Ги изгледав и јас последниве две, супер е сезонава, не сакам да правам споредби со BB оти е рано сеуште, ама шмекот и го има, квалитетот и го има, приказната исто почнува споро и после си се развиваат работите феноменално.
Е сега, според Чак (а и реално е до некаде), Џими е крив за неговата најголема професионална срамота што ја преживеал некогаш и поради тоа ќе направи се за да докаже дека он е „валкан“ адвокат, кој не заслужува да биде член на адвокатската комора. Џими, колку и да беше изнервиран од постапката на Чак во врска со Меса Верде, сепак се гледа дека многу го почитува и го сака, нешто што не би можело да се каже за Чак, како што рековте погоре, почетната сцена со мајка им најверојатно сакаше да го покаже тоа.
Има логика и во постапкиве на Чак, ставете се во негова позиција, цел живот да правиш се како што треба, да бидеш послушен, мирен, да бидеш главен на една огромна адвокатска фирма, а сите околу тебе да го сакаат повеќе твојот помал брат кој никогаш нема направено ништо како што треба да биде според социјалните стандарди.
Ама мислам дека Џими ќе се извади на болеста на Чак, само тоа му е спасот, или можеби со овој сниман разговор почнува трансферот на Џими Мекгил во Сол Гудман.