали го гледавме ни 10-15 минути, воопшто не му обрна внимание него ни да го претстави како што треба ни да го примам јас како гледач, а не па да се соживувам со него и да бидам во некакво исчекување, напротив, филмот ми го кажа самиот крај уште на почетокот. Доста симболи, за што немам коментар, али премногу малку внимание на ликовите, премногу празни и млитави муабети, да не речам безпотребни во текот на филмот, тоа потрагите дур и досадни ми станаа. Звајгницев не изостава да не направи критика и на руското опшество што е сосем на место. Али океј на крај заклучок ете го прикажавме ладното машинизирано руско опшество кое како така сепак се движи и пропагандата си течи, а луѓето какви такви ја имаат изгубено вербата, љубовта и духот кој може да се каже со демолирањето на собата на Аљоша тотално и го збришуваат да не постои.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom