Драга Кајгана (виртуелен дневник)

Член од
20 мај 2008
Мислења
1.099
Поени од реакции
1.079
Ха ха, душичке моја мила, ми рече дека лицето не сакаш да ми го видиш. Епа лоша вест драга, штотуку ме избраа за заштитно лице, има да ме гледаш на сите билборди у РМ :icon_mrgr:
 

Cassaro

Паразит
Член од
15 февруари 2012
Мислења
3.320
Поени од реакции
10.355
Ни Аеродром не е тоа што беше, ме разочара скроз.Сите се заљубени во Маријана, а маријана кур ја боли искрено.Што поише муштерии тоа повеќе пари, win win ситуација,а ја тежок лузер во муабетов.Татко ми е уште не е помирен дека догодина ова време најверојатно ќе ме има снемано од држава.Јебеш га, нит ја сакам нејзе нит она мене кога ќе видиш и двајцата сме у ќар.Ми се сере од луѓе што глумат паметни и секоја приказна ја почнуваат со зборот јас.Јас ова јас она јас тоа.Да ти се намочам у тоа устата фалбаџиска ебате кретенот кретенски.Биди ти јас ова јас она, ама и дај јас да ти покажам како.Е тие луѓе се мангупишта.Секој муабет ми се врти за работа и кога не сум на работа и тоа ме прави да се чувствувам дебилно.Има нова келнерка во хепи прилично симпатично девојче.80% се вика Марија јер 80% од тие што работат таму се викаат Марија.Дури има и маалски муабет дека газдата барал келнерки што се викаат Марија.Добра ноќ идам да го гледам цртанот со роботот што го даваа на телма.
 
Член од
22 јули 2010
Мислења
32.528
Поени од реакции
81.967
Вечерва, сосема случајно дознав дека побратимот, немој не ме радуј, што сакаше девојката да ја плови ко Северина и да и дава бонбончиња за на Дејвид Моралес, праел свадба.

Споменик за жената што го земала :D

 
Член од
8 јануари 2013
Мислења
5.181
Поени од реакции
13.460
Не се отварам нешто вака често, ама некогаш ете има потреба да пишеш нешто да споделиш некаде, а бидејќи на фб имам многу пријатели кои не се чувстувам дека има потреба да прочитаат нешто што мене ми значи, а темава е и “виртуелен дневник“, како и дома дневник да водиш нели, па си реков да пишам тука.

Пред точно 6 лета јас имав голема желба за куче, а воедно и потреба, бидејќи мало дете бев и не излегував многу, со што и немав и некаква дружба со деца, единствено тоа во школо, но и таму не беше сјајно, но тоа беше се. Ја убедував мајка ми да земеме некое куче, немаше некој дефиниран став, “ќе видиме“ и така тие муабети. Тогаш си се договорив “тајно“ со едно девојче чија кучка се породи па си реков ќе си земам. Еден ден без мајка ми да знае си донесов едно мало куче, повеќе што наликува на глушец, цело такво бело, го избањав дека беше многу валкано. Е сега, и ја врска немав можеби не сум требало да го бањам толку мало, може си викало леле ќе ме удави овој, ама јас го избањав и го завиткав во крпа. Заедно чекавме да пристигне мајка ми од работа. Кога слушнав дека лифтот застнаува на нашиот кат (музика тука се исклучено, јбг не знаеш како ќе реагира, стрес ти е), јас веднаш застанав во ходник, кучето(како не било куче тоа, топчето) го ставив завиткано така на земја и мајка ми влегува. Кога влегува има што да види, слика да не знаеш што да правиш. Лора (да, Лора се викаше) помала од патиките, кои стоеа оставени во ходинкот, тогаш само јас оставав патики во ходник нормално, значи моите биле, а мал бев уште не ми беше порасната ногата, значи 37 број, Лора дупло помала од нив, внатре во патика да ја ставиш ќе се изгужва. И мама толку и требаше за и она да прифати дека имаме нов миленик, земавме ја исушивме и брзо ни го освои срцето.

И Лора беше повеќе од куче, сонце мало, многу беше мила. Сите деца што не сакаа кучиња или не беа љубители некакви, сите ја засакаа и сите уживаа да трчаат заедно со Лора. Искрено да ви кажам, многу ми беше брза, ко болид да гледам кога ќе трчаше, ветер. Дома уште поинтересно ми беше, никогаш не дозволи мене нешто да ми фали. Памтам никој не ме викаше да играм фудбал, ама Лора иако беше женско си играше со мене фудбал низ дома со едно тениско топче, јас ќе ја дриблам она ќе ме брка, интересно ни беше. Да не зборам што кога не сакав сам да учам или да гледам на тв нешто , секогаш си ја земав и си седеше мирна, некогаш ќе заспиеше некогаш само ќе набљудуваше, ама секогаш беше тука останува, не бегаше. Секогаш беше тука за мене, секој ќе те разочара напушти повреди, Лора не. Лора ќе те чува. И ми беше убаво си ја гушкав цело време како човек што гушкаш. Кога ја шетав гледам сите луѓе нормално шетаат кучиња никаде не сретнав да гушка некој, ама тоа за нас не важеше, ја си ја изнагушкував баш како мало дете што гушкаш околу рамења. Кога се бањаше дека цела мокра и кога ќе ја земеш во раце, така те гушка, ти се беси околу врат, не знам така тие глетки многу ми беа мили на срцето. Никогаш нема да заборавам кога после одмор (истото лето после 2 месеци откога ја земавме) моравме на одмор да одиме 10 дена, дадовме клуч секој ден храна да има да се погали се тоа да се види што прави, хигиена, ама нормално не беше тоа тоа. Јас нешто таму барав куче пасош да се вадело со нас да дојде, нешто филм правев, но реално сега дете седмо оделение што можеш и така моравме да ја оставиме Лора сама 10 дена без нас. Кога се вративме сликите уште до ден денес ми доаѓаат пред спиење, Лора скока во висина повисоко од мене не може да се смири, да ни се изнарадува, ејјј трча во круг скока околу нас, особено околу мене, не можеме да ја фатиме да ја гушнеме. 15 минути ни требаше да ја фатиме да ја гушнеме, цела возбудена срценцето ќе и излезеше. Многу ни беше убаво, многу!

Но, убавите нешта кратко трајат. Еден ден требаше да одиме на Матка заедно со еден наш пранешен комшија, постар човек, шета многу вака по излетнички места природа, па еден ден и ние со него и секако и Лора со нас, каде без неа. Чекајќи го, мама рече да ја пуштам Лора да се истрча, јас никогаш не ја пуштав во близина на улицата да се истрча колку и да има зеленило, ама ете да попуштам и јас еднаш. Тоа што се случи следно ме чинело многу непреспани ноќи, многу солзи. Лора истрча како молња, ви спомнав дека е многу брза нели, истрча директно на улица од каде што точно во тој проклет момент поминуваше 57ца оние од старине што се. После ми рекоа дека да било коло, ќе се спасела , кучињата силни биле, што ми вредеше тоа Лора ја немаше повеќе. Не можев да гледам ништо пред себе више, комшијата го собра кучето да не лежи на улица да не го гледаат луѓе, не знам каде го закопа сеедно. Пред да бидам свесен што се случува, се свртев да видам каде е Лора, Лора беше во вратот... ме виде само со последни сили со очињата, не беше тажно точно, во тој момент не можеш да почувствуваш више тага, не знаеш каде уште не си свесен, тоа беше последен пат јас да ја видам Лора. На Матка отидовме, роденден ми беше за неколку дена, ми даде уште тогаш поклон дека ме немал видено долго време, поклонот немав сила да го земам, ми падна раката од книгата, а ќе речеш книга е не е тешка. Тотално бев скршен, не знаев што со себе. Роденденот ми дојде, јас посакав да се врати, си замислував дека некако преживеала и сега ќе дојде повредена или некој ја нашол ја излечил и сега ќе ми дојде на врата со неа, ама не. За жал ниеден роденден мој не успеав да дочекам да го прославиме заедно со Лора.

И така летнаа 6 години, остана да живееш со мислата дека си загубил вистински пријател и еве со тагата секогаш кога ќе се сетиш на неа. Јас останав тагата да ја претворам некако во мотивација, кога вежбав да си викав ајде за Лора, кога учев си викав ајде за Лора, и така ама залудно, на крај времето помогна да се подизлечат раните и ете да не се мисли на тоа. Ама само се подизлечија, не се излечија. Често кога сум надвор си гледам ѕвезда и си замислувам дека си ти таа и дека ме гледаш од горе. Овие ноќи не можев да заспијам пред 8 сабајле, ми доаѓаше во мислите, се сеќавав на тебе, само на убави работи не се грижи. Знам прочитав пред едно време, дека човек умира два пати , еднаш кога ќе умре физички, другпат кога ќе го заборават. Ти си човек ипол, не те заборавма никогаш, овој пост нека е посветен на тебе. Еден ден се надевам дека ќе те гушнам пак како некогаш, сега за сега чувај ме ти од горе.

Се извинувам поради должината на постот.
 

nilla-vanilla

#kingliam
Член од
17 јуни 2010
Мислења
2.041
Поени од реакции
1.748
Интересно е тоа што луѓето што секој божји ден замараат по социјалниве мрежи со слики од теретани, здрави оброци, ,,во здраво тело здрав дух" ,,no pain no gain" ,,herbalife is my life" и слични срања се каде каде подебели и позапуштени од луѓето што стварно си вежбаат и се одлучни да ослабнат и да го дефинираат телото, а не замараат по мреживе. Овие вториве си ја тераат работата и не замараат. И после следуваат коментари од типот ,,wow, како успеа да направиш вакво тело?". Затоа што ако не ставиш на фејсбук и инстаграм дека вежбаш и се храниш здраво исто како воопшто да не го правиш тоа.
И до кога некои припаднички од понежниот пол планираат да ги носат тие одвратните штикли-патики?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom